20
MK
1. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ― Поведете сметка вентилациските
отвори да не бидат блокирани во рамки на куќиштето на
уредот или во рамки на вградената конструкција.
2. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ― Не ја оштетувајте инсталацијата на
средството за ладење.
3. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ― Не употребувајте електрични
уреди во рамки на преградите за чување храна на
уредот, освен ако не станува збор за типови кои се
препорачани од страна на производителот.
4. Уредот е потребно да се исклучи од струја по
употребата, а пред неговото корисничко одржување.
5. Овој уред може да го употребуваат деца на возраст од
8 или повеќе години, како и лица со намалени физичко-
сензорни или ментални способности или со недостаток
на искуство, доколку се упатени во безбедното
користење на уредот и ги сфаќаат опасностите кои ги
носи неговата употреба. Децата не смеат да си играат со
уредот. Децата не смеат да вршат чистење и корисничко
одржување на уредот без надзор.
6. Доколку кабелот за напојување е оштетен, потребно е
неговата замена да ја изврши производителот, негов
овластен сервисер или лице со слични квалификации
како би се избегнале потенцијални опасности.
7. Почитувајте ги локалните прописи при отстранување на
уредот бидејќи за неговото работење се употребуваат
запаливо средство за ладење и експлозивен гас.
8. Почитувајте ги локалните прописи за одложување на
уредот бидејќи за неговото работење се употребуваат
запаливо средство за ладење и експлозивен гас. Пред
да го одложите уредот, отстранете ја вратата како би
спречиле затворање на децата во внатрешноста на
уредот.
9. Овој уред е наменет за употреба во домаќинствата и во
слични опкружувања од типот на
– кујни за персоналот во продавници, канцеларии и
други работни средини;
– земјоделски домаќинства и хотели, мотели и останати
објекти од резиденцијален тип, кои се ставени на
располагање на клиенти;
– објекти кои нудат услуги на ноќевање со појадок;
– кетеринг и слични непродажни намени.
10. Не чувајте експлозивни супстанци од типот на аеросолни
боци со запалив потиснувачки гас во уредот.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ИНСТАЛАЦИЈА
Локација
Промена на насоката на отворање на вратата
Потребен алат: Крстест одвртувач / рамен одвртувач / шестоаголен клуч
1. Отстранете ја горната десна шарка. 2. Со помош на крстест одвртувач, отстранете ги шрафовите
со кои е прицврстена горната шарка.
Горна десна шарка Два шрафови
СЕКОЕ СЕРВИСИРАЊЕ ИЛИ ПОПРАВАЊЕ КОЕ ПОДРАЗБИРА ОТСТРАНУВАЊЕ НА КАПАКОТ ПРЕТСТАВУВА
ОПАСНОСТ ЗА СЕКОЕ ЛИЦЕ, ОСВЕН ЗА ПЕРСОНАЛОТ ВРАБОТЕН ВО ОВЛАСТЕНИОТ СЕРВИС.
КАКО БИ ИЗБЕГНАЛЕ РИЗИК ОД СТРУЕН УДАР, НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ САМИТЕ ДА ВРШИТЕ ПОПРАВКИ.
При изборот на локација за Вашиот уред, уверете се дека
подлогата е рамна и цврста, како и дека проветрувањето
во просторијата е добро. Избегнувајте поставување на
уредот во близина на извори на топлина, на пр., шпорети,
бојлери или радијатори. Исто така, избегнувајте директно
изложување на сонце, бидејќи тоа може да доведе
до зголемена потрошувачка на електрична енергија.
Исклучително ниските собни температури исто така можат
да предизвикаат лошо работење на уредот. Овој уред не
е наменет за употреба во гаражи, ниту за поставување на
отворено. Не го прекривајте уредот.
При поставувањето, проверете дали од обете страни на
уредот е оставено растојание со широчина од 10 cm, како и
10 cm од задната и 30 cm од горната површина на уредот. На
овој начин ќе овозможите циркулирање на ладниот воздух
околу винските витрини и подобрување на ефикасноста на
постапката за ладење.