Electrolux ESI4200LOX Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare
ESI4200LOX
MK Машина за миење садови Упатство за ракување 2
RO Maşină de spălat vase Manual de utilizare 23
SR Машина за прање посуђа Упутство за употребу 42
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 6
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА.........................................................................................7
5. ПРОГРАМИ........................................................................................................8
6. ПОСТАВКИ........................................................................................................ 9
7. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА............................................................................ 10
8. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА...........................................................................12
9. ПОМОШ И СОВЕТИ........................................................................................13
10. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................15
11. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.......................................................................17
12. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ......................................................................... 21
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што го избравте овој апарат на Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добредојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com/webselfservice
Го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не сноси одговорност за направена
повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги
упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Апаратот може да го користат деца од 8 годишна
возраст и нагоре и лица со попреченост во
развојот ако им се дадени упатства и/или им е
даден надзор за да можат да го користат апаратот
со сигурност и да ги разберат потенцијално
вклучените ризици.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинство
и за други слични примени, како на пр.:
фарми; кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместување на база спиење со појадок и друг
вид на сместувачки објекти.
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
МАКЕДОНСКИ 3
Водениот притисок кој што е во употреба
(минимален и максимален) мора да биде помеѓу
0.5 (0.05) / 8 (0.8) bar (Mpa)
Исполнете го максималниот број на 9 поставки за
маса.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Ставете ги ножевите и приборот со остри врвови
во корпата за приборот за јадење со врвовите
надолу или во хоризонтална положба.
Не ја чувајте вратата на апаратот отворена без
надзор за да спречите да не паднете врз неа.
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови комплети црева.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина
каде температурата е под 0°C.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Проверете дали апаратот е
монтиран под или во близина на
безбедна структура.
2.2 Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
www.electrolux.com4
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
Само за Обединетото Кралство и
Ирска. Апаратот има приклучок за
струја со јачина од 13 ампери. Ако е
потребно да го замените
осигурувачот во главниот штекер,
користете осигурувач: 13 amp ASTA
(BS 1362).
2.3 Поврзување на водата
Не ги оштетувајте цревата за вода.
Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
Доводното црево е со безбедносен
вентил и обвивка со внатрешен
кабел за струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасен напон.
Доводното црево има надворешена
транспарентна обвивка. Ако
цревото е оштетено, водата во
цревото потемнува.
Доколку доводното црево е
оштетено, веднаш извадете го
приклучникот од штекерот за струја.
Јавете се во овластениот Сервис
за да го заменат доводното црево.
2.4 Употреба
Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
Детергентите за машината за
миење садови се опасни. Следете
ги безбедносните упатства дадени
на пакувањето на детергентот.
Немојте да ја пиете или да си
играте со водата од апаратот.
Не вадете ги садовите од апаратот
додека не заврши програмата за
миење садови. Може да има
детергент на садовите.
Апаратот може да ослободи жешка
пареа доколку ја отворите вратата
додека функционира некоја
програма.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
2.5 Сервисирање
Контактирајте со овластениот
Сервис за поправка на апаратот. Ви
препорачуваме да користите само
оригинални делови.
Кога ќе се јавите во овластениот
Сервис, погрижете се да ги имате
со Вас информациите што се
МАКЕДОНСКИ 5
наведени на плочката со
спецификации.
Модел :
Број на производот (PNC) :
Сериски број :
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
4
3
7
9
8
10
56
11
1
2
1
Горна прскалка
2
Долна прскалка
3
Филтри
4
Плочка со спецификации
5
Сад за сол
6
Отвор за воздух
7
Дозер за средство за плакнење
8
Дозер за детергент
9
Корпа за прибор за јадење
10
Долна корпа
11
Горна корпа
www.electrolux.com6
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
1 2
4
56
3
1
Показно светло за вклучување/
исклучување
2
Ознака за програмите
3
Показни светла
4
Копче за одложување
5
Копче за старт
6
Копче за програми
4.1 Показни светла
Показно
светло
Опис
Фаза на миење. Се пали кога е во тек фазата на миење.
Фаза на сушење. Се пали кога е во тек фазата на сушење.
Показно светло за крај.
Показно светло за средство за плакнење. Секогаш е исклучено
додека работи програмата.
Показно светло за сол. Секогаш е исклучено додека работи
програмата.
МАКЕДОНСКИ 7
5. ПРОГРАМИ
Програмa Степен на
извалканост
Вид на
полнење
Фази на
програма
Потрошувачки вредности
1)
Времетр
аење
(мин)
Енергија
(kWh)
Вода
(л)
2)
Нормално
валкани
Садови и
прибор за
јадење
Предперење
Миење 50
°C
Плакнења
Сушење
225 0.878 9.5
Многу
валкани
Садови,
прибор за
јадење,
тенџериња и
тави
Предперење
Миење 70
°C
Плакнења
Сушење
130 - 150 1.0 - 1.2 11 - 13
Нормално
валкани
Садови и
прибор за
јадење
Предперење
Миење 65
°C
Плакнења
Сушење
100 - 110 1.2 - 1.6 15 - 16
3)
Свежо
валкани
Садови и
прибор за
јадење
Миење 60
°C или 65 °C
Плакнења
30 0.8 8
4)
Сите Предперење 14 0.1 4
1)
Притисокот и температурата на водата, варијациите на електричното напојување,
опциите и количеството садови може да ги променат вредностите.
2)
Со оваа програма добивате најефикасна потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор за јадење. (Ова е стандардна програма за
тестирање).
3)
Со оваа програма можете да миете свежо валкани садови. Дава добри резултати
на миењето за кратко време.
4)
Користете ја оваа програма за брзо плакнење на садовите за да го спречете
налепувањето храна на нив и излегувањето лоша миризба од апаратот. Не користете
детергент за оваа програма.
5.1 Информации за институти
за тестирање
За сите неопходни информации за
тестирањата, испратете е-пошта на:
Запишете го бројот на производот
(PNC) што се наоѓа на плочката со
спецификации.
www.electrolux.com8
6. ПОСТАВКИ
6.1 Режим за одбирање на
програма и режим на
корисник
Кога апаратот е во режим на
одбирање на програма можно е да
одберете програма и да влезете во
режим на корисник.
Во режим на корисник, следните
поставки може да се сменат:
Нивото на омекнувач на вода
според тврдоста на водата.
Овие поставки ќе бидат зачувани се
додека не ги промените повторно.
Како да се постави режимот
за одбирање програма
Апаратот е во режим за одбирање на
програма кога показното светло за
вклучување/исклучување и показното
светло за стартување почнуваат да
трепкаат.
Кога ќе го вклучите апаратот, тој
обично е во режим на одбирање
програма. Сепак, ако ова не се случи,
можете да го поставите режимот за
одбирање програма на следниот
начин:
Притиснете ги и задржете ги
истовремено Start и Delay додека
апаратот не дојде во режим за
одбирање програма.
6.2 Омекнувач за вода
Омекнувачот за вода ги вади
минералите од доводот на вода, што
има штетен ефект врз резултатите на
миењето и врз апаратот.
Колку е поголема содржината на
минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се
мери со еквивалентни скали.
Омекнувачот треба да се регулира
според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално
водостопанство може да ви каже
колкава е тврдоста на водата во
вашето подрачје. Важно е да го
поставите вистинското ниво на
омекнувач за вода за да добиете
добри резултати при миењето.
Тврдост на вода
Германски
степени (°dH)
Француски
степени (°fH)
mmol/l Кларкови
степени
Ниво на
омекнувач на
вода
47 - 50 84 - 90 8.4 - 9.0 58 - 63 10
43 - 46 76 - 83 7.6 - 8.3 53 - 57 9
37 - 42 65 - 75 6.5 - 7.5 46 - 52 8
29 - 36 51 - 64 5.1 - 6.4 36 - 45 7
23 - 28 40 - 50 4.0 - 5.0 28 - 35 6
19 - 22 33 - 39 3.3 - 3.9 23 - 27
5
1)
15 - 18 26 - 32 2.6 - 3.2 18 - 22 4
11 - 14 19 - 25 1.9 - 2.5 13 - 17 3
4 - 10 7 - 18 0.7 - 1.8 5 - 12 2
МАКЕДОНСКИ 9
Германски
степени (°dH)
Француски
степени (°fH)
mmol/l Кларкови
степени
Ниво на
омекнувач на
вода
<4 <7 <0.7 < 5
1
2)
1)
Фабричка поставка.
2)
Не користете сол на ова ниво.
Ако користите стандарден
детергент или мулти-таблети (со
или без сол), поставете го
соодветното ниво на тврдост на
водата и оставете го активно
показното светло за повторно
полнење сол.
Мулти-таблетите кои
содржат сол не се доволно
ефективни за омекнување
на тврдоста на водата.
Како да го поставите
омекнувачот на вода
Апаратот мора да биде во режимот за
одбирање на програма.
1. Проверете дали ознаката за
програмите на копчето е
изедначена со показното светло за
вклучено/исклучено.
2. За да влезете во режим на
корисник, притиснете и задржете
Delay. Во исто време вртете го
копчето налево додека ознаката за
програмите не се изедначи со
првата програма. Отпуштете го
Delay кога показните светло Start
и показното светло за вклучување/
исклучување ќе почнат да
трепкаат.
3. Притиснете го Delay.
Показното светло почнува
да трепка.
Показните светла Start и
показното светло за
вклучување/исклучување
продолжува да трепка.
Испрекинатото трепкање на
се однесува на моментално
поставеното ниво, на пр. 5
трепкања + пауза + 5 трепкања
= ниво 5.
4. Притиснете го Delay повеќе пати
за да ја смените поставката. Со
секое притискање на Delay, бројот
на нивото се зголемува. После
ниво 10 одново започнувате од
ниво 1.
5. Свртете го копчето на позиција
вклучено/исклучено за да се
потврди поставката.
7. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали поставеното
ниво на омекнувачот на водата е
соодветно за тврдоста на
водата во вашата област. Ако
не, подесете го нивото на
омекнувачот за вода.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средство
за плакнење.
4. Отворете ја славината за вода.
5. Стартувајте програма за да ги
извадите сите преработени
остатоци кои можат да бидат во
внатрешноста на апаратот. Не
користете детергент и не полнете
ги корпите.
Кога е ја стартувате програмата, на
апаратот му требаат 5 минути за да ги
промени јоните во омекнувачот за
вода. Изгледа дека апаратот не
работи. Фазата на миење започнува
кога оваа процедура ќе заврши.
Процедурата ќе биде повторена
периодично.
www.electrolux.com10
7.1 Сад за сол
ВНИМАНИЕ!
Користете само сол којшто
е специјално наменет за
машини за миење садови.
Солта се користи за промена на јоните
во омекнувачот за вода за да се
осигураат добри резултати при
перењето во секојдневната употреба.
Како да го наполните садот за
сол
1. Свртете го капачето на садот за
сол налево и извадете го.
2. Ставете 1 литар вода во садот за
сол (само првиот пат).
3. Наполнете го садот за сол со сол
за машини за миење садови.
4. Отстранете ја солта околу отворот
на садот за сол.
5. Завртете го капачето од садот за
сол надесно за да го затворите
садот за сол.
ВНИМАНИЕ!
Вода и сол може да
излезат од садот за сол
кога го полните. Откако сте
го наполниле садот со сол,
веднаш започенете ја
програмата за да спречите
корозија.
7.2 Како да го вклучите
дозерот за средство за
плакнење
A
B
D
C
M
A
X
1
2
3
4
+
-
A
B
D
C
ВНИМАНИЕ!
Користете само специјално
средство за плакнење за
машини за миење садови.
1. Притиснете го копчето за
отклучување (D) за да го отворите
капакот (C) .
2. Ставете го средството за
плакнење во дозерот (A) се додека
течноста не го достигне нивото
„максимум“.
3. Отстранете го истуреното
средство за плакнење со впивлива
крпа за да спречите преголемо
пенење.
4. Затворете го капакот. Внимавајте
копчето за отпуштање да се
заглави на место.
МАКЕДОНСКИ 11
Можете да го свртите
изборникот на истечената
количина (B) помеѓу
позиција 1 (најмала
количина) и позиција 4 или
6 (најголема количина).
8. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
1. Отворете ја славината за вода.
2. Вртете го копчето сѐ додека
oзнаката за програми не се
изедначи со програмата што
сакате да ја поставите. Поставете
ја правилната програма според
видот и степенот на извалканост.
Ако е вклучено показното
светло за сол, наполнете го
садот за сол.
Ако е вклучено показното
светло за средството за
плакнење, наполнете го
дозерот за средство за
плакнење.
3. Наполнете ги корпите.
4. Додајте детергент.
5. Започнете ја програмата.
8.1 Користење детергент
30
20
A BD
C
20
30
B
A D
C
1. Притиснете го копчето за
отклучување (B) за да го отворите
капакот (C) .
2. Ставете детергнет, во прашина
или таблети, во преградата (A).
3. Доколку програмата за миење има
и фаза за предперење, ставете
мала количина детергент во
преградата (D).
4. Затворете го капакот. Внимавајте
копчето за отпуштање да се
заглави на место.
8.2 Употреба на мулти-
таблети
Кога користите таблети што содржат
сол и средство за плакнење, не
полнете ги садот за сол и дозерот за
средство за плакнење.
1. Прилагодете го омекнувачот на
вода на најниското ниво.
2. Поставете го дозерот за средство
за плакнење на најниската
положба.
www.electrolux.com12
8.3 Подесување и стартување
на програма
Стартување програма
1. Отворете ја славината за вода.
2. Затворете ја вратата на апаратот.
3. Вртете го копчето сѐ додека
oзнаката за програми не се
изедначи со програмата што
сакате да ја поставите.
Показното светло за
вклучување/исклучување се
пали.
Показното светло за почеток
започнува да трепка.
4. Притиснете го Start.
Програмата започнува, а
останува вклучено само
показното светло за фазата на
перење што е во тек.
Показното светло за
вклучување/исклучување и
показното светло за почеток се
вклучени.
Вклучување програма со
одложен почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притиснете го Delay за одложен
почеток на програмата од 3 часа.
Се пали показателот за одложен
почеток.
3. Притиснете го Start.
Показателот за стартување се пали.
Кога ќе заврши одбројувањето,
почнува програмата.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на енергија
и времетраењето на програмата. Кога
ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
1. Притиснете ги и задржете ги Start
и Delay додека показното светло
за почеток не почне да трепка.
2. Притиснете Start за да ја вклучите
програмата.
Откажување на програма
Притиснете ги и задржете ги Start и
Delay додека показното светло за
почеток не почне да трепка.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да вклучите
нова програма.
Крај на програмата
Кога ќе заврши програмата, се пали
показателот
. Ако не го исклучите
апаратот за 5 минути сите показани
светла се исклучуваат. Тоа помага да
се намали потрошувачката на
енергија.
1. За да го исклучите апаратот,
вртете го програматорот додека
ознаката за програмите не се
порамни со показното светло за
вклучување/исклучување.
2. Затворете ја славината за вода.
9. ПОМОШ И СОВЕТИ
9.1 Општо
Следните совети овозможуваат
оптимални резулатите при чистењето
и сушењето во секојдневната
употреба и исто така помагаат при
заштита на околината.
Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Немојте да ги плакнете садовите
рачно. Кога е потребно, користете
ја програмата за предперење (ако е
МАКЕДОНСКИ 13
достапна) или одберете програма
со фаза за предперење.
Секогаш користете го целиот
простор од корпите.
Кога го полните апаратот,
внимавајте млазот вода којшто е
отпуштен од прскалките да биде
целосно пуштен врз садовите и тие
да бидат целосно измиени.
Внимавајте предметите да не се
допираат или да не се покриваат
едни со други.
Можете да користите детергент за
машина за миење садови, средство
за плакнење и сол посебно или
можете да користите мулти -
таблети ( на пр. „3 во 1“ „4 во 1“, „Се
во 1“). Постапувајте според
податоците на амбалажата.
Одберете ја програмата според
видот и степенот на извалканост на
садовите. Со програмата ECO
добивате најефикасна
потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор
за јадење.
9.2 Употреба на сол,
средство за плакнење и
детергент
Користете само сол, средство за
плакнење и детергент за машини за
миење садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
Сепак, во области каде има тврда и
многу тврда вода, препорачуваме
засебно да се користат само
детергент (во прав, гел, таблети со
дополнителни функции), средство
за плакнење и сол за оптимално
чистење и сушење.
Барем еднаш месечно пуштете го
апаратот да работи со употреба на
чистач за апаати кој е специјално
намене за таа цел.
Таблетите со детергент не се
раствораат целосно со кратките
програми. За да спречите појава на
талог на садовите, ви
препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
пакувањето на детергентот.
9.3 Што да направите ако
сакате да престанете да
користите мулти-таблети
Пред да започнете засебно да
користите детергент, сол и средство
за плакнење направете ја следната
процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и
дозерот за средство за плакнење
се полни.
3. Стартувајте ја најкратката
програма со фазата за плакнење.
Не додавајте детергент и не
полнете ги корпите.
4. Кога ќе заврши програмата,
нагодете го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во
Вашата област.
5. Приспособете го испуштеното
количество средство за плакнење.
9.4 Полнење на корпите
Користете го апаратот за да миете
садови кои се сигурни за машина за
миење на садови.
Не ставајте во апаратот предмети
кои се направени од дрво, габрово
дрво, алуминиум, калај и бакар.
Не ставајте во апаратот предмети
што впиваат вода (сунѓери,
домашни алишта).
Фрлете ги поголемите остатоци
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Омекнете ја преостанатата
загорена храна на предметите.
Ставете ги шупливите предмети
(шолји, чаши и тави) со отворот
надолу.
Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
Ставете го кујнскиот прибор и
помалите предмети во корпата за
приборот за јадење.
Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Погрижете се
предметите да не се движат.
www.electrolux.com14
Проверете дали прскалките може
да се движат слободно пред да
почнете програма за миење.
9.5 Пред започнување
програма
Погрижете се:
Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
Капакот на садот за сол да е цврсто
затворен.
Прскалките да не се затнати.
Да има сол за машини за миење
садови и средство за плакнење
(освен ако не користите мулти
таблети).
Предметите да се правилно
поставени во корпите.
Програмата којашто ја користите да
важи за видот на садовите и за
степенот на извалканост.
Да се користи правилна количина
на детергент.
9.6 Празнење на корпите
1. Оставете ги садовите да се
изладат пред да ги вадите од
апаратот. Жешките садови лесно
се оштетуваат.
2. Првин испразнете ја долната
корпа, а потоа горната.
На крајот од програмата на
рабовите или на вратата
од апаратот може да има
вода.
10. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред одржување,
исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за
струја од приклучницата.
Валканите филтри и
затнатите прскалки може
да ги намалат резултатите
од миењето. Правете
редовни проверки и,
доколку е потребно,
исчистете ги.
10.1 Чистење на филтрите
Системот за филтри е направен од 3
дела.
C
B
A
1. Свртете го филтерот (B) налево и
извадете го.
МАКЕДОНСКИ 15
2. Извадете го филтерот (C) од
филтерот (B).
3. Извадете го рамниот филтер (A).
4. Исчистете ги филтрите.
5. Внимавајте да нема остатоци од
храна или дамки во или околу
краевите на коритото.
6. Вратете го на своето место
рамниот филтер (A). Осигурете се
дека е правилно поставен под 2
водилки.
7. Повторно сколопете ги филтрите
(B) и (C).
8. Вратете го филтерот (B) во
рамниот филтер (A). Вртете го
надесно се додека не се затвори.
ВНИМАНИЕ!
Неправилната положба на
филтрите може да
предизвика лоши
резултати при миењето и
може да го оштети
апаратот.
10.2 Чистење на прскалките
Не вадете ги прскалките. Ако дупките
на прскалките се затнат, исчистете ја
нечистотијата со тенок шилест
предмет.
10.3 Надворешно чистење
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа.
Користете само неутрални
детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи.
www.electrolux.com16
10.4 Чистење на
внатрешноста
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
Ако редовно користите кратки
програми, тие можат да остават
остатоци од маснотии и бигор во
внатрешноста на апаратот. За да го
спречите тоа, ви препорачуваме да
користите долги програми барем 2
пати месечно.
За да овозможите најдобра работа
на Вашиот апарат, Ви
препорачуваме да користите
посебен препарат за чистење на
машини за садови еднаш месечно.
Следете ги внимателно упатствата
на амбалажата на производот.
11. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Ако апаратот не се вклучува или
запира за време на работа, пред да го
контактирате овластениот сервис,
проверете дали можете да го решите
проблемот сами, со помош на
информациите дадени во табелата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Поправки кои не се
правилно направени може
да имаат сериозни
последици по безбедноста
на корисникот. Секоја
поправка мора да биде
направена од
квалификуван кадар.
Кај некои проблеми показното светло
за крај трепка испрекинато за да укаже
на дефект.
Поголемиот број проблеми кои
може да се појават може да се
решат без да има потреба од
контакт со Овластениот сервисен
центар.
Проблем и шифра за аларм Можни причини и решение
Не можете да го вклучите
апаратот.
Проверете дали приклучокот за струја е
вклучен во штекерот.
Проверете дали има оштетен осигурувач
во таблата со осигурувачи.
Програмата не почнува да
работи.
Проверете дали вратата на апаратот е
затворена.
Притиснете Start.
Доколку е поставен одложен почеток,
откажете ја поставката или почекајте да
заврши одбројувањето.
Апаратот ја започна процедурата за
промена на јони во омекнувачот на вода.
Времетраењето на процедурата е околу
5 минути.
МАКЕДОНСКИ 17
Проблем и шифра за аларм Можни причини и решение
Машината не се полни со вода.
Показното светло за крај на
програмата трепка еднаш со
прекин.
Показното светло Start трепка
постојано.
Проверете дали е отворена славината за
вода.
Проверете дали е многу низок
притисокот во доводот за вода. За овие
информации, јавете се во локалното
водостопанство.
Проверете дали е затната славината за
вода.
Внимавајте филтерот во доводното
црево да не е затнат.
Проверете дали доводното црево е
засукано или свиткано.
Апаратот не испушта вода.
Показното светло за крај на
програмата трепка двапати со
прекини.
Показното светло Start трепка
постојано.
Проверете дали е затната одводната
славина.
Проверете да не е засукано или свиткано
одводното црево.
Вклучен е уредот против
поплавување.
Показното светло за крај на
програмата трепка трипати со
прекини.
Показното светло Start трепка
постојано.
Затворете ја славината за вода и стапете
во контакт со Овластениот сервисен
центар.
Апаратот запира и почнува да
работи повеќе пати за време на
работењето.
Тоа е нормално. Тоа обезбедува
оптимални резултати при чистењето и ја
заштедува енергијата.
Програмата трае многу долго. Доколку е поставен одложен почеток,
откажете ја поставката или почекајте да
заврши одбројувањето.
Има мало протекување кај
вратата на апаратот.
Апаратот не е нивелиран. Олабавете ги
или зацврстете ги прилагодливите
ногалки (ако е применливо).
Вратата на апаратот не е центрирана на
коритото. Регулирајте ги задните ногарки
(ако е применливо).
Вратата на апаратот тешко се
затвора.
Апаратот не е нивелиран. Олабавете ги
или зацврстете ги прилагодливите
ногалки (ако е применливо).
Делови од кујнскиот прибор излегуваат
од корпите.
www.electrolux.com18
Проблем и шифра за аларм Можни причини и решение
Ѕвечкави/удирачки звуци се
слушаат во внатрешноста на
апаратот.
Кујнскиот прибор не е соодветно
поставен во корпите. Видете во
брошурата за полнење на корпата.
Проверете дали прскалките може да се
движат слободно.
Апаратот предизвикува пад на
ФИД склопката.
Јачината на електрична енергија не е
доволна за да биде истовремено
доставена до сите апарати кои работат.
Проверете ја јачината на штекерот и
капацитетот на бројачот или исклучете
еден од апаратите кои работат.
Внатрешна грешка во електриката на
апаратот. Контактирајте со овластен
сервисен центар.
Видете во „Пред првата
употреба“, „Секојдневна
употреба“, или „Помош и
совети“ за други можни
причини.
Откако сте го провериле апаратот,
притиснете на Start. Ако повторно се
појави проблемот, стапете во контакт
со Овластениот сервисен центар.
За шифрите за аларм кои не се
опишани во табелата, стапете во
контакт со Овластениот сервисен
центар.
11.1 Резултатите од миењето и сушењето не се
задоволителни
Проблем Можни причини и решение
Слаби резултати при
миењето.
Видете во „Секојдневна употреба“, „Помош и
совети“ и брошурата за полнење на корпата.
Користете поинтензивни програми за миење.
Блика вода од прскалките и филтерот. Видете
го поглавјето „Нега и чистење“.
Лоши резултати при
сушењето.
Сервисот за јадење бил оставен многу долго
внатре во затворениот апарат.
Нема средство за плакнење или дозата на
средството за плакнење не е доволна.
Поставете го дозерот за средство за плакнење
на повисока позиција.
Пластичните предмети можеби треба да се
избришат со крпа.
Ви препорачуваме да користите средство за
плакнење, дури и во комбинација со мулти-
таблети.
МАКЕДОНСКИ 19
Проблем Можни причини и решение
Има белузлави траги или
синкасти слоеви на чашите
и садовите.
Испуштената количина на средството за
плакнење е преголема. Регулирајте го нивото
на дозерот за средство за плакнење на пониска
позиција.
Количината на детергент е преголема.
Дамки и суви капки од
вода на чашите и
садовите.
Испуштената количина на средството за
плакнење не е доволна. Регулирајте го нивото
на дозерот за средство за плакнење на
повисока позиција.
Количината на средството за плакнење може да
е причина.
Садовите се влажни. Програмата нема фаза на сушење или има
фаза на сушење со ниска температура.
Дозерот за средство за плакнење е празен.
Количината на средството за плакнење може да
е причина.
Количината на мулти-таблети може да е
причина. Пробајте друга марка или активирајте
го дозерот за средство за плакнење и
средството за плакнење заедно со мулти-
таблети.
Внатрешноста на апаратот
е влажна.
Ова не значи дека апаратот е расипан. тоа е
предизвикано од влажноста во воздухот којшто
се кондезира на ѕидовите.
Невобичаена количина на
пена за време на миењето.
Користете само детергенти за машина за
миење садови.
Дозерот за средство за плакнење пропушта
вода. Контактирајте со овластен сервисен
центар.
Траги од 'рѓа на кујнскиот
прибор.
Има многу сол во водата која се користи за
време на миењето. Видете во „Омекнувач на
вода“.
Сребрен кујнски прибор бил ставен заедно со
приборот од не'рѓосувачки челик. Избегнувајте
да ставате предмети од сребро и не'рѓосувачки
челик заедно.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64

Electrolux ESI4200LOX Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare