Програмата за перење е завршена, но има
вода во барабанот:
– Барабанот се врти редовно за да спречи
туткање на алиштата.
– Показателот за заклучување на капакот
свети. Капакот останува заклучен.
– Морате да ја исцедите водата за да го
отворите капакот.
За да ја исцедите водата:
1.
Одберете програма за цедење на
водата или за центрифугирање.
2.
Ако е неопходно, намалете ја брзината
на центрифугата.
3.
Притиснете го . Апаратот ја цеди
водата и центрифугира.
4.
Кога програмата е завршена и
показателот за заклучен капак
се
гаси, можете да ја отворите вратата.
5.
Свртете го копчето на програматорот
до
за да го исклучите апаратот.
Апаратот цеди и центрифугира
автоматски после приближно 18 часа
(освен кај програми за волна).
9.10 Во состојба на подготвеност
Неколку минути по завршувањето на
програмата за перење, доколку не го
исклучите апаратот, се вклучува статусот за
штедење енергија.
Статусот за штедење енергија ја намалува
потрошувачката на енергија кога апаратот е
во состојба на подготвеност.
• Сите показатели и екранот се гасат.
•
Показателот
трепка бавно
• Притиснете една од опциите за да го
исклучите статусот за штедење енергија.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Полнење алишта
• Поделете ги алиштата на: бели, во боја,
синтетика, чувствителни и волнени.
• Следете ги упатствата за перење што се
наоѓаат на етикетите на алиштата.
• Не перете заедно бели и алишта во боја.
• Некои обоени алишта може да изгубат боја
после првото перење. Ви препорачуваме
да ги перете одделно првиот пат.
• Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите. Закопчајте
ги ремените.
• Испразнете ги џебовите и исправете ги
алиштата.
• Превртете ги повеќеслојните ткаенини,
волната и алиштата со насликани
илустрации.
• Отстранете ги тешките дамки.
• Многу извалканите дамки перете ги со
специјален детергент.
• Бидете внимателни со завесите. Тргнете ги
куките или ставете ги завесите во торба за
перење или во навлака.
• Не перете во апаратот:
– Алишта без пораб или без рез
– Градник со жица.
– Користете торба за перење на мали
алишта.
• Малото полнење може да предизвика
проблеми со рамнотежа за време на
центрифугата. Ако се случи ова,
распоредете ги рачно алиштата во
барабанот и започнете ја фазата на
центрифугата уште еднаш.
10.2 Тврдоглави дамки
За некои дамки, водата и детергентот не се
доволни.
Ви препорачуваме да ги отстраните овие
дамки пред да ги ставите алиштата во
апаратот.
На располагање има специјални
отстранувачи на дамки. Користете специјален
отстранувач за дамки којшто е прикладен за
видот на дамката и материјалот.
10.3 Детергенти и додатоци
• Користете само детергенти и додатоци што
се предвидени за употреба во машина за
перење.
• Не мешајте различни видови детергенти.
14
www.electrolux.com