Македонски
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации
пред да ги користите уредот и неговите додатоци и
зачувајте ги за во иднина. Испорачаните додатоци
може да се разликуваат за различни производи.
Опасност
- Чувајте ја единицата за напојување сува (Сл. 1).
Предупредување
- За да ја наполните батеријата користете ја
единицата што се прикачува (HQ8505) дадена
со уредот.
- Единицата за напојување содржи
трансформатор. Не отсекувајте ја единицата за
напојување за да ја замените со друг приклучок
бидејќи тоа предизвикува опасна ситуација.
- Овој уред може да го користат деца на возраст
од 8 години и повеќе, како и лица со намалени
физички, сензорни или ментални способности
или со недостаток на искуство и знаење,
доколку се под надзор или добиваат инструкции
за користењето на уредот на безбеден начин и
ги разбираат потенцијалните опасности. Децата
не треба да си играат со уредот. Децата не
треба да го чистат или да го одржуваат уредот
без надзор.
- Пред употреба, секогаш проверете го уредот.
Не користете го уредот доколку е оштетен,
бидејќи тоа може да предизвика повреда.
Секогаш заменете го оштетениот дел со
оригинален.
- Не отворајте го уредот за да ја замените
батеријата на полнење.
Внимание
- Уредот не се мие. Не го потопувајте уредот во
вода и немојте да го плакнете под чешма (Сл. 1).
- Уредот користете го само за неговата
предвидена намена како што е прикажано во
упатството за користење.
- Од хигиенски причини, уредот треба да го
користи само едно лице.
- Немојте да користите компримиран воздух,
абразивни сунѓери, абразивни средства за
чистење или агресивни течности, како што се
бензин или ацетон за чистење на уредот.
- Не користете ја единицата за напојување на или
близу до ѕидни приклучоци што содржат
електрични освежувачи за воздух за да
спречите непоправлива штета на единицата за
напојување.
Електромагнетни полиња (EMF)
- Овој Philips уред е во согласност со сите
важечки стандарди и регулативи во врска со
изложеноста на електромагнетни полиња.
Општо
- Уредот е погоден за мрежен напон од 100 до
240 волти.
- Единицата за напојување го трансформира
напонот од 100-240 волти во безбеден низок
напон од помалку од 24 волти.
- Максимално ниво на бучава: Lc = 75 dB(A).
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не
треба да се фрла заедно со обичниот отпад од
домаќинствата (2012/19/EU) (Сл. 2).
- Овој симбол означува дека овој производ
содржи вградена батерија на полнење која не
треба да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (Сл. 3) (2006/66/EC). Строго ви
препорачуваме да го однесете вашиот
производ до назначено место за собирање или
сервисен центар на Philips за да може
професионално лице да ја отстрани батеријата
на полнење.
- Придржувајте се до правилата во вашата земја
за посебно собирање на електрични и
електронски производи и батерии на полнење.
Правилното отстранување помага да се
спречат негативни последици за животната
средина и здравјето на човекот.
Вадење на батеријата на полнење
Вадете ја батеријата на полнење само кога ќе
го фрлате уредот. Пред да ја отстраните
батеријата, проверете дали уредот е исклучен
од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно
празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ракувате со алати за
отворање на уредот и кога ја фрлате батеријата
на полнење.
1 Проверете дали има завртки на задниот или на
предниот дел од уредот. Доколку има, извадете
ги.
2 Извадете го задниот и/или предниот панел од
уредот со шрафцигер. Доколку е потребно, исто
така извадете ги дополнителните завртки и/или
делови с додека не го видите печатената
плочка со батеријата на полнење.
3 Извадете ја батеријата на полнење.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или
поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го
летокот со меѓународната гаранција.
Ограничување на гаранцијата
Единиците за сечење не се опфатени со условите
од меѓународната гаранција затоа што се
подложни на трошење.