Electrolux ENN31650 Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare
Упатство за ракување
instrukcja obsługi
informaţii pentru utilizator
Инструкция по
эксплуатации
Ладилник со замрзнувач
Chłodziarko-zamrażarka
Frigider cu congelator
Холодильник-морозильник
ENN31650
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на
www.electrolux.com
СОДРЖИНА
Безбедносни информации 2
Контролна табла 4
Прва употреба 7
Секојдневна употреба 7
Помошни напомени и совети 10
Нега и чистење 11
Што да сторите ако... 12
Технички податоци 14
Монтажа 14
Еколошки прашања 19
Можноста за промени е задржана
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
За ваша безбедност и за да се
обезбеди правилна употреба, пред да
го наместите и да го користите
апаратот првпат, прочитајте го
упатството за употреба внимателно,
вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се избегнат
непотребни грешки и незгоди, важно е
сите што го користат апаратот да се
темелно запознаени со начинот на
работата
и безбедносните функции.
Чувајте го упатството и погрижете се да
биде со апаратот ако се премести или
продаде, за да може секој што го
користи во работниот век да биде
правилно информиран за употребата
на апаратот и за безбедноста.
За безбедност на животот и имотот
чувајте ги опомените за претпазливост
од ова упатство бидејќи
производителот
не е одговорен за
штетите предизвикани од нивното
непочитување.
Безбедност на децата и помалку
вештите лица
Апаратот не е наменет да го користат
лица (вклучувајќи и деца) со
намалени физички, сетилни или
ментални способности, или што
немаат искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или се упатени за
користење на апаратот од страна
на
лице што е одговорно за нивната
безбедност.
Децата треба да се под надзор за да
не си играат со апаратот.
Чувајте ги сите материјали за
пакување далеку од децата. Постои
опасност од задушување.
Ако го расходувате апаратот,
извлечете го кабелот за струја од
штекерот, исечете го (што е можно
поблиску до апаратот
) и извадете ја
вратата за да спречите децата што
си играат да не ги удри струја или да
не се затворат во него.
Ако апаратов, кој има магнетизирани
гуми за затворање, треба да замени
постар апарат што има брава со
пружина на вратата или капакот,
погрижете се да ја онеспособите
бравата со пружина
пред да го
расходувате стариот апарат. Така ќе
се спречи тој да стане смртоносна
стапица за децата.
Општа безбедност
ВНИМАНИЕ Внимавајте отворите
за проветрување да не бидат
блокирани.
Апаратот е наменет за чување
прехранбени продукти и пијалаци во
нормално домаќинство, како што е
објаснето во ова упатство.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето.
Не користете други електрични
апарати (на пр. мешалки за
сладолед) внатре во ладилници,
освен ако
не се одобрени за таква
намена од страна на производителот.
Не оштетувајте ја инсталацијата за
средството за ладење.
2 electrolux
Средството за ладење изобутан
(R600a), што кружи низ инсталацијата
за ладење на апаратот, е природен
гас со високо ниво на еколошка
подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од инсталацијата за
ладење.
Доколку се оштети инсталацијата за
ладење:
избегнувајте отворен оган
и извори
на искри
проветрете ја темелно собата во
која е сместен апаратот
Опасно е да се менуваат
спецификациите или да се вршат
какви било промени на производот.
Секое оштетување на кабелот може
да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите
електрични делови (кабелот за
струја, приклучокот, компресорот)
мора да ги замени сертифициран
или квалификуван сервисер за да
се избегне ризик.
1. Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2. Проверете приклучокот за во
штекер да не е смачкан или
оштетен од задниот дел на
уредот. Смачкан или оштетен
приклучок за во штекер може
да
се прегрее и да предизвика пожар.
3. Внимавајте кабелот за струја на
апаратот да е пристапен.
4. Не влечете го кабелот за струја.
5. Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во
него. Постои опасност од струен
удар или пожар.
6. Не семеете да ракувате со
апаратот доколку светилката нема
заштитен поклопец
1)
на
внатрешното светло.
Овој апарат е тежок. Бидете
внимателни кога го преместувате.
Не вадете ги и не допирајте ги
предметите во преградите на
замрзнувачот ако рацете ви се
водени или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатици.
Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева
светлина.
Светилки
2)
во овој апарат се
користат светилки за специјална
намена само во апарати за
домаќинството. Тие не се погодни за
собно осветление.
Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на
пластичните делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и
течности во апаратот, зашто тие
може да експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворите за
воздух на
задниот ѕид.
3)
Смрзнатата храна не смее повторно
да се смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната
смрзната храна во согласност со
упатствата на нејзиниот
производител.
Мора строго да се почитуваат
препораките за чување на
производителот на апаратот. Видете
во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на
замрзнувачот, бидејќи тие
создаваат
притисок во садот, што може да
предизвика негово експлодирање,
што може да заврши со оштетување
на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го приклучокот
за струја од штекерот.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
1) Ако е предвидено капаче за светилката.
2) Ако е предвидена светилка.
3) Ако апаратот има заштита од замрзнување.
electrolux 3
Не користете остри предмети за
вадење на мразот од апаратот.
Користете пластичен гребач.
Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако
е неопходно, исчистете го одводот.
Ако одводот е блокиран, ќе се собира
вода на дното на фрижидерот.
Местење
ВАЖНО За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните
пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете
да не е оштетен. Не приклучувајте го
апаратот ако е оштетен. Пријавете ги
евентуалните оштетувања веднаш
таму каде што сте го купиле
апаратот. Во тој случај, престанете со
распакување.
Препорачливо е да се почека
најмалку четири часа пред да се
приклучи апаратот за да може
маслото да се врати
во компресорот.
Околу апаратот треба да има
соодветно кружење на воздухот - без
него може да дојде до прегревање.
За да се постигне доволно
проветрување, следете ги упатствата
за местење.
Секогаш кога е можно, задниот дел
на производот треба да е блиску до
ѕид, за да не биде можно допирање
или фаќање на топлите
делови
(компресорот, кондензаторот) и
изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску
до радијатори или плински шпорети.
Внимавајте штекерот да е пристапен
по местењето на апаратот.
Поврзувајте само со довод на вода за
пиење.
4)
Сервисирање
Електричните приспособувања
потребни за сервисирање на
апаратот треба да ги изврши
квалификуван електричар или
компетентно лице.
Производот мора да го сервисира
овластен Сервисен центар и мора да
се користат само оригинални
резервни делови.
Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што
може да го оштетат озонскиот слој
ниту во водовите за ладење, ниту
во изолациските материјали.
Апаратот не смее да се расходува
заедно со обичен комунален смет и
ѓубре. Изолациската пена содржи
запаливи гасови: апаратот мора да
се расходува согласно со
важечките прописи што може да ги
добиете од локалните власти.
Избегнувајте оштетување на уредот
за ладење, особен одзади, близу
до разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој
апарат означени со симболот
се
рециклираат.
КОНТРОЛНА ТАБЛА
MODE˚C
123 4 5 6
1 Прекинувач ON/OFF (вклучување/
исклучување)
2 Регулатор на температурата на
замрзнувачот
4) Ако е предвидено водоводно поврзување.
4 electrolux
3 Копче за прикажување на
температурата на фрижидерот-
замрзнувачот
4 Екран
5 Функциско копче
Прекинувач за ресетирање на
алармот
6 Регулатор на температурата на
фрижидерот
Приказ
1 2 3 4 5 6 7
1 Индикатор за комората на
фрижидерот
2 Индикатор за комората на
замрзнувачот
3 Показател за позитивна или за
негативна температура
4 Температурен показател
5 Функција Action Freeze
6 Функција Shopping
7 Функција FreeStore
Вклучување
Откако ќе го приклучите кабелот во
штекер, ако екранот не се осветли,
притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
Штом се вклучи апаратот, следниве
сигнали се појавуваат на контролната
табла:
Показателот за позитивна или
негативна температура ќе биде
позитивен, укажувајќи дека
температурата е во плус
температурата трепка, заднината на
екранот е црвена и
ќе чуете зуење.
Притиснете го копчето за функции и
зуењето ќе престане (видете и во
"Аларм за прекумерна температура" ) .
Поставете ја саканата температура
(видете во "Регулирање на
температурата").
Исклучување
Апаратот се исклучува со држење на
прекинувачот за вклучување/
исклучување подолго од 1 секунда.
После тоа се прикажува одбројување
на температурата од -3 -2 -1.
Кога апаратот е
исклучен, се гаси и
екранот.
Прикажување на температурата
Секогаш кога ќе се притисне копчето за
прикажување на температурата на
фрижидерот-замрзнувач, на екранот се
прикажува, едно по друго:
1. Показателот за комората на
фрижидерот свети.
На екранот се прикажува
последната температура
поставена за фрижидерот.
2. Показателот за комората на
замрзнувачот свети.
5)
На екранот се прикажува
последната температура
поставена за замрзнувачот.
Мени со функции
Секогаш кога ќе се притисне копчето за
функции, следниве функции се
активираат во насока одлево надесно:
Функција Action Freeze
Функција Shopping
Функција FreeStore
нема симбол: нормално работење.
ВАЖНО Во секое време можете да ја
ВКЛУЧИТЕ по една функција.
5) Во нормални услови.
electrolux 5
За да ги исклучите функциите,
притискајте го копчето за функции
повеќепати додека не ги снема иконите.
Регулирање на температурата
Температурата во апаратот се
контролира со регулаторот на
температура што се наоѓа на горниот
дел на апаратот.
Температурата на фрижидерската
комора може да се регулира со вртење
на регулаторот на температурата на
фрижидерот и може да
варира меѓу
повеќе или помалку од +2°C и +8°C.
Температурата на замрзнувачката
комора може да се регулира со вртење
на регулаторот на температурата на
заамрзнувачот и може да варира меѓу
повеќе или помалку од -15°C и -24°C.
Со вртење на регулаторот за
температура, екранот трепка и ја
прикажува саканата температура.
За правилно чување на храната треба
да се
постават следниве температури:
+5°C во фрижидерот
-18°C во замрзнувачот.
Откако ќе се постави саканата
температура, ако регулаторот за
температура не се сврти во рок од 5
секунди, ќе се прикаже температурата
на замрзнувачката комора.
За да работите со апаратот, постапете
на следниов начин:
свртете го регулаторот на
температурата надесно за да
постигнете максимално ладење;
свртете
го регулаторот на
температурата налево за да
постигнете минимално ладење.
Средната положба обично е најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Функција Shopping
Ако треба да ставите големо
количество храна, на пример откако сте
се вратиле од пазарење продукти,
предлагаме да ја активирате
функцијата Shopping за да ги изладите
продуктите побрзо и да избегнете
загревање на другата храна што е веќе
во фрижидерот.
Функцијата Shopping се активира со
притискање на функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека
не се појави соодветната икона
.
Функцијата Shopping се исклучува
автоматски по околу 6 часа.
За време на функцијата Shopping
автоматски се активира и вентилаторот
во комората на фрижидерот.
ВАЖНО Вентилаторот во комората на
фрижидерот се активира автоматски и
кога собната температура е висока (над
32°C), дури иако функцијата Shopping
не е активна.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на
функциското
копче (видете воМени со функции“).
Функција FreeStore
Функцијата се активира со притискање
на функциското копче (неколкупати, ако
е потребно) додека не се појави
соодветната икона .
Во таква ситуација вентилаторот
работи без престан.
Функцијата може да се исклучи кога
било со притискање на функциското
копче додека не ја снема иконата
.
ВАЖНО Ако функцијата се активира
автоматски, иконата FreeStore не се
прикажува (видете воСекојдневна
употреба“).
Активирањето на функцијата FreeStore
ја зголемува потрошувачката на
енергија.
Функција Action Freeze (Акциско
смрзнување)
За смрзнување свежа храна, ќе мора да
ја активирате функцијата Action Freeze.
Притиснете го функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека
не се појави соодветната икона.
Ова функција се исклучува автоматски
по 52 часа.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на функциското
копче (видете во "Мени со функции").
6 electrolux
Аларм за прекумерна температура
Зголемувањето на температурата во
комората за замрзнување (на пример,
поради снемување струја) се покажува
со:
трепкање на температурата
трепкање на комората за
замрзнување (Показател на комората
за замрзнување/Тревожен показател
за отворена врата)
црвено осветлување на екранот
звучен сигнал
Кога повторно ќе се воспостават
нормални услови:
звучниот сигнал се
гаси
бројката на температурата
продолжува да трепка
осветлувањето на екранот останува
црвено.
Кога ќе го притиснете функциското
копче / прекинувачот за ресетирање на
алармот за да го исклучите алармот,
највисоката достигната температура во
комората се прикажува на показателот
неколку секунди.
Во тој момент, трепкањето престанува
и осветлувањето на екранот се менува
од црвено во бело.
Во фазата на тревожење, звучниот
сигнал може да се исклучи со
притискање на функциското копче /
прекинувачот за ресетирање на
алармот.
Осветлувањето на екранот останува
црвено додека не се вратат нормалните
услови за чување.
ПРВА УПОТРЕБА
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го
темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Замрзнување на свежа храна
Одделот за замрзнување е погоден за
замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
за да замрзнете свежа храна,
активирајте ја функцијата Action Freeze
најмалку 24 часа пред да ја ставите
храната во замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна за мрзнење
во горната фиока бидејќи тоа е
најстуденото
место.
Максималната количина на храна која
може да се замрзне за 24 часа е
наведена на плочката со технички
спецификации, етикета која се наоѓа
во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не треба да додавате
друга храна за замрзнување.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред
да ставите
производи во комората, оставете
апаратот да работи барем 12 часа на
најголемата поставка за Action Freeze.
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите
фиоки од апаратот и ставете ја храната
на стаклената полица за да добиете
најдобри резултати.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте
храната да не го надмине
граничникот за полнење што се
наоѓа горе отстрана (каде што го
има)
electrolux 7
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
време на одржувањево табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Календар на смрзната храна
Симболите прикажуваат различни
видови смрзната храна.
Броевите укажуваат на времето за
чување во месеци за соодветниот вид
смрзната храна. Дали ќе важи помалата
или поголемата вредност на
покажаното време за чување зависи од
квалитетот на храната и од
обработката пред мрзнењето.
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да се
одмрзне во
преградата на фрижидерот
или на собна температура, зависно од
времето достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
Акумулатори на студ
Фрижидерот содржи барем еден
акумулатор на студ што го продолжува
времето на чување во случај на
снемување струја или
расипување.
Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз.
Наполнете ги садовите со вода, потоа
ставете ги во преградата на
замрзнувачот.
ВАЖНО Не користете метални алатки
за вадење на садовите од
замрзнувачот.
ВАЖНО овој уред се продава во
Франција.
Во согласност со законските прописи во
Вашата земја
мора да биде опремен со
специјален уред (види слика) кој ќе
биде поставен во долниот дел на
преградата во фрижидерот за да ја
означи неговата најстудена зона.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи, така што
полиците може да се наместат по
желба.
За подобро користење на просторот,
предните полуполици може да лежат
преку задните.
Местење на полиците од вратата
За да се овозможи чување пакувања во
разни големини, полиците на вратата
може да се стават на различни
височини.
За приспособување, постапете на
следниов начин:
8 electrolux
постепено влечете ја полицата во
насоката на стрелките додека не се
ослободи, потоа наместете ја по желба.
Фиока за зеленчук
Фиоката е погодна за чување на овошје
и зеленчук.
Во внатрешноста на фиоката има
разделник што може да се стави во
различни позиции за да се овозможи
поделба на мали делови што е
најпогодна за личните потреби.
На дното на фиоката има решетка (ако
е предвидена) за одделување на
овошјето и зеленчукот
од било каква
влажност што би можела да се
формира на долната површина.
Сите делови во внатрешноста на
фиоката може да се извадат за
чистење.
FreeStore
Преградата на фрижидерот е опремена
со уред што овозможува брзо
смрзнување на храната и
порамномерна температура во
преградата.
Уредот се активира самиот кога е
потребно, на пример за брзо враќање
на температурата по отварањето на
вратата или кога околната температура
е висока.
Ви овозможува рачно да го вклучите
уредот кога е потребно (видете во
Функција FreeStore“).
ВАЖНО Уредот FreeStore запира кога
вратата е отворена и повторно
започнува да работи откако вратата ќе
се затвори.
electrolux 9
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
Совети за штедење енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
Доколку околната температура е
висока, регулаторот за температура е
на најголемата поставка и апаратот е
целосно наполнет, компресорот може
да работи непрестано, што ќе
предизвика формирање мраз на
испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го
регулаторот за
температура кон помалите вредности
за да овозможите автоматско
одмрзнување, со што ќе заштедите и
електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или течности
што испаруваат во фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
ставајте ја храната така
што воздухот
може да кружи слободно околу неа
Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во
пластични ќесички и ставајте го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој
начин само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие
треба да се
покриени и може да се
стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се
убаво измиени и ставени во
специјалните фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се во
посебните херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија или
пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
Шишиња млеко
: тие треба да имаат
капаче и да се ставаат на полицата за
шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се
чуваат во фрижидер.
Совети за смрзнување
За најдобро користење на
смрзнувањето, еве неколку важни
совети:
максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часови
е
покажано на плочката со
спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за смрзнување во
тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции
за да може брзо и целосно да се
смрзне и за да овозможите
одмрзнување само на потребните
количества;
завиткајте
ја храната во
алуминиумска или пластична фолија
убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната
храна да ја допира храната што е
веќе смрзната, за да не ја загреете
вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на
храната;
водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето
од преградата
на замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
препорачливо е да се запише
датумот на смрзнување на секое
пакување за да можете да водите
сметка за времето на смрзнатост.
Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси
од апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
проверувајте дали комерцијалните
смрзнати прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот;
внимавајте смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од
продавницата до замрзнувачот во
најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
10 electrolux
Штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно да
се смрзне.
Не надминувајте го препорачаниот
период за чување.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот
од струја пред да вршите каква
било постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
измијте ги внатрешноста и
додатоците со млака вода со малку
неутрална сапуница.
редовно проверувајте ги заптивките
на вратата и бришете ги за да бидат
чисти и без нечистотии
.
избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте
ги и не оштетувајте ги цевките и
каблите во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани средства
за чистење или восок за полирање за
чистење на внатрешноста, бидејќи така
може да се оштетат површините и да
остане силен мирис.
Чистете ги кондензаторот (
црната
решетка) и компресорот од задната
страна на апаратот со четка или
правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што
може да ја нагризат или оштетат
пластиката на апаратот. Поради тоа, се
препорачува
надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла
вода со малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската
преграда секогаш кога моторниот
компресор ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен
сад од задната страна на
апаратот, над моторниот компресор, од
кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на
каналот во фрижидерската преграда за
да се спречи прелевање на водата и
нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален
чистач, што ќе го
најдете веќе вметнат
во дупчето за истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
Одделот на замрзнувачот на овој
модел е од типот "без мраз". Тоа значи
дека нема создавање мраз во текот на
работата, ниту на внатрешните ѕидови
ниту на храната.
Тоа се должи на постојаното струење
на студениот воздух во внатрешноста
electrolux 11
на одделот, придвижуван од
автоматски регулиран вентилатор.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве
предострожности:
откачете го апаратот од
електричната мрежа
извадете ја сета храна
одмрзнување
6)
и исчистете го
апаратот и сите додатоци
оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите
непријатни мириси.
Ако фрижидерот треба да остане
вклучен, замолете некого да го
проверува повремено за да не се случи
храната да се расипе во случај на
снемување струја.
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред
решавање на проблемите,
извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
Само квалификуван електричар
или компетентно лице смее да ги
решава проблемите што не се
опишани во упатството.
ВАЖНО За време на нормалната
употреба се слушаат звуци (од
компресорот и од кружењето на
средството за ладење).
Проблем Веројатна причина Решение
Апаратот не работи.
Ламбата не работи.
Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Штекерот не е правилно
ставен во приклучокот за
струја.
Цврсто вметнете го штекерот
во приклучокот за струја.
Нема струја во апаратот.
Нема напон во приклучокот
за струја.
Поврзете друг електричен
апарат во приклучокот за
струја.
Контактирајте со
квалификуван електричар.
Се огласува звучен
сигнал.
Температурата во
замрзнувачот е премногу
висока.
Видете во "Аларм за
прекумерна температура
Ламбата не работи. Ламбата е во подготвеност. Затворете ја и отворете ја
вратата.
Ламбата е неисправна. Видете во "Замена на
ламбата".
Компресорот работи
непрекинато.
Температурата не е
поставена правилно.
Ставете на повисока
температура.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
Вратата се отворала
премногу често.
Не оставајте ја вратата
отворена подолго отколку што
е потребно.
Температурата на продуктите
е превисока.
Оставете ги продуктите да се
изладат до собна температура
пред да ги ставите внатре.
6) Ако е предвидено.
12 electrolux
Проблем Веројатна причина Решение
Собната температура е
превисока.
Намалете ја собната
температура.
Тече вода по задната
плоча на фрижидерот.
За време на автоматското
одмрзнување, мразот се
одмрзнува на задната плоча.
Тоа е нормално.
Во фрижидерот тече
вода.
Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот.
Продукти спречуваат водата
да тече во садот за вода.
Проверете некој продукт да не
ја допира задната плоча.
Истекува вода на
подот.
Испустот за водата од
одмрзнувањето не е во садот
за испарување над
компресорот.
Ставете го испустот за вода од
одмрзнувањето во садот за
испарување.
Температурата на
апаратот е прениска.
Регулаторот на
температурата не е поставен
правилно.
Ставете на повисока
температура.
Температурата на
апаратот е превисока.
Регулаторот на
температурата не е поставен
правилно.
Ставете на пониска
температура.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
Температурата на продуктите
е превисока.
Оставете ги продуктите да се
изладат до собна температура
пред да ги ставите внатре.
Многу продукти се ставени
истовремено.
Ставајте помалку продукти
истовремено.
Температурата на
фрижидерот е
превисока.
Во апаратот не кружи студен
воздух.
Овозможете кружење на
студениот воздух во апаратот.
Температурата во
замрзнувачот е
премногу висока.
Продуктите се премногу
блиску еден до друг.
Ставете ги продуктите така
што ќе се овозможи кружење
на студениот воздух.
Има премногу мраз. Храната не е завиткана
правилно.
Завиткајте ја храната
правилно.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во "Затворање на
вратата".
Замена на ламбата
Апаратот е опремен со долговечно ЛЕД
внатрешно светло.
Уредот за осветлување смее да го
заменува само сервис. Обратете се во
сервисниот центар .
Затворање на вратата
1. Исчистете ги заптивките на вратата.
2. Ако е потребно, приспособете ја
вратата. Видете во "Местење".
3. Ако е потребно, заменете ја
неисправната заптивка на вратата.
Јавете се
во сервисниот центар.
electrolux 13
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Димензии на отворот
Височина 1850 мм
Широчина 560 мм
Длабочина 560 мм
Време на разработување 21 h
Напон 230-240 V
Фреквенција 50 Hz
Техничките информации се наоѓаат на
плочката со спецификации од левата
страна внатре во апаратот и на
етикетата за енергија.
МОНТАЖА
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да
го наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
Поставување
Овој апарат исто така може да биде
поставен во сува и добро проветрена
внатрешна (гаража или подрум) но за
оптимални перформанси поставете го
апаратот на локација каде што
температурата на околината одговара
на климатското категоризирање
прикажано на
таблицата со
карактеристики:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат
на вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен.
Приклучокот на кабелот за напојување
со струја е со вземјување. Ако штекерот
од домашната електрична мрежа не е
вземјен, поврзете го апаратот со
посебно вземјување во согласност
со
прописите за електрична енергија и
откако ќе се посоветувате со
квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените
безбедносни мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве
Директиви на ЕЕЗ.
Менување на страната на отворање
на вратата
Вратата на апаратот се отвора
надесно. Ако сакате да ја отворате
налево, постапете на
следниов начин
пред да го наместите апаратот:
1. Ослободете го горниот клин и
извадете го разделникот.
2. Извадете ги горниот клин и горната
врата.
3. Отшрафете ги клиновите (B) и
разделниците (C).
4. Извадете ја долната врата.
5. Ослободете го долниот клин.
14 electrolux
B
C
C
Од другата страна:
1. Наместете го долниот клин.
2. Наместете ја долната врата.
3. Ставете ги клиновите (B) и
разделниците (C) на средната шарка
од другата страна.
4. Ставете ја горната врата.
5. Стегнете ги разделниците и стегнете
го горниот клин.
Потреби за проветрување
Протокот на воздух зад апаратот мора
да биде доволен.
min.
200 cm
2
min.
200 cm
2
Инсталирање на апаратот
ВНИМАНИЕ Внимавајте кабелот за
струја да може да се движи
слободно.
Постапете вака.
electrolux 15
1. По потреба, пресечете ја лепливата
лента за дихтување, па поставете ја
на апаратот, на начинот прикажан
на сликата.
x
x
2. Издупчете го капакот на шарката А,
на начинот прикажан на сликата (d).
Поставете ги капаците А и А1 (во
кесичката) во средната шарка.
A1A
3. Ставете го апаратот во нишата.
Туркајте го апаратот во насоката на
стрелките (1) додека горниот капак
на отворот не се допре до кујнскиот
мебел.
Туркајте го апаратот во насоката на
стрелките (2) кон плакарот од
спротивната страна на шарката.
1
2
16 electrolux
4. Дотерајте ја положбата на апаратот
во нишата.
Внимавајте растојанието меѓу
апаратот и предниот раб на
плакарот да биде 44 mm.
Долниот капак на шарката (во
кесичката со додатоци) обезбедува
растојанието меѓу кујнскиот мебел и
апаратот да биде правилно.
Внимавајте просторот меѓу
апаратот и предниот раб на
плакарот да биде 4 mm.
Отворете ја вратата. Ставете го
долниот капак на
шарката на место.
44mm
4mm
5. Прицврстете го апаратот за нишата
со четири шрафови.
I
6. Извадете го правилниот дел од
капакот на шарката (E). Внимавајте
да го извадите делот DX, ако
шарката е десно, SX ако шарката е
лево.
7. Прицврстете ги капаците (C, D) во
дршките и дупките на шарката.
Наместете ја решетката за
проветрување (B).
Прицврстете ги капаците на
решетката (Е) за решетката.
B
E
E
D
C
electrolux 17
8. Ако апаратот треба да се поврзе
странично со вратата на кујнскиот
мебел:
a) Олабавете ги шрафовите на
држачите (H).
b) Поместете ги држачите (H).
c) Стегнете ги шрафовите.
9. Откачете ги деловите Ha, Hb, Hc и
Hd
Ha
Hb
Hc
Hd
10. Наместете го делот Ha од
внатрешната страна на кујнскиот
мебел.
ca. 50 mm
ca. 50 mm
21 mm
90°
90°
21 mm
11. Притиснете го делот Hc на делот
Ha.
Ha
Hc
18 electrolux
12. Отворете ги вратата на апаратот и
вратата на кујнскиот мебел под агол
од 90°.
Вметнете го квадратчето (Hb) во
водилката (Ha).
Спојте ги вратата на апаратот и
вратата на мебелот и означете ги
дупките.
Ha
Hb
8 mm
13. Извадете ги држачите и означете
растојание од 8 мм од
надворешниот раб на вратата каде
што треба да се намести клинот (К).
Ha
K
8 mm
14. Ставете го квадратчето на
водилката повторно и прицврстете
го со приложените шрафови.
Порамнете ги вратата на кујнскиот
мебел и вратата на апаратот
приспособувајќи го делот Hb.
Hb
15. Притиснете го делот Hd на делот
Hb.
Hb
Hd
Проверете уште еднаш:
Дали се стегнати сите шрафови.
Дали магнетизираната лента за
дихтување е прицврстена на
плакарот.
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
electrolux 19
Electrolux. Thinking of you.
Aby dowiedzieć się więcej o naszej filozofii, odwiedź naszą
stronę internetową www.electrolux.com
SPIS TREŚCI
Informacje dotyczące bezpieczeństwa 20
Panel sterowania 22
Pierwsze użycie 25
Codzienna eksploatacja 25
Przydatne rady i wskazówki 27
Konserwacja i czyszczenie 28
Co zrobić, gdy… 29
Dane techniczne 31
Instalacja 31
Ochrona środowiska 36
Producent zastrzega sobie możliwość wprowadzenia zmian bez wcześniejszego
powiadomienia
INFORMACJE DOTYCZĄCE BEZPIECZEŃSTWA
W celu zapewnienia bezpieczeństwa użyt-
kownika i bezawaryjnej pracy urządzenia
przed instalacją i pierwszym użyciem należy
uważnie przeczytać instrukcję obsługi,
zwracając szczególną uwagę na wskazówki
oraz ostrzeżenia. Wszyscy użytkownicy
urządzenia powinni poznać zasady jego
bezpiecznej obsługi. Pozwoli to uniknąć
niepotrzebnych pomyłek i wypadków. Pro-
simy o zachowanie instrukcji obsługi przez
cały czas używania urządzenia oraz przeka-
zanie jej kolejnemu użytkownikowi w razie
odstąpienia lub sprzedaży urządzenia.
W celu uniknięcia szkód na zdrowiu i życiu
osób oraz szkód materialnych należy prze-
strzegać środków ostrożności podanych w
niniejszej instrukcji obsługi, gdyż producent
nie jest odpowiedzialny za szkody spowo-
dowane wskutek ich nieprzestrzegania.
Bezpieczeństwo dzieci i osób
upośledzonych
Niniejsze urzą
dzenie nie jest przeznaczo-
ne do użytku przez osoby (w tym dzieci)
o ograniczonych zdolnościach fizycz-
nych, sensorycznych czy umysłowych, a
także nieposiadające wiedzy lub do-
świadczenia w użytkowaniu tego typu
urządzeń, chyba, że będą one nadzoro-
wane lub zostaną poinstruowane na te-
mat korzystania z tego urządzenia przez
osobę odpowiedzialną za ich bezpie-
czeństwo.
Dzieci należy pilnować, aby mieć pew-
ność, że nie bawią się urządzeniem.
•Opakowanie należy przechowywać w
miejscu niedostępnym dla dzieci. Istnieje
ryzyko uduszenia.
W przypadku utylizacji urządzenia należy
wyjąć wtyczkę z gniazdka, odciąć prze-
wód zasilający (jak najbliżej urządzenia) i
odkręcić drzwi, aby uchronić bawiące się
dzieci przed pora
żeniem prądem lub
przed zamknięciem się w środku urzą-
dzenia.
•Jeśli to urządzenie zawierające magne-
tyczne uszczelnienie drzwi ma zastąpić
urządzenie z blokadą sprężynową (ryg-
lem) w drzwiach lub w pokrywie, przed
oddaniem starego urządzenia do utyliza-
cji należy usunąć blokadę. Zapobiegnie
to przypadkowemu uwięzieniu dziecka.
Ogólne zasady bezpieczeństwa
Uwaga! Nie wolno zasłaniać otworów
wentylacyjnych.
•Urządzenie jest przeznaczone do prze-
chowywania żywności i/lub napojów w
zwykłych warunkach domowych, tak jak
to opisano w niniejszej instrukcji obsługi.
•Do przyśpieszenia procesu rozmrażania
nie wolno używać urządzeń mechanicz-
nych ani żadnych innych sztucznych me-
tod.
Nie należy stosować innych urządzeń
elektrycznych (np. maszynek do lodów)
wewnątrz urządzeń chłodniczych, o ile
nie zostały one dopuszczone do tego ce-
lu przez producenta.
•Należy zachować ostrożność, aby nie
uszkodzić układu chłodniczego.
•W układzie chłodniczym urządzenia znaj-
duje się czynnik chłodniczy izobutan
(R600a), który jest ekologicznym gazem
naturalnym (jednak jest łatwopalny).
20 electrolux
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76

Electrolux ENN31650 Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare