1.2 Безбедност на деца и ранливи лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку
тоа го прават под надзор или им биле дадени упатства
како безбедно да го употребуваат апаратот и ги
разбираат опасностите поврзани со него.
• Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на деца.
• Чувајте ги децата и домашните миленичиња настрана
од вратата на апаратот кога е отворена.
• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина каде
температурата е под 0°C.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
2.2 Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен
удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓа, контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на апаратот
треба да се замени, тоа мора да го
направи Вашиот овластен Сервис.
• Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја
е пристапен по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
• Само за Велика Британија и Ирска.
Апаратот има штекер за струја со
јачина на струја од 13 ампери. Ако е
потребно да го смените осигурувачот
во штекерот за струја, користете
осигурувач од 13 ампери ASTA (BS
1362).
2.3 Поврзување на водата
• Потрудете се да не ги оштетите
цревата за вода.
• Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или цевки што не биле
користени подолго време, оставете
водата да тече додека не започне да
тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите апаратот,
проверете дали од некаде протекува.
• Доводното црево е со безбедносен
вентил и обвивка со внатрешен кабел
за струја.
www.electrolux.com18