Вклучување и исклучување на уредот
1 За да го вклучите уредот, притиснете го еднаш копчето за
вклучување/исклучување. Брзина 2 автоматски се избира и
сијаличката за брзина II се вклучува (Сл. 9).
2 Доколку сакате да ја изберете брзина 1, повторно притиснете на
копчето за вклучување/исклучување. Сијаличката за брзина I се
вклучува (Сл. 10).
3 За да го исклучите уредот, притиснете го уште еднаш копчето за
вклучување/исклучување.
Вграденото светло автоматски се вклучува за да ви даде подобар
преглед додека ја користите главата (Сл. 11) за депилирање. Ако сакате
да го исклучите вграденото светло, држете го копчето за
вклучување/исклучување притиснато 3 секунди кога ќе го вклучите
уредот.
Депилирање, бричење и потстрижување
Уредот е соодветен за употреба во бања или под туш, но исто така
може да се користи и на суво. Ако сакате да користите кремови или
лосион за тело, нанесете ги по користењето на уредот.
За нежно, помалку болно депилирање, користете го уредот на влажна
кожа со или без вашиот вообичаен гел за туширање.
После депилацијата може да се појави блага иритација, како што е
црвеникава кожа или црвени точки. Тоа е нормално. Ве советуваме да
се депилирате пред да си легнете навечер, затоа што секое црвенило
или иритација на кожата обично исчезнуваат преку ноќ.
Забелешка: Уредот може да се користи само без кабел.
1 Кога се депилирате (со или без додаток на главата за депилирање),
поставете го уредот на кожата под агол како што е прикажано на
сликата (Сл. 12).
2 Кога го користите уредот со други глави или додатоци, освен
главата за депилирање, осигурете се дека ги поставувате главите и
додатоците рамно на кожата (Сл. 13).
3 Кога го користите уредот на чувствителни места, затегнете ја
кожата со слободната рака. Кога го користите уредот под мишките,
кренете ја раката и ставете ја дланката на тилот за да ја затегнете
кожата (Сл. 14).
4 Движете го уредот бавно спротивно на насоката на растење на
влакната (Сл. 15).
Забелешка: Ако пребрзо го движите уредот преку кожата, може да не
добиете мазен резултат.
Забелешка: Доколку влакната се подолги од 3-4 mm, потстрижете ги за
полесно и поудобно депилирање.
Глава за депилирање
Главата за депилирање можете да ја користите за депилирање на
нозете, мишките и препоните.
Изберете брзина 2 за најефикасно депилирање. Изберете брзина 1 за
областите со мал раст на влакна и за тешко достапни места, како што
се колената и зглобовите.
Капаче за масирање
На главата за бричење можете да го ставите капачето за масирање за
да ја масирате кожата и да го минимизирате чувството на влечење на
влакната при депилирање за време на користењето.
Капаче на затегнувач за кожата
На главата за депилирање можете да го ставите капачето за
затегнување на кожата. За време на депилацијата тоа ја држи кожата
затегната со цел да се намали болката.
Капаче за чувствителни места
На главата за бричење можете да го ставите капачето за чувствителни
места за покомфорно депилирање на чувствителните места (на
пример, пазувите и препоните).
Капаче за лице
На главата за бричење можете да го ставите капачето за лице за
прецизно депилирање на влакната на лицето (на пример, над горната
усна).
Не користете го уредот за депилирање на трепки, веѓи или коса.
Глава за бричење
Главата за бричење можете да ја користите за бричење на нозете и
телото.
Забелешка: За полесно бричење под пазувите, уредот може да се
движи во две насоки.
Забелешка: Пред употреба, секогаш проверувајте ја мрежичката. Ако е
оштетена на каков било начин, веднаш заменете ја единицата за
сечење (видете „Замена“).
Чешел за глава за бричење
За кратење на влакната до 3 mm, на главата за бричење можете да го
прикачите чешелот.
Глава за потстрижување
Можете да ја користите главата за потстрижување за да отстранувате
влакна од тешко достапни места во зоната на препоните.
За потстрижување (Сл. 16) поставете ја главата за потстрижување
рамно на кожата. За стилизирање и обликување (Сл. 17) поставете ја
главата за потстрижување под прав агол на кожата.
Чешел за глава за потстрижување
За потстрижување на влакната во областа на препоните до должина
од 3 mm (Сл. 18) можете на главата за потстрижување да го прикачите
чешелот.
Глава за масирање на тело
Главата за масирање на телото цврсто рамномерно ротира за да ги
опушти вашите мускули.
Забелешка: Главата за масирање на телото мора да ја ставите на
единицата за спојување пред да ја прикачите на рачката (Сл. 19).
Четка за ексфолијација на тело
Четката за ексфолијација на телото можете да ја користите за
отстранување мртви клетки од кожата.
Не користете ја на лицето четката за ексфолијација на телото.
Забелешка: Четката за ексфолијација на телото мора да ја ставите на
единицата за спојување пред да ја прикачите на рачката (Сл. 20).
Глава за отстранување сува и груба кожа
Забелешка: Овој уред е наменет да се користи само на стапалата.
Може да го користите дискот за отстранување сува и груба кожа на
три различни начини, зависно од местото и сувата и груба кожа што
сакате да ја отстраните.
1 За третирање голема, рамна зона, користете ги целиот диск (Сл. 21).
Поставете го дискот рамно на кожата за добра контрола при
користењето.
2 За прецизен третман на помали места и добра видливост на
третираното место (Сл. 22), користете го горниот дел од дискот што
стрчи над врвот од главата (Сл. 23).
3 За прецизен третман и за отстранување цврста кожа многу брзо,
користете го тесниот раб на издолжениот дел од дискот (Сл. 24).
Движете го дискот напред-назад нежно преку кожата што сакате да ја
третирате. Не притискајте пресилно. Ако притискате пресилно, дискот
може да престане да се врти.
Чистење и складирање
Чувајте ја единицата за напојување сува.
1 За чистење на главата за депилирање, користете ја четката за
чистење за да ги отстраните влакната, држете го уредот завртен
надолу, вклучете го и 15 секунди плакнете го со ладна вода после
секоја употреба (Сл. 27).
2 За чистење на главата за бричење: користете ја четкичката за
чистење за да ги исчистите влакната што се насобрале под
секачите. Фатете ги двата секачи на единицата за сечење и
извлечете ја единицата за сечење од главата за бричење (Сл. 28).
Исчистете ги сите делови од главата за бричење со четкичката за
чистење, освен мрежичката.
Забелешка: За оптимално работење, секои шест недели
подмачкувајте ги запците и мрежичките на секачите со капка масло
за машини за шиење.
3 Исплакнете ги единицата за сечење, главите и додатоците под
чешма. Убаво истресете ги за да ги отстраните капките од вода.
4 За чистење на главата и дискот за отстранување сува и груба кожа
(ако се доставени): исчистете ја надворешноста на главата и дискот
со доставената (Сл. 25) четкичка за чистење. Потоа отстранете ги
дискот од главата и исчистете ја внатрешноста на главата
доставената (Сл. 26) четкичка за чистење. Доколку сакате, може да
ги исплакнете главата и дискот за отстранување сува и груба кожа
под млаз вода.
5 Оставете сите делови целосно да се исушат.
6 Поставете ја единицата за сечење назад на главата за бричење
(„клик“).
7 Ставете капачиња за заштита или чешли на главите за да спречите
оштетување на главите кога ги складирате.
8 Чувајте го уредот, главите и додатоците во торбичката.
Замена
За да купите додатоци или резервни делови, посетете го
www.shop.philips.com/service или одете кај дистрибутер на Philips. Исто
така, можете да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на
Philips во вашата држава (за детали за контакт погледнете во листот со
светска гаранција).
Четка за ексфолијација на тело (ако е доставена): Ако ја користите
четката за ексфолијација на тело 2-3 пати неделно, таа трае приближно
3 месеци. Заменувајте ја четката за ексфолијација на тело на секои 3
месеци со друга од оригинален тип (BRE394).
Глава за отстранување сува и груба кожа (ако е доставена): Кога ќе се
намали ефикасноста на дискот за отстранување сува и груба кожа,
заменете го со друг од оригинален тип (BCR372). Советуваме да го
менувате дискот најмалку еднаш годишно.
Глава за бричење (ако е доставена): За оптимална работа ве
советуваме да ја заменувате единицата за сечење од главата за
бричење на секои две години. Ако ја користите главата за бричење два
или повеќе пати неделно, заменувајте ја единицата за сечење почесто.
Секогаш заменувајте ја единицата за сечење со друга од оригинален
тип (BRL384).
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги
сретнете кај уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со