Electrolux EWT1376HGW Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare
EWT 1376HGW
MK Машина за перење Упатство за ракување 2
RO Maşină de spălat rufe Manual de utilizare 27
SL Pralni stroj Navodila za uporabo 51
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА............................................................................ 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ.................................................................................6
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА.........................................................................................6
5. ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ..................................................................................8
6. ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ.................................................................... 11
7. ОПЦИИ.............................................................................................................12
8. ПОСТАВКИ...................................................................................................... 14
9. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА............................................................................ 15
10. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.........................................................................15
11. ПОМОШ И СОВЕТИ......................................................................................19
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................20
13. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.......................................................................23
14. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ...............................................................................26
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што одлучивте да купите апарат Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добро дојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добијте корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com/webselfservice
да го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
да купувате додатоци, половни и оригинални делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИСИРАЊЕ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите можете да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтирање и користење на апаратот, ве
молиме внимателно да ги прочитате приложените
упатства. Производителот не сноси одговорност за
направена повреда или штета кои се резултат на
неправилна монтажа или употреба. Секогаш чувајте
ги упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Децата на 3 годишна возраст и помали мора да се
држат подалеку од апаратот секогаш кога работи.
Држете ја амбалажата подалеку од децата и
разрешете се соодветно од него.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 7 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
МАКЕДОНСКИ 3
Притисокот на водата при работа кај точката на
влез на водата од доводот мора да биде меѓу 0,5
bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa).
Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од таписон, килим
или било каков покривач за под.
Апаратот мора да биде поврзан со водоводната
мрежа со помош на добиениот комплет на црева,
или нов комплет од црева кои ќе ги добиете од
Овластениот сервисен центар.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
Чистете го апаратот со навлажнета крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунгери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
Чувајте ги транспортните
штрафови на сигурно место. Ако
апаратот ќе се премести во иднина
тие мора да бидат заштрафени за
да се заклучи барабанот и да се
спречи внатрешно оштетување.
Секогаш внимавајте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0°C
или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
Подот каде што ќе биде поставен
апаратот мора да биде рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
www.electrolux.com4
Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
Приспособете ги ногарките за да
има доволно простор меѓу апаратот
и килимот.
Не монтирајте го апаратот на места
каде што капакот на апаратот не
може целосно да се отвори.
Не ставајте сад под апаратот за
собирање вода во случај на
протекување. Контактирајте со
Овластениот сервисен центар за да
проверите кои додатоци можат да
се користат.
2.2 Поврзување на струја
Апаратот мора да биде заземјен.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Поврзување со вода
Не ги оштетувајте цревата за вода.
Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
2.4 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
Овој апарат е само за домашна
употреба.
Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
Проверете дали сите метални
предмети се извадени од алиштата.
2.5 Сервисирање
За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
Користете само оригинални
резервни делови.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од струја и
вода.
Извадете го електричниот кабел
блиску до апаратот и фрлете го.
Извадете ја кваката на вратата за
да спречите затварање на деца или
миленици во барабанот.
Фрлете го апаратот во согласност
со условите за фрлање на
Искористена електрична и
електронска опрема (ИЕЕО).
МАКЕДОНСКИ 5
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Преглед на апаратот
2
3
1
4
5
6
1
Контролна плоча
2
Капак
3
Мек пристап
4
Филтер на одводната пумпа
5
Ногарки за ливелирање на
апаратот
6
Плочка со спецификации
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
4.1 Опис на контролна табла
Temp.
Spin
Easy Iron
Delay StartPrewash
Extra Rinse
Start/Pause
Cottons
Cotton Eco
Synthetics
Delicates
Wool/Handwash
Jeans
On/Off
Rinse
Spin/Drain
1 2 3 4 5
1011
8
7
9
6
1
Копче Вклучено / Исклучено
(On/Off)
2
Регулатор за програми
3
Копче на допир за намалување на
центрифугата (Центрифуга)
4
Копче на допир за температура
(Температура)
5
Екран
6
Копче на допир за претперење
(Предперење)
7
Копче на допир за одложен
почеток (Oдложен почеток)
8
Копче на допир за дополнително
плакнење (Дополнително
плакнење)
www.electrolux.com6
9
Копче на допир за лесно пеглање
(Лесно пеглање)
10
Копче на допир за Старт/Пауза
(Почеток/Пауза)
11
Копчиња на допир на Управител на
време (Time Manager)
4.2 Екран
A B C D
E
FG
A. Подрачје за температурата:
: Показно светло за
температура
: Показно светло за студена
вода
B. : Показател за одредување на
времето.
C. Поле за време:
: времетраење на
програмата
: одложен почеток
: шифри за аларм
: порака за грешка
: програмата е завршена.
D. : показател за безбедносната
блокада за деца.
E. Показни светла за перење:
: фаза на перење
: фаза на плакнења
: фаза на центрифугирање
: фаза на пареа
: опција за постојано
Дополнително плакнење.
F. Подрачје за центрифугата:
: показател за брзината
на Центрифугата
: показател за Без
центрифуга
: показател за Задржано
плакнење
: показател за Екстра тивко.
G. : показно светло за Заклучен
капак
МАКЕДОНСКИ 7
5. ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ
Програма
Опсег на
температурата
Максима
лно
полнење
Максима
лна
брзина
на
центриф
угата
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Програми за перење
Памучни
90°C - Студено
7 kg
1300 rpm
(врт. во
минута)
Бели памучни алишта и обоени памучни
алишта. Нормално извалкани и малку
извалкани.
Памучни Eко
1)
60°C - 40°C
7 kg
1300 rpm
(врт. во
минута)
Бели памучни алишта и алишта од трајно
обоен памук. Нормално извалкани.
Потрошувачката на енергија се намалува, а
времето на програмата за перење се
продолжува.
Cинтетика
60°C - Студено
3 kg
1200 rpm
(врт. во
минута)
Синтетички алишта или алишта од
мешани ткаенини. Нормално извалкани.
Нежни
40°C - Студено
2,5 kg
1200 rpm
(врт. во
минута)
Нежни ткаенини какви што се акрил,
вискоза, полиестер. Нормално извалкани.
Волна/Рачно
перење
40°C - Студено
1 kg
1200 rpm
(врт. во
минута)
Волна што се пере во машина, волна што
се пере рачно и нежни ткаенини со
симбол за «рачно перење».
2)
Tексас
60°C - Студено
3 kg
1200 rpm
(врт. во
минута)
Алишта од тексас платно и трико. Исто
така и за темни алишта.
Плакнења
7 kg
1300 rpm
(врт. во
минута)
За плакнење и центрифугирање на
алиштата. Сите ткаенини, освен волнени и
многу чувствителни ткаенини. Намалете ја
брзината на центрифугата во зависност од
видот на алишта.
Центрифугирање/
Цедење
3)
7 kg
1300 rpm
(врт. во
минута)
За центрифугирање на алиштата и за
цедење на водата од барабанот. Сите
ткаенини, освен волнени и многу
чувствителни ткаенини.
www.electrolux.com8
Програма
Опсег на
температурата
Максима
лно
полнење
Максима
лна
брзина
на
центриф
угата
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Јорган
60°C - 30°C
2 kg
800 rpm
(врт. во
минута)
Специјална програма за перење едно
синтетичко ќебе, јорган, прекривка за
кревет итн.
Облека за
спортување
30°C
2,5 kg
800 rpm
(врт. во
минута)
Синтетички и нежни алишта. Малку
извалкани алишта или алишта за
освежување.
14 мин.
30°C
1 kg
800 rpm
(врт. во
минута)
Алишта од синтетички или мешани
ткаенини. Малку извалкани алишта и
алишта за освежување.
Програми со пареа
4)
Пареата може да се користи за исушени, перени или еднаш носени алишта.
Овие програми може да ги намалат туткањето и мирисите и да ги направат
алиштата помеки.
Не користете никаков детергент. Ако е потребно, отстранете ги дамките со
перење или со локална примена на средство за отстранување дамки.
Програмите со пареа не содржат циклус за дезинфекција.
Не поставувајте ја програмата со пареа за следните видови алишта:
Алишта што се перат на температура пониска од 40°C.
Алишта на чија што етикета за одржување не е означено дека се погодни за
сушење во машина.
Сите алишта со пластични, метални, дрвени и други слични делови.
Пареа за освежување
1 kg Програма со пареа за памучни и
синтетички алишта. Овој циклус го
отстранува мирисот од алиштата.
5)
Пареа за синтетика
1 kg Програма за сушење за синтетички
алишта. Со овој циклус се исправаат
алиштата.
МАКЕДОНСКИ 9
Програма
Опсег на
температурата
Максима
лно
полнење
Максима
лна
брзина
на
центриф
угата
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Пареа за памук
1 kg Програма со пареа за памук. Со овој циклус
се исправаат алиштата.
1)
Стандардни програми за вредности на потрошувачка со Енергетската етикета.
Во согласност со регулативата 1061/2010, овие програми се соодветни на
«Стандардната програма за памучни алишта на 60°C» и «Стандардната програма за
памучни алишта на 40°C». Тие се најефикасните програми во однос на комбинацијата
на енергија и потрошувачка на вода за перење на нормално валкани памучни алишта.
Температурата на водата во фазата на перење може биде различна од
декларираната температура за поставената програма.
2)
За време на овој циклус, барабанот бавно ротира или неправилно ротира, но тоа е
нормално за оваа програма.
3)
Поставете ја брзината на центрифугата. Проверете дали е соодветна за видот на
ткаенина која се пере. Доколку ја поставите опцијата Без центрифуга, достапна е само
фазата на цедење.
4)
Ако поставите програма со пареа со исушени алишта, на крајот на циклусот
алиштата ќе бидат влажни. Подобро оставете ги околу 10 минути на воздух за да
испари влагата. Штом ќе заврши програмата, веднаш извадете ги алиштата од
барабанот. Откако ќе заврши циклусот со пареа, алиштата можеби ќе треба сепак да
се испеглаат, но за тоа ќе биде потребен помал напор.
5)
Пареата не ги отстранува животинските мириси.
Компатибилност на опции со програми
Програмa
1)
www.electrolux.com10
Програмa
1)
Поставете ја брзината на центрифугата. Проверете дали е соодветна за видот на
ткаенина која се пере. Доколку ја поставите опцијата Без центрифуга, достапна е само
фазата на цедење.
5.1 Woolmark Apparel Care -
Сино
Циклусот за перење волна кај оваа
машина е одобрен од страна на
компанијата The Woolmark Company за
перење волнени алишта означени со
етикетата «рачно перење», под услов
алиштата да се испрани според
инструкциите дадени од
производителот на оваа машина за
перење. Следете ги инструкциите
дадени на етикетата на алиштата за
сушење, како и другите инструкции за
алиштата. M1145
Во Обединетото Кралство, Ирска,
Хонгконг и Индија, симболот Woolmark
е заштитена трговска марка.
6. ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ
Податоците во оваа табела се приближни. Различните променливи
може да влијаат врз податоците: количината и типот на алишта,
водата и температурата на околината.
На почетокот на програмата, екранот го прикажува траењето на
програмата со максимално полнење.
За време на фазата на перење, траењето на програмата
автоматски се пресметува и може значително да се намали ако
полнењето е помало од максималниот капацитет на полнење (на
пр. Памучни 60°C , максимално полнење 7 kg, траењето на
програмата надминува 2 часа; реално полнење од 1 kg, траењето
на програмата е пократко од 1 час).
Кога апаратот го пресметува реалното траење на програмата, на
екранот трепка точкa.
МАКЕДОНСКИ 11
Програми Полнењ
е (kg)
Потрошув
ачка на
енергија
(kWh)
Потрошув
ачка на
вода
(литри)
Приближн
о траење
на
програмат
а (минути)
Преостана
та влага
(%)
1)
Памучни 60°C 7 1,25 80 210 52
Памучни 40°C 7 1,10 80 210 52
Cинтетика 40°C 3 0,70 60 140 35
Нежни 40°C 2,5 0,45 46 110 35
Волна/Рачно
перење 30°C
2)
1 0,33 44 55 30
Стандардни памучни програми
Стандардни
памучни на 60°C
7 0,85 48 242 52
Стандардни
памучни на 60°C
3,5 0,51 38 182 52
Стандардни
памучни на 40°C
3,5 0,47 38 181 52
1)
На крајот на фазата на центрифугирање.
2)
Не е достапно кај некои модели.
Режим на исклучено (W) Режим на вклучено (W)
0.30 0.30
Информациите дадени во графиконот погоре се во согласност со регулативата
на Европската комисија 1015/2010 за имплементирање на директивата
2009/125/ЕК.
7. ОПЦИИ
7.1 Температура
Поставете ја оваа опција за да ја
промените стандардната температура.
Показно светло
= студена вода.
На екранот се прикажува поставената
температура.
7.2 Центрифуга
Со оваа опција можете да ја намалите
основната брзина на центрифугата.
На екранот се прикажува показното
светло за поставената брзина.
Дополнителни опции за
центрифуга:
Без центрифуга
www.electrolux.com12
Поставете ја оваа опција за да ги
отстраните сите фази на
центрифугирање.
Поставете ја за многу нежни
алишта.
Фазата на плакнење користи повеќе
вода кај некои програми за перење.
На екранот се прикажува показното
светло .
Задржано плакнење
Поставете ја оваа опција за да
спречите туткање на алиштата.
Програмата за перење запира со
вода во барабанот. Барабанот се
врти редовно за да спречи туткање
на алиштата.
Капакот останува заклучен. Морате
да ја исцедите водата за да го
отклучите капакот.
На екранот се прикажува показното
светло
.
За да ја исцедите водата,
погледнете во „На крај од
програмата“.
Екстра тивко
Поставете ја оваа опција за да ги
отстраните сите фази на
центрифугирање и за да извршите
тивко перење.
Фазата на плакнење користи повеќе
вода кај некои програми за перење.
Програмата за перење запира со
вода во барабанот. Барабанот се
врти редовно за да спречи туткање
на алиштата.
Капакот останува заклучен. Морате
да ја исцедите водата за да го
отклучите капакот.
На екранот се прикажува показното
светло .
За да ја исцедите водата,
погледнете во „На крај од
програмата“.
7.3 Предперење
Со оваа опција можете да додадете
фаза на предперење кон програмата
за перење.
Користете ја оваа функција за многу
извалкани алишта.
Кога ќе ја поставите оваа опција,
времетраењето на програмата се
зголемува.
Се пали соодветното показно светло.
7.4 Oдложен почеток
Со оваа опција можете да го одложите
почетокот на програмата од 30 минути
до 20 часа.
На екранот се прикажува соодветноро
показно светло.
7.5 Дополнително плакнење
Со оваа опција можете да додадете
фаза неколку плакнења кон
програмата за перење.
Користете ја оваа опција за лица
алергични на детергенти и во области
каде водата е мека.
Се пали соодветното показно светло.
7.6 Лесно пеглање
Машината внимателно ги пере и
центрифугира алиштата за да се
спречи туткање.
Машината ја намалува брзината на
центрифугата, користи повеќе вода и
го прилагодува времетраењето на
програмата според видот на
алиштата.
Се пали соодветното показно светло.
7.7 Управител на време
При поставување програма за перење,
на екранот се прикажува стандардното
времетраење.
Притиснете го или за да го
намалите или зголемите
времетраењето на програмата.
Управителот на време е достапен
само со програмите дадени во
табелата.
МАКЕДОНСКИ 13
Показно светло
1) 1)
2)
3)
3)
3)
Показно светло
1) 1)
4)
3)
3)
3)
1)
Ако е достапно.
2)
Најкратко: за освежување на
алиштата.
3)
Основно времетраење на програмата.
4)
Најдолго: Продолжувањето на
траењето на програмата постепено ја
намалува потрошувачката на енергија.
Оптималната фаза на загревање штеди
енергија, а подолгото траење дава исти
резултати на перење (посебно кај
нормално извалкани алишта).
8. ПОСТАВКИ
8.1 Брава за деца
Со оваа опција можете да спречите
децата да си играат со контролната
табла.
За да ја вклучите/исклучите оваа
опција, притискајте ги истовремено
и сé додека не се вклучи/
исклучи показното светло .
Оваа опција можете да ја вклучите:
Откако ќе го притиснете копчето
: копчињата за опциите и
програмата се заклучени.
Пред да го притиснете копчето :
апаратот не може да се вклучи.
8.2 Звучни сигнали
Звучните сигнали работат кога:
програмата е завршена.
апаратот е во дефект.
За да ги вклучите/исклучите
звучните сигнали, притиснете ги
истовремено копчињата и 6
секунди.
Ако ги исклучите звучните
сигнали, тие продолжуваат
да работат кога апаратот
има дефект.
8.3 Постојано дополнително
плакнење
Со оваа опција можете постојано да
имате дополнително плакнење кога
поставувате нова програма.
За да ја вклучите/исклучите оваа
опција, притискајте ги истовремено
и сé додека не се вклучи/
исклучи показното светло не се
вклучи/исклучи.
www.electrolux.com14
9. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Ставете мала количина детергент
во фиоката за фазата на перење.
2. Поставете ја и стартувајте ја
програмата за памук на
највисоката температура без
алишта.
Ова ја отстранува целата нечистотија
од барабанот и од внатрешноста.
10. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
10.1 Полнење со алишта
1. Отворете го капакот на апаратот.
2. Притиснете го копчето A.
Барабанот се отвора автоматски.
3. Ставете ги алиштата во
барабанот, едно по едно парче.
4. Протресете ги алиштата пред да
ги ставите во апаратот.
Не ставајте многу алишта во
барабанот.
5. Затворете ги барабанот и капакот.
A
ВНИМАНИЕ!
Пред да го затворите
капакот на вашиот апарат,
видете дали правилно сте
го затвориле барабанот.
10.2 Користење детергент и
додатоци
Измерете ги детергентот и
омекнувачот.
10.3 Прегради за детергент
ВНИМАНИЕ!
Користете само наведени детергенти за машини за перење алишта.
Секогаш следете ги упатствата што ќе ги најдете на пакувањето на
детергентот.
Преграда за детергент за фазата на предперење.
Обележувањата МАКС се максималните нивоа за количина на
детергент (во прав или течен).
Преграда за детергент за фазата на перење.
Обележувањата МАКС се максималните нивоа за количина на
детергент (во прав или течен).
МАКЕДОНСКИ 15
Преграда за течни додатоци (омекнувач, штирак).
Ознаката
M
е максималното ниво за количината на течни
додатоци.
Клапна за детергент во прав или за течен детергент.
10.4 Течен детергент или
детергент во прав
1.
CLICK
2.
A
3.
CLICK
4.
B
Позиција А за детергент во прав (фабричка поставка).
Позиција B за течен детергент.
При употреба на течен детергент:
Не користете желатински или густи течни детергенти.
Не ставајте повеќе течност од максималното ниво.
10.5 Вклучување на
машината
Притиснете го копчето за да ја
вклучите или исклучите машината. Се
огласуваат звуци на мелодија кога ќе
се активира машината.
10.6 Поставување програма
1. Свртете го копчето на
програматорот и поставете ја
програмата:
Се пали показното светло за
соодветната програма.
Показателот за
трепка.
www.electrolux.com16
На екранот се прикажува
нивото на Управителот со
време , времетраењето на
програмата и показателите на
програмските фази.
2. Доколку е неопходно, променете ја
температурата, брзината на
центрифугата, времетраењето на
циклусот, или додадете ги
достапните опции. Кога вклучувате
опција, се вклучува показното
светло за поставената опција.
Доколку поставите нешто
неточно, на екранот се
прикажува пораката .
10.7 Започнување програма
без одложен почеток
Притиснете .
Показното светло
престанува да трепка и
останува вклучено.
Показното светло
започнува да трепка на екранот.
Програмата започнува, капакот
е заклучен, а на екранот се
прикажува показното светло
.
Пумпата за цедење може да
работи кратко време кога
апаратот полни вода.
По околу 15 минути од
почетокот на програмата:
Машината автоматски
го прилагодува
времетраењето на
програмата за да се
совпадне со полнењето
алишта.
На екранот се
прикажува новата
вредност.
10.8 Започнување програма
со одложен почеток
1. Притискајте го повеќепати
додека на екранот не се прикаже
одложувањето што сакате да го
поставите.
На екранот се пали соодветното
показно светло.
2. Притиснете го :
Апаратот го започнува
одбројувањето.
Вратата се заклучува, екранот
го прикажува показното светло
.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата за перење
започнува автоматски.
Можете да го откажете или
промените поставениот
одложен почеток пред да
притиснете . За да го
откажете одложениот
почеток:
Притиснете го
за го поставите
апаратот на пауза.
Притискајте го
додека на екранот
не се прикаже
.
Притиснете го
повторно , за
веднаш да започне
програмата.
10.9 Прекинување на
програма и менување на
опции
Можете да промените само одредени
опции пред да се вклучат.
1. Притиснете го .
Показното светло трепка.
2. Променете ги опциите.
3. Притиснете го повторно .
Програмата продолжува.
10.10 Откажување програма
во тек
1. Притиснете го копчето неколку
секунди за да ја откажете
програмата и да ја исклучете
машината.
МАКЕДОНСКИ 17
2. Притиснете го истото копче
повторно за да ја вклучите
машината. Сега, можете да
поставите нова програма за
перење.
Пред да започне со новата
програма, апаратот може
да ја цеди водата. Во тој
случај, проверете дали
детергентот е уште во
преградата за детергент,
ако не е, повторно
наполнете детергент.
10.11 Отворање на капакот
Додека програмата или одложениот
почеток се во тек, капакот на апаратот
е заклучен. На екранот се прикажува
показното светло .
ВНИМАНИЕ!
Доколку температурата и
нивото на водата во
барабанот се премногу
високи, не можете да го
отворите капакот.
Отворете го капакот на машината
кога работи одложениот почеток:
1. Притиснете го
за да го ставите
апаратот на пауза.
2. Почекајте да се изгасне
показателот за капакот
.
3. Можете да го отворите капакот.
4. Затворете го капакот и притиснете
го повторно копчето .
Одложениот почеток продолжува
да работи.
Отворете го капакот додека
програмата работи:
1. Притиснете го копчето
или
неколку секунди за да ја исклучите
машината.
2. Почекајте неколку минути и потоа
отворете го капакот на апаратот.
3. Затворете го капакот и повторно
поставете ја програмата.
10.12 На крај на програмата
Апаратот запира автоматски.
Звучните сигнали работат (ако се
вклучени).
Симболот
се пали на екранот.
Се исклучува показното светло .
Показното светло за заклучување
на капакот се гаси.
Можете да го отворите капакот.
Извадете ги алиштата од апаратот.
Проверете дали барабанот е
празен.
Затворете ја славината за вода.
Притиснете го копчето
неколку
секунди за да ја исклучите
машината.
Подотворете го капакот за да
спречите мувла и мириси.
Програмата за перење е завршена,
но има вода во барабанот:
Барабанот се врти редовно за да
спречи туткање на алиштата.
Показното светло за заклучување
на капакот свети. Капакот
останува заклучен.
Морате да ја исцедите водата за да
го отворите капакот.
За да ја исцедите водата:
1. Притиснете
. Апаратот ја цеди
водата и центрифугира.
2. За да го направите апаратот само
да цеди, поставете . Ако е
неопходно, намалете ја брзината
на центрифугата.
3. Кога програмата е завршена и
показното светло за заклучен
капак
ќе се изгасне, можете да
ја отворите вратата.
4. Притиснете го копчето неколку
секунди за да ја исклучите
машината.
Апаратот цеди и
центрифугира автоматски
после приближно 18 часа
(освен кај програми за
волна).
www.electrolux.com18
11. ПОМОШ И СОВЕТИ
11.1 Полнење алишта
Поделете ги алиштата на: бели,
обоени, синтетика, нежни и
волнени.
Следете ги упатствата за перење
што се наоѓаат на етикетите на
алиштата.
Не перете заедно бели и алишта во
боја.
Некои алишта во боја може да ја
изгубат боја по првото перење. Ви
препорачуваме да ги перете
одделно првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за
перници, патентите, куките и
дрикерите. Врзете ги ремените.
Испразнете ги џебовите и
исправете ги алиштата.
Превртете ги повеќеслојните
ткаенини, волната и алиштата со
насликани илустрации.
Отстранете ги тешките дамки.
Перете ги тврдокорните дамки со
специјален детергент.
Бидете внимателни со завесите.
Извадете ги куките и ставете ги
пердињата во вреќичка за перење
или во навлака за перници.
Немојте да перете во апаратот
исечени или алишта без раб.
Користете ја корпатвреќичката за
перење за перење на мали и/или
чувствителни алишта ( на пр.
градници со жица, колани,
хулахопки, итн.).
Многу мало полнење може да
предизвика проблеми со
рамнотежата за време на фазата
на центрифугирање. Ако се случи
ова, распоредете ги рачно
алиштата во барабанот и повторно
вклучете ја фазата на
центрифугирање.
11.2 Тврдоглави дамки
За некои дамки, водата и детергентот
не се доволни.
Ви препорачуваме да ги исчистите
овие дамки пред да ги ставите
алиштата во апаратот.
На располагање има специјални
отстранувачи на дамки. Користете
специјален отстранувач за дамки
којшто е прикладен за видот на
дамката и материјалот.
11.3 Детергенти и додатоци
Користете само детергенти и
додатоци што се предвидени за
употреба во машина за перење:
прашоци за перење за сите
видови ткаенини,
прашоци за перење за
чувствителни ткаенини (до 40
°C) и волна,
течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (до 60 °C) за сите
видови ткаенини или
специјални само за волна.
Не мешајте различни видови
детергенти.
Заради заштита на животната
средина, не користете повеќе од
точното количество детергент.
Секогаш следете ги упатствата што
ќе ги најдете на пакувањето на
овие производи.
Користете соодветни производи за
видот и бојата на ткаенината,
температурата на програмата и
нивото на извалканост.
Ако вашиот апарат нема дозер за
детергент со преклопник, додајте
течен детергент со топка за
дозирање (испорачана од
производителот на детергентот).
11.4 Еколошки практични
совети
Поставете програма за перење на
алишта со нормална извалканост
без фаза на предперење.
Секогаш стартувајте ја програмата
за перење со максимален
капацитет на алишта.
Ако е потребно, користете
отстранувач за дамки за да
поставите програма со ниска
температура.
МАКЕДОНСКИ 19
За да користите точна количина на
детергент, проверете ја тврдоста
на водата во вашиот дом. Видете
во „Тврдост на водата“.
11.5 Тврдост на вода
Ако тврдоста на водата во вашата
област е висока или средна, ви
препорачуваме да користите
омекнувач за вода за машини за
перење. Во областите каде тврдоста
на водата е мека, нема потреба од
омекнувач за вода.
За да ја дознаете тврдоста на водата
во вашата област, јавете се во
локалното претпријатие за водовод.
Користете соодветна количина на
омекнувач за водата. Секогаш следете
ги упатствата што ќе ги најдете на
пакувањето на производот.
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
12.1 Надворешно чистење
Исчистете го апаратот само со сапун и
топла вода. Целосно исушете ги сите
површини.
ВНИМАНИЕ!
Не користете алкохол,
растворувачи или хемиски
производи.
12.2 Отстранување на бигор
Ако тврдоста на водата во вашата
област е висока или средна, ви
препорачуваме да користите средство
за отстранување бигор за машини за
перење.
Редовно прегледувајте го барабанот
за да спречите појава на бигор и рѓа.
За да ја отстраните 'рѓата, користете
само специјални производи за машини
за перење. Направете го ова засебно
од перењето алишта.
Секогаш следете ги
упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
производот.
12.3 Перење за одржување
Со програмите за ниска температура
можно е да остане малку детергент во
барабанот. Редовно пуштајте миење
за одржување. Направете го следното:
Извадете ги алиштата од
барабанот.
Поставете ја програмата за
памучни алишта на највисока
температура со мала количина на
детергент.
12.4 Чистење на дозерот за детергент
1. 2.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76

Electrolux EWT1376HGW Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare