MK -20-
• Треба да ја замрзнувате храната (месо, мелено месо, риба и слично) разделени
во порции за да може да се консумираат наеднаш.
• Не замрзнувајте ја повторно замрзнатата храна што веќе се растопила. Тоа е
опасно по здравјето бидејќи може да предизвика проблеми како труење со храна.
• Не ставајте врела храна во длабокото замрзнување пред да се излади. Може да
предизвикате расипување на претходно замрзнатата храна во одделот за длабоко
замрзнување.
• Кога ќе купите замрзната храна, проверете дали е замрзната во соодветни услови
и уверете се дека пакувањето не е скинато.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна во пластични фолии или кеси.
• Секогаш следете ги упатствата кои се посoчени на пакувањето и никогаш не
надминувајте го максималното посочено време за складирање. Ако немате
конкретни упатства, имајте на ум дека храната мора да се изеде за кратко време.
• Ако не е расипана, храната се замрзнуваа со ставање на полицата за брзо
замрзнување што е можно порано. Не користете ги полиците на вратите за да
замрзнувате.
• Ако пакувањето со замрзната храна е влажно и има непријатен мирис, храната
веројатно била претходно замрзната во несоодветни услови и се расипала. Не
купувајте ваква храна.
• Рокот на употреба на смрзната храна зависи од собната температура, на колку е
поставен термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната и времето
потребно да се однесе производот од продавница до дома. Секогаш следете ги
инструкциите на пакувањето и не надминувајте го нејзиниот период на чување.
Важна забелешка:
• Покријте ги готвените јадења кога ги ставате во фрижидерот. Ставете ги во
фрижидерот кога се ладни, инаку температурата/влажноста во фрижидерот ќе се
зголемува со што му се отежнува работењето. Покривањето на храната и пијалаците
исто така помага во зачувувањето на вкусот и аромата.
• Некои зачини во зготвената храна (анасон, босилок, миродија, оцет, вегета, ѓумбир,
лук, кромид, сенф, мајчина душица, мајоран, црн бибер, колбаси итн.) може да
имаат лош вкус по подолг период на складирање. Затоа, замрзнатата храна треба
да се зачинува во мала количина откако таа се одмрзнала.
• Периодот на чување на храната зависи од употребеното масло. Маргаринот,
животинската маст, маслиновот масло и путерот одговараат, додека маслото до
кикирики и свинската маст не одговараат.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна завиткана во пластични фолии или кеси.
Забелешка: Ако извадите замрзната храна од замрзнувачот и ја ставите во долната
преграда за ладење ден пред да ја ставите да се стопи, така помагате температурата
во фрижидерот да се намали, што помага во заштедувањето струја.