Electrolux EWT41266TW Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare
EWT 41266TW
MK МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
RO MAŞINĂ DE SPĂLAT
RUFE
MANUAL DE UTILIZARE 25
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ.....................................................................
3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 6
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА.........................................................................................6
5. ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ..................................................................................7
6. ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ.................................................................... 10
7. ОПЦИИ.............................................................................................................11
8. ПОСТАВКИ...................................................................................................... 13
9. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА............................................................................ 13
10. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.........................................................................13
11. ПОМОШ И СОВЕТИ......................................................................................17
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................18
13. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.......................................................................20
14. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ...............................................................................23
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што го избравте овој апарат на Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добредојдовте во
Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com
Го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 6
kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
Работниот притисок на водата (минимум и
максимум) мора да биде меѓу 0,5 bar (0,05 MPa) и
8 bar (0,8 MPa)
Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
МАКЕДОНСКИ 3
Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови комплети црева.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
откачете го кабелот од штекерот за струја.
Не користете воден спреј и пареа за чистење на
апаратот.
Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунѓери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
Задржете ги транспортните
завртки. Кога повторно ќе го
преместувате апаратот, мора да го
блокирате барабанот.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот на места каде
што температурата е пониска од
0°C или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
Проверете дали подот на кој го
монтирате апаратот е рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
Не монтирајте го апаратот на места
каде што вратата на апаратот не
може целосно да се отвори.
Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
Приспособете ги ногарките за да
има доволно простор меѓу апаратот
и килимот.
Не монтирајте го апаратот на места
каде што вратата на апаратот не
може целосно да се отвори.
2.2 Поврзување со струја
Апаратот мора да биде заземјен.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
www.electrolux.com4
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Само за Обединетото Кралство и
Ирска: Апаратот има приклучок за
струја со јачина од 13 ампери. Ако е
потребно да го смените
осигурувачот во приклучокот за
струја, користете осигурувач од 13
ампери ASTA (BS 1362).
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Поврзување со вода
Потрудете се да не ги оштетите
цревата за вода.
Пред да го поврзете апаратот со
нови цевки или цевки што не биле
користени подолго време, оставете
водата да тече додека не започне
да тече чиста вода.
Кога за прв пат го користите
апаратот, проверете дали од
некаде протекува.
2.4 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
Користете го апаратот само во
домашни услови.
Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
Погрижете се да ги тргнете сите
метални предмети од алиштата за
перење.
Не ставајте сад под апаратот за
собирање вода во случај на
протекување. Контактирајте со
Овластениот сервисен центар за да
проверите кои додатоци можат да
се користат.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
МАКЕДОНСКИ 5
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Преглед на апаратот
3
1
4
5
2
1
Контролна табла
2
Капак
3
Рачка на капакот
4
Ногалки за нивелирање на
апаратот
5
Плочка со спецификации
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
4.1 Опис на контролна табла
Easy Iron
De
lay StartPrewash
Extra Rinse
Temp.
Spin
Cottons
Cottons Eco
Synthetics
Delicates
W
ool/Handwash
Jeans
On/Off
Rinse
Spin/Drain
Curt
ains
Silk
Duvet
Sports
5 Shirts
Lingerie
Start/Pause
1 2 3 4 5
1011
8
7
9
6
1
Копче Вклучено Исклучено
(Вклучено/Исклучено)
2
Копче за програми
3
Копче на допир за намалување на
центрифугата
(Центрифуга)
4
Копче на допир за температура
(Температура)
5
Екран
6
Копче на допир за предперење
(Претперење)
7
Копче на допир за одложен
почеток (Oдложен почеток)
8
Копче на допир за дополнително
плакнење (Дополнително
плакнење)
9
Копче на допир за лесно пеглање
(Лесно пеглање)
www.electrolux.com6
10
Копче на допир за Старт/Пауза
(Почеток/Пауза)
11
Копчиња на допир на Управител на
време
(Time Manager)
4.2 Екран
A B C D
E
FG
A) Подрачје за температурата:
: Tемпературен показател
: Показател за студена вода
B) : Показател за одредување на
времето.
C) Поле за време:
: времетраење на
програмата
: одложен почеток
: шифри за аларм
: порака за грешка
: програмата е завршена.
D)
: показател за безбедносната
брава за деца.
E) Показатели за перење:
: фаза на перење
: фаза на плакнења
: фаза на центрифугирање
: опција за постојано
Дополнително плакнење.
F) Подрачје за центрифугата:
: показател за брзината
на Центрифугата
: показател за Без
центрифуга
: показател за Задржано
плакнење
: показател за Екстра тивко.
G)
: показател за Заклучена врата
5. ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ
Програма
Опсег на
температурата
Максимално
полнење
Максимална
брзина на
центрифугат
а
Опис на програма
(Вид на полнење и ниво на валканост)
Програми за миење
МАКЕДОНСКИ 7
Програма
Опсег на
температурата
Максимално
полнење
Максимална
брзина на
центрифугат
а
Опис на програма
(Вид на полнење и ниво на валканост)
Памучни
90°C - Студено
6 kg
1200
врт. во
минута
Бели памучни алишта и обоени памучни
алишта. Нормално извалкани и малку
извалкани.
Памучни
Еко
1)
60° - 40° C
6 kg
1200 врт. во
минута
Бели памучни алишта и алишта од трајно
обоен памук. Нормално извалкани.
Потрошувачката на енергија се намалува, а
времето на програмата за перење се
продолжува.
Синтетика
60° - Студено
2,5 kg
1200 врт. во
минута
Синтетички алишта или алишта од мешани
ткаенини. Нормално извалкани.
Нежни
40° - Студено
2,5 kg
1200
врт. во
минута
Нежни ткаенини какви што се акрил,
вискоза, полиестер. Нормално извалкани.
Волна/
рачно перење
40° - Студено
1 kg
1200
врт. во
минута
Волна што се пере во машина, волна што
се пере на рака и нежни ткаенини со ознака
за нега «рачно перење».
2)
Tексас
60° - Студено
3 kg
1200
врт. во
минута
Алишта од тексас платно и трико. Исто така
и за темни алишта.
Плакнење
6 kg
1200
врт. во
минута
За плакнење и центрифугирање на алиштата.
Сите ткаенини.
Центрифугирање/
Цедење
3)
6 kg
1200 врт. во
минута
За центрифугирање на алиштата и за цедење
на водата од барабанот. Сите ткаенини.
Женска
долна облека
40° - Студено
1 kg
800 врт. во
минута
Специјална програма за многу нежни алишта,
како женска долна облека, градници, гаќи и
сл.
Свила
30° - Студено
1 kg
800 врт. во
минута
Специјална програма за свила и мешани
синтетички алишта.
Завеси
40° - Студено
2 kg
800 врт. во
минута
Специјална програма за завеси. Фазата на
предперење се вклучува автоматски.
4)
www.electrolux.com8
Програма
Опсег на
температурата
Максимално
полнење
Максимална
брзина на
центрифугат
а
Опис на програма
(Вид на полнење и ниво на валканост)
Јорган
60° - 30°
2 kg
800 врт. во
минута
Специјална програма за перење едно
синтетичко ќебе, јорган, прекривка за
кревет
итн.
Cпортски
30°
2,5 kg
800 врт. во
минута
Синтетички и нежни алишта. Малку
извалкани алишта или алишта за
освежување.
5 кошули
30°
1,5 kg
800 врт. во
минута
Алишта од синтетички или мешани
ткаенини. Малку извалкани алишта и алишта
за освежување. За 5 - 6 кошули.
1)
Стандардни програми за вредности на потрошувачка со Енергетската етикета.
Во согласност со регулативата 1061/2010, овие програми се соодветни на
«Стандардната програма за памучни алишта на 60°
C» и «Стандардната програма за
памучни алишта на 40°C». Тие се најефикасните програми во однос на комбинацијата
на енергија и потрошувачка на вода за перење на нормално валкани памучни алишта.
Температурата на водата во фазата на перење може да биде различна
од декларираната температура за поставената програма.
2)
Во текот на овој циклус, барабанот се врти бавно за да обезбеди нежно перење.
Може да изгледа како барабанот воопшто да не се врти или како да не се врти
правилно. Ова е нормално функционирање на апаратот.
3)
Поставете ја брзината на центрифугата. Проверете дали е соодветна за алиштата.
Доколку ја поставите опцијата Без центрифуга, достапна е само фазата на цедење.
4)
Не користите детергент за фазата за предперење за да исплакнете само со вода.
Компатибилност на опции на програми
Програмa
1)
МАКЕДОНСКИ 9
Програмa
1)
Поставете ја брзината на центрифугата. Проверете дали е соодветна за алиштата.
Доколку ја поставите опцијата Без центрифуга, достапна е само фазата на цедење.
6. ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ
Податоците во оваа табела се приближни. Податоците може да се
променат
од различни причини: количината и типот на алишта,
водата и температурата на околината.
На почетокот на програмата, екранот го прикажува траењето на
програмата со максимално полнење.
За
време на фазата на перење, траењето на програмата
автоматски се пресметува и може значително да се намали ако
полнењето е помало од максималниот капацитет на полнење (на
пр. Памучни 60°C , максимално полнење 6 kg, траењето на
програмата надминува 2 часа; реално полнење од 1 kg, траењето
на програмата е пократко од 1 час).
Кога апаратот го пресметува реалното траење на програмата, на
екранот трепка точкa.
Програми Полнењ
е (kg)
Потрошув
ачка на
енергија
(kWh)
Потрошув
ачка на
вода
(литри)
Приближн
о траење
на
програмат
а (минути)
Преостана
та влага
(%)
1)
Памучни 60 °C 6 1,40 65 200 53
Памучни 40 °C 6 0,85 62 190 53
Синтетика 40 °C 2,5 0,50 46 105 35
Нежни 40 °C 2,5 0,55 46 90 35
Волна/рачно
перење
30 °C
1 0,36 50 65 30
www.electrolux.com10
Програми Полнењ
е (kg)
Потрошув
ачка на
енергија
(kWh)
Потрошув
ачка на
вода
(литри)
Приближн
о траење
на
програмат
а (минути)
Преостана
та влага
(%)
1)
Стандардни памучни програми
Стандардни
памучни на 60 °C
6 0,78 49 200 53
Стандардни
памучни на 60 °C
3 0,56 41 150 53
Стандардни
памучни на 40°C
3 0,53 41 138 53
1)
На крајот на фазата на центрифугирање.
Режим на исклучено (W) Режим на вклучено (W)
0,48 0,48
Информациите дадени во графиконот погоре се во согласност со регулативата
на Европската комисија 1015/2010 за имплементирање на директивата
2009/125/ЕК.
7. ОПЦИИ
7.1 Температура
Поставете ја оваа опција за да ја
промените стандардната температура.
Показно светло = студена вода.
На екранот се прикажува поставената
температура.
7.2 Центрифуга
Со оваа опција можете да ја намалите
основната брзина на центрифугата.
На екранот се прикажува показното
светло за поставената брзина.
Дополнителни опции за
центрифуга:
Без центрифуга
Поставете ја оваа опција за да ги
отстраните сите фази на
центрифугирање.
Поставете ја за многу нежни
алишта.
Фазата на плакнење користи повеќе
вода кај некои програми за перење.
На екранот се прикажува показното
светло
.
Задржано плакнење
Поставете ја оваа опција за да
спречите туткање на алиштата.
Програмата за перење запира со
вода во барабанот. Барабанот се
врти редовно за да спречи туткање
на алиштата.
Капакот останува заклучен. Морате
да ја исцедите водата за да го
отклучите капакот.
На екранот се прикажува показното
светло
.
За да ја исцедите водата,
погледнете во „На крај од
програмата“.
Екстра тивко
Поставете ја оваа опција за да ги
отстраните сите фази на
центрифугирање и за да извршите
тивко перење.
Фазата на плакнење користи повеќе
вода кај некои програми за перење.
МАКЕДОНСКИ 11
Програмата за перење запира со
вода во барабанот. Барабанот се
врти редовно за да спречи туткање
на алиштата.
Капакот останува заклучен. Морате
да ја исцедите водата за да го
отклучите капакот.
На екранот се прикажува показното
светло
.
За да ја исцедите водата,
погледнете во „На крај од
програмата“.
7.3 Претперење
Со оваа опција можете да додадете
фаза на предперење кон програмата
за перење.
Користете ја оваа функција за многу
извалкани алишта.
Кога ќе ја поставите оваа опција,
времетраењето на програмата се
зголемува.
Се пали соодветното показно светло.
7.4 Oдложен почеток
Со оваа опција можете да го одложите
почетокот на програмата од 30 минути
до 20 часа.
На екранот се прикажува соодветноро
показно светло.
7.5 Дополнително плакнење
Со оваа опција можете да додадете
фаза неколку плакнења кон
програмата за перење.
Користете ја оваа опција за лица
алергични на детергенти и во области
каде водата е мека.
Се пали соодветното показно светло.
7.6 Лесно пеглање
Машината внимателно ги пере и
центрифугира алиштата за да се
спречи туткање.
Машината ја намалува брзината на
центрифугата, користи повеќе вода и
го прилагодува времетраењето на
програмата според видот на
алиштата.
Се пали соодветното показно светло.
7.7 Управител на време
При поставување програма за перење,
на екранот се прикажува стандардното
времетраење.
Притиснете го или за да го
намалите или зголемите
времетраењето на програмата.
Управителот на време е достапен
само со програмите дадени во
табелата.
Пок
аза
тел
1) 1)
2)
3)
3)
3)
4)
3)
3)
3)
1)
Ако е достапно.
2)
Најкратко: за освежување на
алиштата.
3)
Основно времетраење на програмата.
4)
Најдолго: Продолжувањето на
траењето на програмата постепено ја
намалува потрошувачката на енергија.
Оптималната фаза на загревање штеди
енергија, а подолгото траење дава исти
резултати на перење (посебно кај
нормално извалкани алишта).
www.electrolux.com12
8. ПОСТАВКИ
8.1 Брава за деца
Со оваа опција можете да спречите
децата да си играат со контролната
табла.
За да ја вклучите/исклучите оваа
опција, притискајте ги истовремено
и сé додека не се вклучи/
исклучи показното светло
.
Оваа опција можете да ја вклучите:
Откако ќе го притиснете копчето
: копчињата за опциите и
програмата се заклучени.
Пред да го притиснете копчето
:
апаратот не може да се вклучи.
8.2 Звучни сигнали
Звучните сигнали работат кога:
програмата е завршена.
апаратот е во дефект.
За да ги вклучите/исклучите
звучните сигнали, притиснете ги
истовремено копчињата
и 6
секунди.
Ако ги исклучите звучните
сигнали, тие продолжуваат
да работат кога апаратот
има дефект.
8.3 Постојано дополнително
плакнење
Со оваа опција можете постојано да
имате дополнително плакнење кога
поставувате нова програма.
За да ја вклучите/исклучите оваа
опција, притискајте ги истовремено
и сé додека не се вклучи/
исклучи показното светло не се
вклучи/исклучи.
9. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Ставете мала количина детергент
во фиоката за фазата на перење.
2. Поставете ја и стартувајте ја
програмата за памук на
највисоката температура без
алишта.
Ова ја отстранува целата нечистотија
од барабанот и од внатрешноста.
10. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
10.1 Полнење со алишта
1. Отворете го капакот на апаратот.
2. Притиснете го копчето A.
Барабанот се отвора автоматски.
3. Ставете ги алиштата во
барабанот, едно по едно парче.
4. Протресете ги алиштата пред да
ги ставите во апаратот.
Не ставајте многу алишта во
барабанот.
5. Затворете ги барабанот и капакот.
A
ВНИМАНИЕ!
Пред да го затворите
капакот на вашиот апарат,
видете дали правилно сте
го затвориле барабанот.
МАКЕДОНСКИ 13
10.2 Користење детергент и
додатоци
Измерете ги детергентот и
омекнувачот.
10.3 Прегради за детергент
ВНИМАНИЕ!
Користете само наведени детергенти за машини за перење алишта.
Секогаш следете ги упатствата што ќе ги најдете на пакувањето на
детергентот.
Преграда за детергент за фазата на предперење.
Преграда за детергент за фазата на перење.
Преграда за течни додатоци (омекнувач, штирак).
Ознаката
M
е максималното ниво за количината на течни
додатоци.
10.4 Вклучување на
машината
Притиснете го копчето
за да ја
вклучите или исклучите машината. Се
огласуваат звуци на мелодија кога ќе
се активира машината.
10.5 Поставување програма
1. Свртете го копчето на
програматорот и поставете ја
програмата:
Се пали показното светло за
соодветната програма.
Показателот за
трепка.
На екранот се прикажува
нивото на Управителот со
време , времетраењето на
програмата и показателите на
програмските фази.
2. Доколку е неопходно, променете ја
температурата, брзината на
центрифугата, времетраењето на
циклусот, или додадете ги
достапните опции. Кога вклучувате
опција, се вклучува показното
светло за поставената опција.
Доколку поставите нешто
неточно, на екранот се
прикажува пораката .
10.6 Започнување програма
без одложен почеток
Притиснете го
.
Показателот
престанува да
трепка и останува вклучен.
www.electrolux.com14
Показното светло
започнува да трепка на екранот.
Програмата започнува, капакот
е заклучен, а на екранот се
прикажува показното светло
.
Пумпата за цедење може да
работи кратко време кога
апаратот полни вода.
По околу 15 минути од
почетокот на програмата:
Машината автоматски
го прилагодува
времетраењето на
програмата за да се
совпадне со полнењето
алишта.
На екранот се
прикажува новата
вредност.
10.7 Започнување програма
со одложен почеток
1. Притискајте го
повеќепати
додека на екранот не се прикаже
одложувањето што сакате да го
поставите.
На екранот се пали соодветното
показно светло.
2. Притиснете го :
Апаратот го започнува
одбројувањето.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата за перење
започнува автоматски.
Можете да го откажете или
промените поставениот
одложен почеток пред да
притиснете . За да го
откажете одложениот
почеток:
Притиснете го
за го поставите
апаратот на пауза.
Притискајте го
додека на екранот
не се прикаже .
Притиснете го
повторно
, за
веднаш да започне
програмата.
10.8 Прекинување на
програма и менување на
опции
Можете да промените само одредени
опции пред да се вклучат.
1. Притиснете го .
Показното светло трепка.
2. Променете ги опциите.
3. Притиснете го повторно .
Програмата продолжува.
10.9 Откажување програма во
тек
1. Притиснете го копчето
неколку
секунди за да ја откажете
програмата и да ја исклучете
машината.
2. Притиснете го истото копче
повторно за да ја вклучите
машината. Сега, можете да
поставите нова програма за
перење.
Пред да започне со новата
програма, апаратот може
да ја цеди водата. Во тој
случај, проверете дали
детергентот е уште во
преградата за детергент,
ако не е, повторно
наполнете детергент.
МАКЕДОНСКИ 15
10.10 Отворање на капакот
Додека програмата или одложениот
почеток се во тек, капакот на апаратот
е заклучен. На екранот се прикажува
показното светло
.
ВНИМАНИЕ!
Доколку температурата и
нивото на водата во
барабанот се премногу
високи, не можете да го
отворите капакот.
Отворете го капакот на машината
кога работи одложениот почеток:
1. Притиснете го за да го ставите
апаратот на пауза.
2. Почекајте да се изгасне
показателот за капакот .
3. Можете да го отворите капакот.
4. Затворете го капакот и притиснете
го повторно копчето
.
Одложениот почеток продолжува
да работи.
Отворете го капакот додека
програмата работи:
1. Притиснете го копчето или
неколку секунди за да ја исклучите
машината.
2. Почекајте неколку минути и потоа
отворете го капакот на апаратот.
3. Затворете го капакот и повторно
поставете ја програмата.
10.11 На крај од програмата
Уредот запира автоматски.
Звучните сигнали работат (ако се
вклучени).
Симболот
се пали на екранот.
Се исклучува показното светло .
Показното светло за заклучување
на капакот
се гаси.
Можете да го отворите капакот.
Извадете ги алиштата од апаратот.
Проверете дали барабанот е
празен.
Затворете ја славината за вода.
Притиснете го копчето
неколку
секунди за да ја исклучите
машината.
Подотворете го капакот за да
спречите мувла и мириси.
Програмата за перење е завршена,
но има вода во барабанот:
Барабанот се врти редовно за да
спречи туткање на алиштата.
Показното светло за заклучување
на капакот
свети. Капакот
останува заклучен.
Морате да ја исцедите водата за да
го отворите капакот.
За да ја исцедите водата:
1. Притиснете го . Апаратот ја
цеди водата и центрифугира.
2. За да го направите апаратот само
да цеди, поставете . Ако е
неопходно, намалете ја брзината
на центрифугата.
3. Кога програмата е завршена и
показното светло за заклучен
капак
ќе се изгасне, можете да
ја отворите вратата.
4. Притиснете го копчето неколку
секунди за да ја исклучите
машината.
Апаратот цеди и
центрифугира автоматски
после приближно 18 часа
(освен кај програми за
волна).
10.12 Опција АВТОМАТСКА
состојба на мирување
Опцијата АВТОМАТСКА состојба на
мирување
автоматски ја исклучува
машината за да ја намали
потрошувачката на електрична
енергија кога:
Не ја користете машината 5 минути
пред да го притиснете
.
Притиснете го копчето за
повторно да ја вклучите машината.
По 5 минути од крајот на
програмата за перење
Притиснете го копчето
за
повторно да ја вклучите машината.
www.electrolux.com16
На екранот се прикажува крајот на
последната поставена програма.
Свртете го програматорот за да
поставите нов циклус.
11. ПОМОШ И СОВЕТИ
11.1 Полнење алишта
Поделете ги алиштата на: бели,
обоени, синтетика, нежни и
волнени.
Следете ги упатствата за перење
што се наоѓаат на етикетите на
алиштата.
Не перете заедно бели и алишта во
боја.
Некои алишта во боја може да ја
изгубат боја по првото перење. Ви
препорачуваме да ги перете
одделно првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за
перници, патентите, куките и
дрикерите. Врзете ги ремените.
Испразнете ги џебовите и
исправете ги алиштата.
Превртете ги повеќеслојните
ткаенини, волната и алиштата со
насликани илустрации.
Отстранете ги тешките дамки.
Перете ги тврдокорните дамки со
специјален детергент.
Бидете внимателни со завесите.
Тргнете ги куките или ставете ги
завесите во торба за перење или
во навлака.
Немојте да перете во апаратот
исечени или алишта без раб.
Користете ја корпата за перење за
перење на мали предмети ( на пр.
градници со жица, колани,
хулахопки, итн.).
Многу мало полнење може да
предизвика проблеми со
рамнотежата за време на фазата
на центрифугирање. Ако се случи
ова, распоредете ги рачно
алиштата во барабанот и повторно
вклучете ја фазата на
центрифугирање.
11.2 Тврдоглави дамки
За некои дамки, водата и детергентот
не се доволни.
Ви препорачуваме да ги отстраните
овие дамки пред да ги ставите
алиштата во апаратот.
На располагање има специјални
отстранувачи на дамки. Користете
специјален отстранувач за дамки
којшто е прикладен за видот на
дамката и материјалот.
11.3 Детергенти и додатоци
Користете само детергенти и
додатоци што се предвидени за
употреба во машина за перење:
прашоци за перење за сите
видови ткаенини,
прашоци за перење за
чувствителни ткаенини (до 40
°C) и волна,
течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (до 60 °C) за сите
видови ткаенини или
специјални само за волна.
Не мешајте различни видови
детергенти.
Заради заштита на животната
средина, не користете повеќе од
точното количество детергент.
Секогаш следете ги упатствата што
ќе ги најдете на пакувањето на
овие производи.
Користете соодветни производи за
видот и бојата на ткаенината,
температурата на програмата и
нивото на извалканост.
Ако вашиот апарат нема дозер за
детергент со преклопник, додајте
течен детергент со топка за
дозирање (испорачана од
производителот на детергентот).
11.4 Еколошки практични
совети
Поставете програма за перење на
алишта со нормална извалканост
без фаза на предперење.
МАКЕДОНСКИ 17
Секогаш стартувајте ја програмата
за перење со максимален
капацитет на алишта.
Ако е потребно, користете
отстранувач за дамки за да
поставите програма со ниска
температура.
За да користите точна количина на
детергент, проверете ја тврдоста
на водата во вашиот дом
11.5 Тврдост на вода
Ако тврдоста на водата во вашата
област е висока или средна, ви
препорачуваме да користите
омекнувач за вода за машини за
перење. Во областите каде тврдоста
на водата е мека, нема потреба од
омекнувач за вода.
За да ја дознаете тврдоста на водата
во вашата област, јавете се во
локалното претпријатие за водовод.
Користете соодветна количина на
омекнувач за водата. Секогаш следете
ги упатствата што ќе ги најдете на
пакувањето на производот.
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
12.1 Надворешно чистење
Исчистете го апаратот само со сапун и
топла вода. Целосно исушете ги сите
површини.
ВНИМАНИЕ!
Не користете алкохол,
растворувачи или хемиски
производи.
12.2 Отстранување бигор
Ако тврдоста на водата во вашата
област е висока или средна, ви
препорачуваме да користите средство
за отстранување бигор за машини за
перење.
Редовно прегледувајте го барабанот
за да спречите појава на бигор и рѓа.
За да ја отстраните 'рѓата, користете
само специјални производи за машини
за перење. Направете го ова засебно
од перењето алишта.
Секогаш следете ги
упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
производот.
12.3 Перење за одржување
Со програмите за ниска температура
можно е да остане малку детергент во
барабанот. Редовно чистете го
апаратот. За да го направите ова:
Извадете ги алиштата од
барабанот.
Поставете ја програмата за
памучни алишта на највисока
температура со мала количина на
детергент.
www.electrolux.com18
12.4 Чистење на дозерот за детергент
1. 2.
3.
12.5 Чистење на одводниот филтер
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не чистете го одводниот
филтер ако водата во
апаратот е жешка.
1.
4
3
5
6
2
1
2.
1
2
3
CLACK
4
CLACK
МАКЕДОНСКИ 19
12.6 Чистење на доводното црево и филтерот на вентилот
1.
1
2
3
2.
3. 4.
90˚
12.7 Заштита од замрзнување
Ако апаратот е монтиран во област
каде температурата може да падне
под 0°C, отстранете ја преостаната
вода од доводното црево и од пумпата
за цедење.
Оваа постапка направете
ја исто така кога сакате да
извршите итно цедење.
1. Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
2. Затворете ја славината и откачете
го доводното црево.
3. Откачете го одводното црево од
лавабото или чешмата.
4. Ставете ги краевите на одводното
и доводното црево во сад.
Оставете ја водата да истече од
цревата.
5. Одберете ја програмата за цедење
и оставете ја да сврти цел циклус.
6. Свртете го програматорот на Стоп
за да го исклучите апаратот од
струја.
7. Исклучете го апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Проверете дали температурата е
повисока од 0°C пред повторно да го
користите апаратот. Производителот
не е одговорен за штетите
предизвикани од ниска температура.
13. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48

Electrolux EWT41266TW Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare