Electrolux ERN29801 Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare
ERN29801
................................................ .............................................
MK ФРИЖИДЕР СО
ЗАМРЗНУВАЧ
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
RO FRIGIDER CU CONGELATOR MANUAL DE UTILIZARE 26
SR ФРИЖИДЕР-ЗАМРЗИВАЧ УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 49
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. КОНТРОЛНА ТАБЛА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
3. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
4. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
5. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
6. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
7. МОНТАЖА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16
8. ШУМОВИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
9. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24
10. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте Electrolux апарат. Одбравте производ со долгогодишно професионално
искуство и иновативност. Револуционерен и стилски, мислевме на Вас кога го дизајниравме. Со секое
користење, бидете сигурни дека секогаш ќе имате супер резултати.
Добродојовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за
сервисирање:
www.electrolux.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.electrolux.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.electrolux.com
1.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
За ваша безбедност и за да се обезбеди
правилна употреба, пред да го наместите и
да го користите апаратот првпат, прочитајте
го упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се избегнат
непотребни грешки и незгоди, важно е сите
што го користат апаратот да се темелно
запознаени со начинот на работата и
безбедносните функции. Чувајте го
упатството и погрижете се да биде со
апаратот ако се премести или продаде, за да
може секој што го користи во работниот век
да биде правилно информиран за употребата
на апаратот и за безбедноста.
За безбедност на животот и имотот чувајте ги
опомените за претпазливост од ова упатство
бидејќи производителот не е одговорен за
штетите предизвикани од нивното
непочитување.
1.1 Безбедност на децата и
помалку вештите лица
Апаратот не е наменет да го користат лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или
што немаат искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или се упатени за
користење на апаратот од страна на лице
што е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си
играат со апаратот.
Чувајте ги сите материјали за пакување
далеку од децата. Постои опасност од
задушување.
Ако го расходувате апаратот, извлечете го
кабелот за струја од штекерот, исечете го
(што е можно поблиску до апаратот) и
извадете ја вратата за да спречите децата
што си играат да не ги удри струја или да
не се затворат во него.
Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми
за затворање, треба да замени постар
апарат што има брава со пружина на
вратата или капакот, погрижете се да ја
онеспособите бравата со пружина пред да
го расходувате стариот апарат. Така ќе се
спречи тој да стане смртоносна стапица за
децата.
1.2 Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Поставете ги отворите за вентилација, на
опкружувањето на апаратот или вградената
конструкција, ослободени од пречки.
Апаратот е наменет за чување
прехранбени продукти и пијалаци во
нормално домаќинство, како што е
објаснето во ова упатство.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето.
Не користете други електрични апарати (на
пр. мешалки за сладолед) внатре во
ладилници, освен ако не се одобрени за
таква намена од страна на производителот.
Не оштетувајте ја инсталацијата за
средството за ладење.
Средството за ладење изобутан (R600a),
што кружи низ инсталацијата за ладење на
апаратот, е природен гас со високо ниво на
еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од инсталацијата за ладење.
Доколку се оштети инсталацијата за
ладење:
избегнувајте отворен оган и извори на
искри
проветрете ја темелно собата во која е
сместен апаратот
Опасно е да се менуваат спецификациите
или да се вршат какви било промени на
производот. Секое оштетување на кабелот
може да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Сите електрични делови (кабелот за
струја, приклучокот, компресорот)
мора да ги замени сертифициран или
квалификуван сервисер за да се
избегне ризик.
1.
Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2.
Проверете приклучокот за во штекер
да не е смачкан или оштетен од
задниот дел на уредот. Смачкан или
МАКЕДОНСКИ 3
оштетен приклучок за во штекер може
да се прегрее и да предизвика пожар.
3.
Внимавајте кабелот за струја на
апаратот да е пристапен.
4.
Не влечете го кабелот за струја.
5.
Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6.
Не смеете да ракувате со уредот без
капакот на лампата (ако е предвиден)
за внатрешно осветлување.
Овој уред е тежок. Бидете внимателни кога
го преместувате.
Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се водени или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатини.
Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
Крушковидните светилки (ако се
предвидени) што се користат во овој
апарат се специјални светилки
употребливи само во апарати за
домаќинство. Тие не се погодни за собно
осветление.
1.3 Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворот за воздух на задниот
ѕид. (Ако апаратот е со заштита од
замрзнување)
Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Видете во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во садот,
што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
1.4 Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
Не користете остри предмети за вадење на
мразот од апаратот. Користете пластичен
гребач.
Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
1.5 Местење
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го
купиле апаратот. Во тој случај, престанете
со распакување.
Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид, за да
не биде можно допирање или фаќање на
топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
Поврзете го само со довод за питка вода
(ако е предвидено поврзување со вода).
4
www.electrolux.com
1.6 Сервисирање
Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
1.7 Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може
да го оштетат озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во
изолациските материјали. Апаратот
не смее да се расходува заедно со
обичен комунален смет и ѓубре.
Изолациската пена содржи запаливи
гасови: апаратот мора да се
расходува согласно со важечките
прописи што може да ги добиете од
локалните власти. Избегнувајте
оштетување на уредот за ладење,
особен одзади, близу до
разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој
апарат означени со симболот
се
рециклираат.
2. КОНТРОЛНА ТАБЛА
MODE˚C
123 4 5 6
1
Копче ON/OFF (Вклучување/
Исклучување)
2
Регулатор на температурата на
замрзнувачот
3
Копче за прикажување на температурата
на фрижидерот-замрзнувачот
4
Приказ
5
Копче за функции
Прекинувач за повторно поставување на
алармот
6
Регулатор на температурата на
ладилникот
2.1 Екран
1 2 3 4 5 6 7
1
Индикатор за комората на фрижидерот
2
Индикатор за комората на замрзнувачот
3
Температурен показател за позитивна
или за негативна температура
4
Tемпературен показател
5
функција Action Freeze
6
функција Shopping
7
функција D.A.C.
МАКЕДОНСКИ 5
2.2 Вклучување
Ако екранот не е осветлен по ставањето на
приклучокот во штекер, притиснете го копчето
ON/OFF (Вклучување/Исклучување).
Штом се вклучи апаратот, следниве сигнали
се појавуваат на контролната табла:
Показателот за позитивна или негативна
температура ќе биде позитивен, укажувајќи
дека температурата е во плус
температурата трепка, заднината на
екранот е црвена и ќе чуете зуење.
Притиснете го копчето за функции и зуењето
ќе престане (видете и во „Аларм за
прекумерна температура“).
Поставете ја саканата температура (видете
во "Регулирање на температурата").
2.3 Исклучување
Апаратот се исклучува со држење на
прекинувачот ON/OFF (вклучување/
исклучување) подолго од 1 секунда.
После тоа се прикажува одбројување на
температурата од -3 -2 -1.
Кога апаратот е исклучен, се гаси и Eкранот.
2.4 Исклучување на преграда во
фрижидерот
За да исклучите преграда во фрижидерот,
завртете го регулаторот за поставка на
температурата во фрижидерот налево до
позиција „O“.
Преградата во замрзнувачот ќе продолжи да
работи.
Откако преградата во фрижидерот ќе се
исклучи, единствената температура којашто е
прикажана е онаа на преградата во
замрзнувачот.
Во оваа состојба, светлото во преградата на
фрижидерот ќе се исклучи.
2.5 Прикажување на температурата
Секогаш кога ќе се притисне копчето за
прикажување на температурата на
фрижидерот-замрзнувач, на екранот се
прикажува, едно по друго:
1.
Показателот за фрижидерската комора
свети.
На екранот се прикажува
температурата на фрижидерот.
2.
Показателот за замрзнувачката
комора свети.
1)
На екранот се прикажува
температурата на замрзнувачот.
Како и да е, по 10 секунди нормалното
функционирање на екранот се враќа.
2.6 Мени со функции
Секогаш кога ќе се притисне копчето за
Функции, следниве функции се активираат во
насока одлево надесно:
функција Action Freeze
функција Shopping
•функција D.A.C.
нема симбол: нормално работење.
Може да вклучите само една
функција одеднаш.
За да ги исклучите функциите, притискајте го
копчето за Функции повеќепати додека не ги
снема иконите.
2.7 Регулирање на температурата
Температурата во внатрешноста на апаратот
се контролира од страна на регулаторот за
температура.
Температурата на преградата во фрижидерот
може да се регулира со вртење на
регулаторот на температурата на
фрижидерот и може да варира меѓу +2°C и
+8°C.
Температурата на преградата во
замрзнувачот може да се регулира со вртење
на регулаторот на температурата на
замрзнувачот и може да варира меѓу -15°C и
-24°C.
За правилно складирање на храната, треба
да се постават следните температури:
+5°C во фрижидерот
-18°C во замрзнувачот.
При нормално функицонирање, показателот
на температурата ја прикажува тековната
поставена температура.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
свртете го регулаторот на температурата
надесно за да постигнете максимално
ладење
свртете го регулаторот на температурата
налево за да постигнете минимално
ладење.
Средната положба обично е најсоодветна.
1)
Во нормални услови.
6
www.electrolux.com
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
2.8 Функција Shopping
Ако треба да ставите големо количество на
топла храна, на пример откако сте се вратиле
од пазарење продукти, предлагаме да ја
вклучите функцијата Shopping за да ги
изладите продуктите побрзо и да избегнете
загревање на другата храна што е веќе во
фрижидерот.
Функцијата Shopping се вклучува со
притискање на копчето за функции
(неколкупати, ако е потребно) додека не се
појави соодветната икона
.
Функцијата Shopping се исклучува автоматски
по околу 6 часа.
За време на функцијата Shopping, автоматски
се активира и вентилаторот во преградата на
фрижидерот.
Вентилаторот во преградата на
фрижидерот се вклучува автоматски
и кога собната температура е висока
(над 38°C), дури и ако функцијата
Shopping не е вклучена.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на копчето за функции
(видете во „Мени со функции“).
2.9 Функција Action Freeze (Акциско
смрзнување)
За смрзнување свежа храна, ќе мора да ја
активирате функцијата Action Freeze.
Притиснете го функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека не се
појави соодветната икона.
Ова функција се исклучува автоматски по 52
часа.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на функциското копче
(видете во "Мени со функции").
2.10 Аларм за прекумерна
температура
Зголемувањето на температурата во
комората на замрзнувачот (на пример, поради
тоа што снемало струја) се означува со:
трепкање на температурата
трепкање на комората на замрзнувачот
(индикаторот за комората на
замрзнувачот )
црвено осветлување на екранот
•звучен сигнал
симбол на аларм.
Кога ќе се вратат нормалните услови:
звучниот сигнал се исклучува
бројката на температурата продолжува да
трепка
осветлувањето на екранот останува
црвено.
Кога ќе го притиснете функциското копче /
прекинувачот за ресетирање на алармот за
да го исклучите алармот, највисоката
достигната температура во комората се
прикажува на показателот
неколку
секунди.
Во тој момент, трепкањето престанува и
осветлувањето на екранот се менува од
црвено во бело.
За време на тревожењето, звучниот сигнал
може да се исклучи со притискање на
функциското копче / прекинувачот за
ресетирање на алармот.
Осветлувањето на екранот останува црвено
додека не се вратат нормалните услови за
чување.
3. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
3.1 Пред првата употреба
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно исушете ги.
Не користете детергенти или груби
прашоци, тие можат да ја оштетат
политурата.
МАКЕДОНСКИ 7
3.2 Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување смрзната
и длабоко-смрзната храна подолго време.
За да смрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата Action Freeze барем 24 часа пред
да ја ставите храната да се мрзне во
комората.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горниот дел на замрзнувачот, бидејќи тоа е
најстуденото место.
Максималното количество храна што може да
се смрзне за 24 часа е одредено на плочката
со спецификации, што се наоѓа од
внатрешната страна на апаратот.
Смрзнувањето трае 24 часа: за време на овој
период не додавајте друга храна за мрзнење.
3.3 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
комората, оставете апаратот да работи барем
12 часа на најголемата поставка за Action
Freeze.
Ако треба да се чуваат поголеми количества
храна, извадете ги сите фиоки и корпи од
апаратот и ставете ја храната на полици за
ладење за да добиете најдобри
перформанси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте храната да не го надмине
граничникот за полнење што се наоѓа
горе отстрана (каде што го има)
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за технички
карактеристики, одмрзнатата храна
мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
3.4 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
3.5 Акумулатори на студ
Фрижидерот содржи барем еден акумулатор
на студ што го продолжува времето на
чување во случај на снемување струја или
расипување.
3.6 Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз. Наполнете ги
садовите со вода, потоа ставете ги во
преградата на замрзнувачот.
Не користете метални алатки за
вадење на садовите од
замрзнувачот.
8
www.electrolux.com
3.7 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи, така што полиците може да се
наместат по желба.
За подобро користење на просторот,
предните полуполици може да лежат преку
задните.
3.8 Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања храна во
разни големини, полиците на вратата може да
се стават на различни височини.
За да ги направите овие приспособувања,
постапете на следниов начин:
постепено влечете ја полицата во насоката на
стрелките додека не се ослободи, потоа
наместете ја по желба.
3.9 Контрола на влажноста
Стаклената полица има вграден уред со
процепи (приспособливи со рачка за
лизгање), што овозможува да се регулира
температурата во фиоките за зеленчук.
Кога отворите за проветрување се затворени:
природната влага на храната во преградите
за овошје и зеленчук се задржува подолго.
Кога отворите за проветрување се отворени:
поголемото кружење на воздухот дава
помала влага во преградите за овошје и
зеленчук.
МАКЕДОНСКИ 9
3.10 Рециклирање на воздух - (Функција „D.A.C.“ - (Динамично ладење на
воздухот - Д.Л.В.))
Преградата на ладилникот е опремена со
специјален вентилатор „D.A.C“ - Д.Л.В.
(Динамично ладење на воздхот).
Уредот овозможува нагло ладење на храната
и подеднаква температура во преградата.
Пoставете го вентилаторот на
„ON“ (вклучување) со притискање на копчето
Функции (ако е потребно и неколку пати) се
додека не се појави соодветната икона
.
Вентилаторот може да се исклучи кога било
со притискање на копчето Функции додека не
ја снема иконата
.
Кога температурата на околината надминува
25°C, вклучете го вентилаторот.
Кога собната температура е повисока од 38°C
или кога Shopping функцијата е
„ON“ (вклучена), тогаш вентилаторот е
автоматски вклучен.
4. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
4.1 Совети за штедење енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика формирање
мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го регулаторот за температура кон
помалите вредности за да овозможите
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
4.2 Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
ставајте ја храната така што воздухот може
да кружи слободно околу неа
4.3 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични
ќесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба
да се покриени и може да се стават на која
било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки за
нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните
херметички садови или завиткани во
алуминиумска фолија или пластични ќесички
за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и
да се ставаат на полицата за шишиња на
вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
10
www.electrolux.com
4.4 Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве
неколку важни совети:
максималното количество храна што може
да се смрзне за 24 часови е покажано на
плочката со спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се
додава храна за смрзнување во тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции за да
може брзо и целосно да се смрзне и за да
овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
завиткајте ја храната во алуминиумска или
пластична фолија убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната храна
да ја допира храната што е веќе смрзната,
за да не ја загреете вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
водениот мраз, ако се конзумира веднаш
по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
препорачливо е да се запише датумот на
смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
4.5 Совети за чување смрзната
храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
проверете дали комерцијалните смрзнати
прехранбени продукти биле соодветно
чувани кај продавачот;
погрижете се смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од продавницата
до замрзнувачот во најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се расипува
брзо и не може повторно да се смрзне;
не надминувајте го препорачаниот период
за чување означен од страна на
производителот.
5. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот од струја пред
да вршите каква било постапка за
одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
5.1 Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода со малку неутрална сапуница.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без нечистотии.
избришете и исушете целосно.
Не влечете ги, не поместувајте ги и
не оштетувајте ги цевките и каблите
во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани
средства за чистење или восок за
полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да
се оштетат површините и да остане
силен мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна на
апаратот. Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
тоа, се препорачува надворешноста на
МАКЕДОНСКИ 11
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
5.2 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од фрижидерот
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на вообичаената
употреба. Водата од одмрзнувањето истекува
во посебен сад од адната страна на апаратот,
над моторниот компресор, од којшто
испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален чистач,
што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
5.3 Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
Околу 12 часа пред одмрзнувањето,
свртете го регулаторот на
температурата кон повисоките
поставки за да се насоберат доволни
резерви студ за прекинот на
работата.
12
www.electrolux.com
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
ВНИМАНИЕ
Не допирајте ги смрзнатите работи
со мокри раце. Рацете може да се
залепат за смрзнатото.
3.
Оставете ја вратата отворена и вметнете
ја пластичната гребалка во соодветното
лежиште во долниот среден дел, ставајќи
леген одоздола за да ја собира водата од
одмрзнувањето.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во
комората за замрзнување. Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз што се
откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето.
4.
Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете
ја внатрешноста темелно и чувајте ја
гребалката за идна употреба.
5.
Вклучете го апаратот.
6.
По два или три часа, вратете ја
извадената храна во комората.
Никогаш не користете метални алатки за да
го стругате мразот од испарувачот, бидејќи
може да го оштетите.
Не користете механички уреди или какви било
други вештачки средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на одмрзнувањето
може да го скрати нејзиниот век на чување.
5.4 Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве предострожности:
откачете го апаратот од електричната
мрежа
извадете ја сета храна
одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите додатоци
оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите непријатни
мириси.
Ако фрижидерот треба да остане вклучен,
замолете некого да го проверува повремено
за да не се случи храната да се расипе во
случај на снемување струја.
МАКЕДОНСКИ 13
6. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред решавање на проблемите,
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Само квалификуван електричар или
компетентно лице смее да ги решава
проблемите што не се опишани во
упатството.
За време на нормалната употреба се
слушаат звуци (од компресорот и од
кружењето на средството за
ладење).
Проблем Веројатна причина Решение
Апаратот не работи.
Ламбата не работи.
Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Штекерот не е правилно
ставен во приклучокот за
струја.
Цврсто вметнете го штекерот
во приклучокот за струја.
Нема струја во апаратот.
Нема напон во приклучокот
за струја.
Поврзете друг електричен
апарат во приклучокот за
струја.
Контактирајте со
квалификуван електричар.
Се огласува звучен
сигнал.
Температурата во
замрзнувачот е премногу
висока.
Видете во "Аларм за
прекумерна температура
Ламбата не работи. Ламбата е во подготвеност. Затворете ја и отворете ја
вратата.
Ламбата е неисправна. Видете во "Замена на
ламбата".
Компресорот работи
непрекинато.
Температурата не е
поставена правилно.
Ставете на повисока
температура.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
Вратата се отворала
премногу често.
Не оставајте ја вратата
отворена подолго отколку што
е потребно.
Температурата на
продуктите е превисока.
Оставете ги продуктите да се
изладат до собна температура
пред да ги ставите внатре.
Собната температура е
превисока.
Намалете ја собната
температура.
Тече вода по задната
плоча на фрижидерот.
За време на автоматското
одмрзнување, мразот се
одмрзнува на задната плоча.
Тоа е нормално.
Во фрижидерот тече
вода.
Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот.
Продукти спречуваат водата
да тече во садот за вода.
Проверете некој продукт да не
ја допира задната плоча.
14
www.electrolux.com
Проблем Веројатна причина Решение
Истекува вода на подот. Испустот за водата од
одмрзнувањето не е во садот
за испарување над
компресорот.
Ставете го испустот за вода
од одмрзнувањето во садот за
испарување.
Температурата на
апаратот е прениска.
Регулаторот на
температурата не е поставен
правилно.
Ставете на повисока
температура.
Температурата на
апаратот е превисока.
Регулаторот на
температурата не е поставен
правилно.
Ставете на пониска
температура.
Истовремено се складирани
многу производи.
Складирајте помалку
производи истовремено.
Температурата во
фрижидерот е
превисока.
Во апаратот не кружи студен
воздух.
Овозможете кружење на
студениот воздух во апаратот.
Температурата во
замрзнувачот е премногу
висока.
Производите се преблиску
едни до други.
Сместувајте ги производите
така што ќе овозможите
кружење на студениот воздух.
Има премногу мраз. Храната не е завиткана
правилно.
Правилно завиткајте ја
храната.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во „Затворање на
вратата“.
6.1 Замена на ламбата
1
2
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Притиснете на задната кука истовремено
лизгајќи го капакот во насоката на
стрелката.
3.
Заменете ја светилката со друга
светилка со иста моќност која е посебно
направена за домашни апарати.
(максималната моќност е прикажана на
капакот на светилката).
4.
Донесете го капакот на ламбата во
неговата оригинална положба.
5.
Вклучете го апаратот.
6.
Отворете ја вратата. Проверете дали
светилката се пали.
6.2 Затворање на вратата
1.
Исчистете ги заптивките на вратата.
2.
Ако е потребно, приспособете ја вратата.
Видете во „Монтажа“.
3.
Ако е потребно, заменете ја
неисправната заптивка на вратата.
Контактирајте со сервисниот центар.
МАКЕДОНСКИ 15
7. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да го
наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
7.1 Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
7.2 Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот
на кабелот за напојување со струја е со
вземјување. Ако штекерот од домашната
електрична мрежа не е вземјен, поврзете го
апаратот со посебно вземјување во
согласност со прописите за електрична
енергија и откако ќе се посоветувате со
квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените безбедносни
мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве
Директиви на ЕЕЗ.
7.3 Менување на страната на отворање на вратата
Вратата на апаратот се отвора надесно. Ако
сакате да ја отворате налево, постапете на
следниот начин пред да го монтирате
апаратот:
Ослободете го горниот клин и извадете го
разделникот.
Извадете ги горниот клин и горната врата.
B
C
C
Отшрафете ги клиновите (B) и
разделниците (C).
16
www.electrolux.com
Извадете ја долната врата.
Ослободете го долниот клин.
На другата страна:
Наместете го долниот клин.
Монтирајте ја долната врата.
Ставете ги клиновите (B) и разделниците
(C) на средната шарка од другата страна.
Монтирајте ја горната врата.
Стегнете ги разделниците и горниот клин.
7.4 Потреби за проветрување
5 cm
min.
200 cm
2
min.
200 cm
2
Протокот на воздух зад апаратот мора да
биде доволен.
7.5 Инсталирање на апаратот
ВНИМАНИЕ
Внимавајте кабелот за струја да
може да се движи слободно.
Постапете вака.
x
x
Ако е потребно, исечете ја самолепливата
лента и потоа ставете ја на апаратот како што
е прикажано на сликата.
МАКЕДОНСКИ 17
A1A
Издупчете го капакот на шарката А, на начинот
прикажан на сликата.
Поставете ги капаците А и А1 (во кесичката со
додатоци) во средната шарка.
1
2
Ставете го апаратот во ниша.
Туркајте го апаратот во насоката на стрелката
(1) додека горниот капак на отворот не допре
до кујнскиот мебел.
Туркајте го апаратот во насоката на стрелката
(2) кон плакарот од спротивната страна на
шарката.
4 mm
44 mm
Дотерајте ја положбата на апаратот во нишата.
Внимавајте растојанието меѓу апаратот и
предниот раб на плакарот да биде 44 mm.
Капакот на долната шарка (во кесичката со
додатоци) обезбедува правилно растојание
помеѓу апаратот и кујнскиот мебел.
Внимавајте просторот помеѓу апаратот и
предниот раб на плакарот да биде 4 mm.
Отворете ја вратата. Ставете го капакот на
долната шарка на своето место.
18
www.electrolux.com
I
I
Прицврстете го апаратот за нишата со помош
на 4 завртки.
Извадете го правилниот дел од капакот на
шарката (E). Внимавајте да го извадите делот
DX, ако шарката е десно, SX ако шарката е
лево.
E
E
B
D
C
Прицврстете ги капаците (C, D) во дршките и
дупките на шарката.
Наместете ја решетката за проветрување (B).
Прицврстете ги капаците на решетката (Е) за
решетката.
МАКЕДОНСКИ 19
H
H
Ако апаратот треба да се поврзе странично со
вратата на кујнскиот мебел:
1.
Олабавете ги шрафовите на држачите (H).
2.
Поместете ги држачите (H).
3.
Стегнете ги шрафовите.
Откачете ги деловите (Ha), (Hb), (Hc) и (Hd).
ca. 50 mm
ca. 50 mm
21 mm
90°
90°
21 mm
Наместете го делот (Ha) од внатрешната
страна на кујнскиот мебел.
20
www.electrolux.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72

Electrolux ERN29801 Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare