AEG RCB732E5MB Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare
RCB732E5MB
USER
MANUAL
Прирачник за Употреба
Ладилник - Длабоко замрзнување
MK
Inrukcja użytkownika
Chłodziarko - Zamrażarki
PL
Manualul utilizatorului
Frigider - Congelator
RO
Uputva za upotrebu
Frižider sa Zamrzivačem
SB
Navodila za uporabo
Hladilnik - Zamrzovalnik
SL
Handleiding
Vriezer - Koelka
NL
MK -2-
MK ОГАН Предупредување; Опасност од пожар /
запаливи материјали
MK -3-
СОДРЖИНА
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ ................. 4
Општи предупредувања ................................................................................. 4
Безбедносни предупредувања ...................................................................... 8
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер ............................................ 9
Пред да го користите фрижидерот .............................................................. 10
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБА ......................................................... 10
Општи информации за новата технологија (незамрзнување) .................. 10
Екран и контролен панел ............................................................................. 11
Употреба на замрзнувачот на вашиот ладилник ........................................ 11
Режим за супер замрзнување ...............................................................................11
Режим за супер-ладење ........................................................................................12
Економичен режим ................................................................................................12
Режим за летувања и празници ............................................................................13
Режим за ладење пијалаци ..................................................................................13
Режим за штедење на екранот .............................................................................14
Функција на заклучувањето за деца ....................................................................14
Поставки за температурата ......................................................................... 15
Предупредувања за приспособување на температурата .......................... 16
Дополнителна опрема .................................................................................. 17
Послужавник за мраз ............................................................................................17
Фиока во замрзнувачот .........................................................................................17
Преграда за екстра ладење .................................................................................17
Копче за свежина ...................................................................................................18
CuomFlex .............................................................................................................18
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТ ............................ 19
Оддел за ладење .......................................................................................... 19
Оддел за замрзнување ................................................................................. 19
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ ............................................................... 23
Одмрзнување ................................................................................................ 23
ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ .................................................... 24
Менување на положбата на вратата ........................................................... 24
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕР .................................................... 24
Совети за заштеда на енергија ...................................................................28
ДЕЛОВИ НА АПАРАТОТ И ОДДЕЛИТЕ ........................................... 29
MK -4-
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА
АПАРАТОТ
ДЕЛ - 1.
Општи предупредувања
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги блокирајте отворите за
вентилација кои се најдуваат во кутијата на уредот или во
вградената структура.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите механички
уреди или други начини за забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние кои се препорачани од
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите електрични
уреди во внатрешните оддели на уредот, освен доколку не
се од вид кој е препорачан од производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го оштетувајте колото на
разладувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога го позиционирате уредот,
гледајте кабелот за струја да не биде заглавен или оштетен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да поставувате повеќе
продолжни кабли или утикачи на задниот дел од уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се спречи опасност поради
нестабилност на уредот, мора да се фиксира според
инструкциите.
Ако вашиот уред користи R600а како рефригерант
можете да ја видите оваа информација на етикетата на
ладилникот треба да внимавате за време на транспорт и
монтажа да не ги оштетите разладните елементи на
ладилникот. Иако тој е пријателски спрема околината и
природен, експлозивен е. Во случај на истекување поради
оштетување на елементите на ладилникот, оддалечете го
уредот од извори на оган или топлина и проветрете ја собата
неколку минути.
MK -5-
Додека го носите и преместувате фрижидерот, внимавајте
да не го оштетите колото на гасот.
• Немојте да чувате експлозивни материи, како на пример
кутии со аеросол со запалив пропелент, во овој уред.
Овој уред е наменет да се користи само во домашни
услови и слични намени како на пр.:
- Кујнски оддели во продавници, канцеларии и други
работни средини
- Фарми и клиенти во хотели, мотели и други околини од
тип резиденција
- Околини од тип „ноќевање и појадок“
- Угостителство и слични непродажни намени
Ако штекерот не одговара на приклучокот на кабелот,
мора да се замени од страна на производителот, неговиот
сервисен агент или слично обучени лица, со цел да се
избегне незгода.
Овој уред не е наменет за користење од лица (вклучително
и деца) со намалени физички, осетни или умствени
способности или без искуство и/или знаење, освен
доколку не се под надзор или биле обучени за да го
користат уредот од страна на лице одговорно за нивната
безбедност. Децата мора да бидат надгледувани за да се
осигури дека не си играат со уредот.
• Кабелот за напојување на ладилникот има специјално
заземјен приклучок на него. Овој приклучок треба да се
користи со специјално заземјен приклучок од 16 ампери
или 10 ампери во зависност од земјата каде што ќе се
продава производот. Ако таков штекер нема во куќата,
повикајте квалификуван електричар да го монтира.
Овој уред може да се користи од деца од 8 години и
нагоре и лица со намалени физички, осетни или ментални
способности или недостаток од искуство и знаење,
MK -6-
доколку истите се под надзор или им биле дадени
инструкции во врска со употребата на уредот на безбеден
начин и доколку ги разбираат можните опасности. Децата
не смеат да играат со уредот. Чистењето и одржувањето
не смеат да се извршуваат од деца без надзор.
• Деца на возраст од 3 до 8 години можат да ги полнат и
празнат уредите за ладење. Не се очекува деца да го
чистат или да го одржуваат уредот, не се очекува многу
мали деца (0-3 години) да ги користат уредите, не се
очекува мали деца (3-8 години) да ги користат безбедно
уредите доколку не се под постојана контрола, повозрасни
деца (8-14 години) и лица со посебни потреби можат да
ги користат уредите безбедно по соодветна контрола или
насоки за користење на уредот. Не се очекува лицата
со поголеми посебни потреби да ги користат безбедно
уредите без континуирана контрола.
Ако кабелот е оштетен, мора да се замени од страна
на производителот, неговиот сервисен агент или слично
обучени лица, со цел да се избегне незгода.
Овој уред не е наменет за употреба на надморска
височина повисока од 2000 m.
За да се избегне загадување на храна, ве молиме
придржувајте се до следните упатства:
Отворање на вратата подолго време може да предизвика
значително зголемување на температурата во преградите
на уредот.
• Чистете ги редовно површините што можат да дојдат во
контакт со храна и достапните системи за одвод.
• Чувајте го сировото месо и риба во соодветните садови
во фрижидерот, со што нема да бидат во контакт или да
прокапуваат врз друга храна.
MK -7-
• Деловите за замрзната храна означена со две ѕвездички
се соодветни за чување претходно замрзната храна или
за правење сладолед или коцки мраз.
• Деловите со една, две и три ѕвездички не се соодветни
за замрзнување свежа храна.
Ако фрижидерот е оставен подолго време, исклучете
го, одмрзнете го, исчистете го, избришете со сува крпа
и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на
мувла во уредот.
Сервис
• За да го поправите уредот контактирајте го Овластениот
сервисен центар. Користете само оригинални делови.
Имајте предвид дека поправката од самите вас или
непрофесионалната поправка можат да имаат последици
по безбедноста и можат да ја поништат гаранцијата.
Следните резервни делови се достапни 7 години
по укинување на моделот: термостати, сензори за
температура, печатени струјни табли, извори на светлина,
рачки за врата, куки за врата, подлошки и корпи.
• Имајте предвид дека некои од овие резервни делови се
единствено достапни за професионални сервисери и дека
не сите резервни делови се однесуваат на сите модели.
Гумите за врата ќе бидат достапни 10 години по укинување
на моделот.
MK -8-
Стари и неисправни фрижидери
Доколку вашиот стар фрижидер има брава, скршете ја или тргнете ја, бидејќи децата
може да се заклучат во фрижидерот и да предизвикаат несреќа.
• Старите апарати користат материјал за изолација и рефригерант со ЦФЦ. Затоа,
внимавајте да не ја загадувате околината кога го фрлате стариот фрижидер.
Одлагање на стар апарат
Овој симбол на производот или на неговото пакување значи дека овој производ
не треба да се третира како отпад од домаќинство. Наместо тоа, треба да се
однесе во соодветен собирен центар за рециклирање на електрична и
електронска опрема. Производот треба да се фрли правилно. На тој начин ќе
спречите појава на потенцијални негативни последици за животната средина
и здравјето на луѓето кои би можеле да настанат поради несоодветно одлагање
на овој производ. За подетални информации околу рециклирањето на овој производ,
контактирајте со локалните овластени институции, службата за собирање отпад од
домаќинствата или продавницата каде што го купивте производот.
Забелешки:
Прочитајте го внимателно прирачникот пред да го инсталирате и користите вашиот
уред. Нашата компанија нема да биде одговорна во случај на злоупотреба.
• Следете ги сите инструкции на уредот и во прирачникот, и чувајте го прирачников
на сигурно за да можете да решите идни можни проблеми.
Овој уред е произведен за да се користи дома и може да се користи единствено така
и само за наведените намени. Не е погоден за комерцијална или општа употреба.
Ако се користи така, тоа ја поништува нашата гаранција и нашата компанија нема
да биде одговорна за настанатите штети.
• Овој уред е произведен за домашна употреба и погоден е само за ладење/чување
на храна. Не е погоден за комерцијална или општа употреба и/или за чување на
супстанци различни од храна. Нашата компанија не е одговорна за штети настанати
од непочитување на овие намени.
Безбедносни предупредувања
• Не користете продолжителен кабел или повеќевлезен штекер.
• Не вклучувајте оштетени, скинати или стари приклучоци.
• Немојте да го тргате, виткате или оштетувате кабелот.
• Не употребувајте продолжеток-адаптер.
Уредот е наменет да се користи од страна на возрасни, не оставајте
им на децата да си играат со него или да висат на вратата.
• Не го фаќајте кабелот со влажни раце, опасност од струен удар!
MK -9-
Не поставувајте стаклени шишиња или лименки со пијалаци во
замрзнувачот. Шишињата или лименките може да експлодираат.
• Поради ваша безбедност не поставувајте експлозивни и запаливи
материјали во фрижидерот. Поставете ги пијалаците со висок
алкохолен процент во одделот за ладење со добро затворени затки
и во вертикална позиција.
• Избегнувајте контакт со гола кожа со мразот додека го вадите од делот за
длабоко замрзнување, бидејќи мразот може да предизвика замрзнатини
и/или посекотини.
• Не допирајте замрзнати работи со влажни раце! Немојте да јадете сладолед и
коцки мраз веднаш откако ќе ги извадите од замрзнувачот!
• Немојте повторно да ги замрзнувате храните кои еднаш се одмрзнале. Тоа може
да предизвика здравствени проблеми од типот на труење со храна.
Не го покривајте телото и врвот на фрижидерот со чаршаф. Тоа влијае на работата
на фрижидерот.
Обезбедете ги внатрешните додатоци во апаратот за да не се оштетат при
преместување.
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве
работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот не
е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран електричар
да ви помогне.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач. Напојувањето и
напонот на напојната точка мора да соодветствуваат со деталите на плочката на
уредот (таа се најдува на внатрешната лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна
сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се остава на дожд.
Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети, фурни,
радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување,
неопходно е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да се избегне
кондензација на надворешните површини.
• Потребен е слободен простор од најмалку 150 мм над и зад уредот.
• Не оставајте тешки предмети на уредот.
MK -10-
Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го користите (видете
го делот Чистење и одржување).
• Прилагодливите предни ногалки мора да се постават на соодветна висина со цел
фрижидерот да работи стабилно и правилно. Тоа можете да го направите со вртење
на ногалките во правец на стрелките (или обратно). Тоа треба да се направи пред
да се постави храна во фрижидерот.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови со млака вода во
која сте раствориле сода бикарбона и потоа исплакнете со чиста вода и исушете.
Вратете ги сите делови после чистењ.
• Поставете ја пластиката за прилагодување на растојание (делот со
црни крилца на задната страна) така што ќе го завртите за 90 степени
со што ќе оневозможите на кондензаторот да го допира ѕидот.
• Фрижидерот треба да биде поставен наспроти ѕид на растојание
кое нема да надминува 75 мм.
Пред да го користите фрижидерот
За да овозможите ефикасна работа, при првото користење или
после преместување, вклучете го фрижидерот во струја и оставете
го исправен 3 часа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне
кога фрижидерот ќе почне да лади.
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБАДЕЛ - 2.
Општи информации за новата технологија (незамрзнување)
Ладилниците со новата технологија против мрзнење се разликуваат
од други статични ладилници во односот на принципот на работа.
Кај нормалните ладилници, влажноста што навлегува во ладилникот
заради отворање на вратата и влажноста во храната предизвикува
мрзнење во преградата на замрзнувачот. За да го одмрзнете мразот
во преградата за замрзнување, треба да го исклучите ладилникот, да
ја извадите храната што треба да се чува на константна температура
и периодично да го вадите мразот што се насобрал во ладилникот.
Состојбата во преградата за замрзнување е целосно поинаква кај
ладилниците со технологија против мраз. Сувиот и ладен воздух
се разнесува низ преградата за замрзнување со помош на фенот.
Студениот воздух што се распространува рамномерно меѓу полиците
ја лади и целата храна еднакво со што се спречуваат влага и мрзнење.
Воздухот е разнесен хомогено меѓу полиците во делот за ладење со
помош на фенот со што сета ваша храна се лади еднакво и правилно.
Со оглед дека нема проток на воздух меѓу деловите, нема мешање
на миризбите во трите различни делови од вашиот фрижидер.
Затоа, ладилникот со новата технологија против мраз ви овозможува
леснотија при употребата како надополнување на огромниот
капацитет и убавиот изглед.
MK -11-
Екран и контролен панел
Користење на контролниот панел
1. Ова е екран со вредности за поставување на ладилникот.
2. Ова е индикатор за супер-ладење.
3. Ова е екран со вредности за поставување на замрзнувачот.
4. Ова е индикатор за супер-замрзнување.
5. Ова е симбол за економичен режим.
6. Ова е симбол за режим за летувања и празници.
7. Ова е симбол за заклучување за деца.
8. Ова е симбол за аларм.
9. Ова е симбол за аларм за отворена врата
10. Овозможува активација на режимите (економичен режим,
режим за летувања и празници) кога е потребно.
1
3
2
4
5
6
7
9
8
10
Режим за супер замрзнување
Цел
• Да замрзнете голема количина на храна што не ја собира во полицата за
брзо замрзнување.
• Да замрзнете зготвена храна.
• Да замрзнете свежа храна со што би се задржала свежината.
Како треба да се користи?
Притиснете го копчето за поставување на замрзнувачот додека на екранот не
се појави симболот за супер-замрзнување. Ќе слушнете бипкање. Режимот е
поставен.
Додека е активен овој режим:
• Може да се приспособува температурата за режимот на ладење и супер-
ладење. Во тој случај продолжува режимот за супер-замрзнување.
Употреба на замрзнувачот на вашиот ладилник
MK -12-
• Не може да го изберете економичниот режим и режимот за летувања и празници.
• Може да го откажете режимот на супер-замрзнување на истиот начин како што се
избира.
Забелешки:
• Максималната количина на свежа храна (во килограми) што може да се замрзне
за 24 часа е дадена на етикетата на производот.
• Активирајте го режимот за супер-замрзнување 3 часа пред да ја ставите свежата
храна во замрзнувачот за да ги постигнете оптималните резултати од работата со
максимален капацитет за замрзнување.
• На крајот од овој период, фрижидерот ќе пушти звучен аларм којшто индицира
дека процесот на режимот е завршен.
Режимот за супер-замрзнување ќе се откаже автоматски по 24 часа или кога
сензорот за температурата во замрзнувачот ќе се спушти под -32 °C.
Режим за супер-ладење
Цел
Да изладите и чувате голема количина храна на преградата на ладилникот.
• Да изладите пијалаци за кратко време.
Како треба да се користи?
Притиснете го копчето за поставување на ладилникот додека на екранот не се
појави симболот за супер-ладење. Ќе слушнете бипкање. Режимот е поставен.
Додека е активен овој режим:
• Може да се приспособува температурата за режимот на замрзнување и
супер-замрзнување. Во тој случај продолжува режимот за супер-ладење.
• Не може да го изберете економичниот режим и режимот за летувања и
празници.
• Може да го откажете режимот за супер-ладење на истиот начин како што
се избира.
Економичен режим
Цел
Заштеда на електрична енергија. За време на периоди кога ретко се користи
или кога не сте дома, како на пример во периоди на одмор, еко-програмата
овозможува оптимална температура со заштеда на електрична енергија.
Како треба да се користи?
• Притиснете го „копчето за режим“ додека не се појави еко симболот.
• Ако не притиснете копче во рок од 1 секунда. Режимот ќе биде поставен.
Еко симболот ќе затрепка 3 пати. Ќе слушнете бипкање кога ќе го поставите
овој режим.
Сегментите за температурата на замрзнувачот и ладилникот ќе покажуваат
„Е“.
• Симболот за економично и Е ќе светат додека не заврши режимот.
Додека е активен овој режим:
• Замрзнувачот може да се приспособува. Кога се откажува економичниот
режим, ќе продолжи со избраните вредности за поставувањето.
MK -13-
• Ладилникот може да се приспособува. Кога се откажува економичниот режим, ќе
продолжи со избраните вредности за поставувањето.
• Може да изберете режим за супер-ладење и супер-замрзнување. Економичниот
режим автоматски се откажува и се активира избраниот режим.
• Не може да го изберете режимот за летувања и празници откако сте го откажале
економичниот режим. Потоа се активира избраниот режим.
• Треба да го притиснете копчето за режим за да го откажете.
Режим за летувања и празници
Како треба да се користи?
Притиснете го „копчето за режим“ додека не се појави симболот за летувања
и празници
Ако не притиснете копче во рок од 1 секунда. Режимот е поставен. Симболот
за летувања и празници ќе затрепка 3 пати. Ќе слушнете бипкање кога ќе
го поставите овој режим.
• Сегментот за температурата на ладилникот ќе покажува „--“.
Симболот за летувања и празници и „--“ ќе светат додека не заврши режимот.
Додека е активен овој режим:
Замрзнувачот може да се приспособува. Кога се откажува режимот
за летувања и празници, ќе продолжи со избраните вредности за
поставувањето.
Ладилникот може да се приспособува. Кога се откажува режимот за летувања
и празници, ќе продолжи со избраните вредности за поставувањето.
Може да изберете режим за супер-ладење и супер-замрзнување. Режимот за
летувања и празници автоматски се откажува и се активира избраниот режим.
• Не може да го изберете економичниот режим откако сте го откажале режим за
летувања и празници. Потоа се активира избраниот режим.
• Треба да го притиснете копчето за режим за да го откажете.
Режим за ладење пијалаци
Кога треба да се користи?
Овој режим се користи за ладење на пијалаците за одредено време.
Како треба да се користи?
• Држете го притиснато копчето за замрзнувачот 3 секунди.
Ќе се појави специјална анимација на екранот за вредностите за
поставување на замрзнувачот и ќе трепка 05 на екранот за вредностите
за поставување на ладилникот.
• Притиснете го копчето за ладилникот за да го приспособите времето (05 -
10 - 15 - 20 - 25 - 30 минути).
• Кога го избирате времето, бројките ќе затрепкаат 3 пати на екранот и ќе
се слушне бипкање.
• Ако не притиснете копче во рок од 2 секунди, ќе се постави времето.
• Одбројувањето на внесеното време се намалува за минута.
• Времето преостанато за одбројување ќе трепка на екранот.
MK -14-
• За да го откажете овој режим, држете го притиснато копчето за замрзнувачот 3
секунди.
Режим за штедење на екранот
Цел
Овој режим заштедува електрична енергија со тоа што го исклучува контролниот
панел доколку е неактивен.
Како се користи
• Режимот за штедење на екранот се активира автоматски по 30 секунди.
• Ако притиснете на кое било копче кога светилките на контролниот панел
се исклучени, ќе се појават тековните поставки на екранот за можете да
ги направите саканите измени.
• Ако не го откажете режимот за заштеда на екранот или ако не притиснете
на кое било копче во рок од 30 секунди, контролниот панел повторно ќе
се исклучи.
За да го деактивирате режимот за штедење на екранот,
За да го откажете режимот за заштеда на екранот, прво треба да притиснете
на кое било копче за да се активираат копчињата, а потоа повторно притиснете го
и држете го копчето за режим во траење од 3 секунди.
• За да го реактивирате режимот за заштеда на екранот, притиснете го повторно и
држете го копчето за режим во траење од 3 секунди.
Функција на заклучувањето за деца
Кога треба да се користи?
За да спречите деца да си играат со копчињата и да ги менуваат поставките
што сте ги направиле, можете да го заклучите уредот за деца.
Активирање на заклучувањето за деца
Притиснете истовремено на копчињата за замрзнувач и ладилник и држете
ги 5 секунди.
Деактивирање на заклучувањето за деца
Притиснете истовремено на копчињата за замрзнувач и ладилник и држете
ги 5 секунди.
Забелешка: Заклучувањето за деца се деактивира и кога има прекин во
електричното напојување или фрижидерот е исклучен од струја.
Функција за аларм за отворена врата
Ако ја оставите вратата нафрижидерот отворена повеќе од 2 минути, уредот ќе
почне да испушта звук на бипкање и ќе свети знакот за отворена врата.
MK -15-
Поставки за температурата
Поставки за температурата во замрзнувачот
• Вредноста за почетната температура кај индикаторот за поставување на
замрзнувачот е -18 °C.
• Притиснете го копчето за поставување на замрзнувачот еднаш.
Кога ќе го притиснете ова копче за првпат, на екранот ќе трепка последната
поставена вредност.
• Кога ќе го притиснете ова копче, температурата соодветно ќе се намали.
• Кога ќе го притиснете копчето за поставување на замрзнувачот додека е
прикажан симболот за супер-замрзнување, тој симбол ќе трепка ако не
притиснете ниту едно копче 1 секунда.
• Ако продолжите да притискате, ќе започне да одбројува од -16 °C.
• Вредноста на температурата избрана пред да се активираат режимот за
летувања и празници, режимот за супер-замрзнување, режимот за супер-
ладење и економичниот режим ќе остане иста кога завршил режимот или
кога бил откажан. Уредот продолжува да работи со вредноста за оваа температура.
Поставки за температурата за ладење
• Вредноста за почетната температура кај индикаторот за поставување на
ладилникот е +4 °C.
• Притиснете го копчето за ладилникот еднаш.
Кога ќе го притиснете ова копче за првпат, ќе се појави последно поставената
вредност кај индикаторот за ладилникот.
• Кога ќе го притиснете ова копче, температурата соодветно ќе се намали.
Кога ќе го притиснете копчето за поставување на ладилникот додека е
прикажан симболот, тој симбол ќе трепка ако не притиснете ниту едно
копче 1 секунда.
• Ако продолжите да притискате, ќе започне да одбројува од +8 °C.
• Вредноста на температурата избрана пред да се активираат режимот за
летувања и празници, режимот за супер-замрзнување, режимот за супер-
ладење и економичниот режим ќе остане иста кога завршил режимот или
кога бил откажан. Уредот продолжува да работи со вредноста за оваа температура.
MK -16-
Предупредувања за приспособување на температурата
• Приспособувањето на температурата треба да се направи согласно зачестеноста
на отворањето на вратата и количината храна што се чува во ладилникот.
• Не преминувајте на нова температура пред да го завршите приспособувањето.
Ладилникот треба да работи 24 часа во амбиенталната температура без
прекинување откако ќе се вклучи за да се излади комплетно. Не отворајте ги често
вратите на ладилникот и не ставајте храна во текот на овој период.
Функцијата за одложена работа од 5 минути се применува за да се спречи
оштетување на компресорот на ладилникот кога ќе го исклучите или вклучите
во струја повторно или кога ќе снема струја. Ладилникот ќе започне да работи
нормално по 5 минути.
• Ладилникот е дизајниран да работи во интервали на амбиентална температура
согласно стандардите и климатските услови посочени на етикетата со информации.
Ние не препорачуваме да го користите ладилникот
надвор од наведените вредности за температурата
во контекст на ефикасно ладење.
Овој апарат е дизајниран да се користи во околина
со температурен опсег од 10 °C - 43 °C.
Важни упатства за поставување
Овој апарат е дизајниран да работи во тешки климатски
услови (до 43 °C или 110 °F) и користи технологија за
„заштита од замрзнување“ со која што замрзнатата храна во замрзнувачот нема да се
одмрзне дури и кога температурата во средината би паднала до -15 °C. Според ова,
апаратот може да го сместите во незатоплена соба без да се грижите дека замрзнатата
храна ќе се расипе. Кога температурата во средината ќе се врати во нормала, можете
да го користите апаратот како и вообичаено.
Климатска
класа
Амбиентална
температура
o
C
T Меѓу 16 и 43 (°C)
ST Меѓу 16 и 38 (°C)
N Меѓу 16 и 32 (°C)
SN Меѓу 10 и 32 (°C)
MK -17-
Дополнителна опрема
Послужавник за мраз
• Наполнете го со вода и ставете го во комора.
• Откако водата комплетно ќе се претвори во мраз, засукајте го послужавникот ако
на сликата, за да излезат коцките).
Фиока во замрзнувачот
Фиоката во замрзнувачот овозможува
порамномерно чување на храната.
Вадење на фиоката во замрзнувачот
• Повлечете ја фиоката докрај
• Повлечете го предниот дел на кутијата
нагоре.
Постапете по обратен редослед за да ја
вратите фиоката на место.
Забелешка: Секогаш држете за рачката
кога ја вадите кутијата.
Фиока во замрзнувачот
Преграда за екстра ладење
Совршена за чување на вкусот и текстурата
на свежите сеченици и сирење. Фиоката на
извлекување обезбедува средина со ниска
температура споредено со остатокот од
фрижидерот, благодарение на активната
циркулација на ладен воздух.
Отстранување на полицата за ладење
Повлечете ја полицата за ладење кон вас
со лизгање на шините.
• Извлечете ја полицата за ладење нагоре
од шината за да ја отстраните.
Полица за ладење
(кај одредени модели)
MK -18-
Копче за свежина
Регулаторот на влажност во затворена позиција
овозможува свежото овошје и зеленчукот да се чуваат
подолго.
Ако фиоката за свежо овошје и зеленчук е сосема
полна, копчето за свежина кое се наоѓа пред фиоката
треба да се отвори. Кога ќе го отворите, температурата
и влажноста на воздухот во фиоката ќе се намалат.
Ако видите кондензација на стаклената полица,
може да ја наместите пластиката за регулирање на
влажноста во отворена позиција.
CuomFlex
CuomFlex
®
ви ја нуди слободата да го уредите просторот
во вашиот фрижидер. Во внатрешноста на вратата има
сад за чување и подвижен сад, така што може да го
уредите просторот според вашите потреби. Садовите се
дури и отстранливи, така што можете да ги отстраните од
фрижидерот за полесен пристап.
Визуелните и текстуални описи во делот за додатоци може да се
разликуваат во зависност од моделот.
Копче за свежина
Капакот на CuomFlex садот за чување може да се
повлече кон стрелката за отворање.
• За затворање, капакот може да се повлече во обратната
насока.
(кај одредени модели)
MK -19-
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТДЕЛ - 3.
Оддел за ладење
• Никогаш не ставајте течности во отворени садови во ладилникот за да ја намалите
појавата на влага и последователно зголемување на мразот. Мразот се собира во
најстудените делови кај испарувањето и со време ладилникот треба да се одмрзне.
• Никогаш не ставајте топла храна во ладилникот. Топлата храна прво треба за се
излади на собна температура и треба да се складира при што ќе се обезбеди
соодветна циркулација на воздухот во одделот на ладилникот.
• Ништо не смее да се допира до задниот ѕид бидејќи така ќе дојде до замрзнување,
а пакувањето може да се залепи за задниот ѕид. Не отворајте ја вратата на
ладилникот многу често.
• Ставете ги месото и исчистената риба (завиткани во пакување или пластичен сад)
што ќе ги искористите за 1-2 дена најдолу во ладилникот (веднаш над фиоката
за свежа храна) бидејќи ова е најстудениот дел и обезбедува најдобри услови за
чување.
• Може да ги ставите овошјето и зеленчукот во фиоката за свежа храна без да ги
спакувате.
Подолу се дадени одредени препораки за ставање и чување на храната во одделот на
ладилникот.
Храна
Максимално време за
чување
Каде се става во
одделот на ладилникот
Овошје и зеленчук 1 седмица Корпа за зеленчук
Месо и риба 2 - 3 дена
Завиткани во пластична фолија или
кеса во садот за месо
(на стаклената полица)
Свежо сирење 3 - 4 дена Во специјалната полица на вратата
Путер и маргарин 1 седмица Во специјалната полица на вратата
Производи во шише
млеко и јогурт
До истекот на рокот што го
одредува производителот
Во специјалната полица на вратата
Јајца 1 месец Во полицата за јајца
Зготвена храна 2 дена На сите полици
ЗАБЕЛЕШКА: Компирите, кромидот и лукот не треба да се чуваат во ладилникот.
Оддел за замрзнување
Користете го одделот за длабоко замрзнување на ладилникот за да ја чувате
замрзнатата храна подолг период и за да правите коцки мраз.
• Употребете го режимот „супер замрзнување“ за брзо да замрзнете свежа храна.
• Храната можете да ја ставате до друга замрзната храна откако таа веќе замрзнала
(по минимум 24 часа).
• За да постигнете максимален капацитет во одделот за замрзнување, користете
ги стаклените полици за горниот и средниот дел. Користете ја долната корпа за
долниот дел.
• Не ставајте ја храната што сакате да ја замрзнете во близина на веќе смрзнатата
храна.
MK -20-
• Треба да ја замрзнувате храната (месо, мелено месо, риба и слично) разделени
во порции за да може да се консумираат наеднаш.
Не замрзнувајте ја повторно замрзнатата храна што веќе се растопила. Тоа е
опасно по здравјето бидејќи може да предизвика проблеми како труење со храна.
• Не ставајте врела храна во длабокото замрзнување пред да се излади. Може да
предизвикате расипување на претходно замрзнатата храна во одделот за длабоко
замрзнување.
• Кога ќе купите замрзната храна, проверете дали е замрзната во соодветни услови
и уверете се дека пакувањето не е скинато.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна во пластични фолии или кеси.
Секогаш следете ги упатствата кои се посoчени на пакувањето и никогаш не
надминувајте го максималното посочено време за складирање. Ако немате
конкретни упатства, имајте на ум дека храната мора да се изеде за кратко време.
Ако не е расипана, храната се замрзнуваа со ставање на полицата за брзо
замрзнување што е можно порано. Не користете ги полиците на вратите за да
замрзнувате.
• Ако пакувањето со замрзната храна е влажно и има непријатен мирис, храната
веројатно била претходно замрзната во несоодветни услови и се расипала. Не
купувајте ваква храна.
• Рокот на употреба на смрзната храна зависи од собната температура, на колку е
поставен термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната и времето
потребно да се однесе производот од продавница до дома. Секогаш следете ги
инструкциите на пакувањето и не надминувајте го нејзиниот период на чување.
Важна забелешка:
Покријте ги готвените јадења кога ги ставате во фрижидерот. Ставете ги во
фрижидерот кога се ладни, инаку температурата/влажноста во фрижидерот ќе се
зголемува со што му се отежнува работењето. Покривањето на храната и пијалаците
исто така помага во зачувувањето на вкусот и аромата.
Некои зачини во зготвената храна (анасон, босилок, миродија, оцет, вегета, ѓумбир,
лук, кромид, сенф, мајчина душица, мајоран, црн бибер, колбаси итн.) може да
имаат лош вкус по подолг период на складирање. Затоа, замрзнатата храна треба
да се зачинува во мала количина откако таа се одмрзнала.
Периодот на чување на храната зависи од употребеното масло. Маргаринот,
животинската маст, маслиновот масло и путерот одговараат, додека маслото до
кикирики и свинската маст не одговараат.
• Храната во течна форма треба да се замрзнува во пластични садови, а другата
храна завиткана во пластични фолии или кеси.
Забелешка: Ако извадите замрзната храна од замрзнувачот и ја ставите во долната
преграда за ладење ден пред да ја ставите да се стопи, така помагате температурата
во фрижидерот да се намали, што помага во заштедувањето струја.
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80
  • Page 81 81
  • Page 82 82
  • Page 83 83
  • Page 84 84
  • Page 85 85
  • Page 86 86
  • Page 87 87
  • Page 88 88
  • Page 89 89
  • Page 90 90
  • Page 91 91
  • Page 92 92
  • Page 93 93
  • Page 94 94
  • Page 95 95
  • Page 96 96
  • Page 97 97
  • Page 98 98
  • Page 99 99
  • Page 100 100
  • Page 101 101
  • Page 102 102
  • Page 103 103
  • Page 104 104
  • Page 105 105
  • Page 106 106
  • Page 107 107
  • Page 108 108
  • Page 109 109
  • Page 110 110
  • Page 111 111
  • Page 112 112
  • Page 113 113
  • Page 114 114
  • Page 115 115
  • Page 116 116
  • Page 117 117
  • Page 118 118
  • Page 119 119
  • Page 120 120
  • Page 121 121
  • Page 122 122
  • Page 123 123
  • Page 124 124
  • Page 125 125
  • Page 126 126
  • Page 127 127
  • Page 128 128
  • Page 129 129
  • Page 130 130
  • Page 131 131
  • Page 132 132
  • Page 133 133
  • Page 134 134
  • Page 135 135
  • Page 136 136
  • Page 137 137
  • Page 138 138
  • Page 139 139
  • Page 140 140
  • Page 141 141
  • Page 142 142
  • Page 143 143
  • Page 144 144
  • Page 145 145
  • Page 146 146
  • Page 147 147
  • Page 148 148
  • Page 149 149
  • Page 150 150
  • Page 151 151
  • Page 152 152
  • Page 153 153
  • Page 154 154
  • Page 155 155
  • Page 156 156
  • Page 157 157
  • Page 158 158
  • Page 159 159
  • Page 160 160
  • Page 161 161
  • Page 162 162
  • Page 163 163
  • Page 164 164
  • Page 165 165
  • Page 166 166
  • Page 167 167
  • Page 168 168
  • Page 169 169
  • Page 170 170
  • Page 171 171
  • Page 172 172
  • Page 173 173
  • Page 174 174
  • Page 175 175
  • Page 176 176

AEG RCB732E5MB Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare