Со избирање на оваа функција водата од
последното плакнење не се празни за да
се спречи туткање на алиштата.
На крајот од програмата, ако сте избрале
„Задржано плакнење”
, ќе треба да
одберете програма „Центрифуга”
или
„Цедење”
за да го завршите циклусот и
да ја испуштите водата.
Одбирање опции
Мора да ги изберете различните опции
после одбирањето на програмата и пред
да го притиснете копчето „ Старт/Пауза“
, (видете во „Табела на програми“).
Притиснете ги саканите копчиња : се
вклучуваат соодветните светилки. Кога ќе
ги притиснете повторно, светилките се
гаснат. Ако некоја од опциите не е
компатибилна со избраната програма,
копчето „ Старт/Пауза“
трепка црвено.
Опција „Претперење“
Апаратот врти претперење на најмногу
30°C.
Опција „ Брзо“
Времето на перење ќе се намали во
зависност од избраната програма.
Опција „Дополнително плакнење“
Во текот на циклусот, машината за перење
изведува едно или повеќе дополнителни
плакнења. Оваа опција се препорачува за
луѓе со чувствителна кожа и во подрачја
со мека вода.
„Одложен почеток“
Оваа опција ви овозможува да го
одложите почетокот на програмата за
перење за 3, 6 или 9 часа со притискање
на копчето „Одложен почеток“
.
Времето на одложеното почнување
можете да го промените или откажете во
кое било време пред да го притиснете
копчето „Старт/Пауза“
така што
повторно ќе го притиснете копчето
„Одложен почеток“
(кога сите
показатели се изгаснати, програмата за
перење ќе започне веднаш).
Доколку веќе сте го притиснале копчето
„Старт/Пауза“
, а сакате да го
промените или да го откажете одложеното
почнување, постапете на следниот начин:
• За да го откажете одложеното
почнување и веднаш да започнете со
циклусот, притиснете го „Старт/Пауза“
, па потоа „Одложен почеток“ .
Притиснете „Старт/Пауза“ за да го
започнете циклусот
.
• За да го промените периодот на
одложување на тајмерот, прво мора да
дојдете во положбата „Стоп“
, па
потоа одново да го програмирате
циклусот.
Капакот е заклучен за време на периодот
на одложено почнување. Ако треба да го
отворите, прво мора да го ставите
апаратот на пауза со притискање на
копчето „Старт/Пауза“
. Откако
повторно ќе го затворите капакот,
притиснете го копчето „Старт/Пауза“
.
Почнување програма
Притиснете го копчето „Старт/Пауза“ за
да почне циклусот. Соодветната светилка
ќе светне зелено. Нормално е
програматорот да остане неподвижен за
време на циклусот. Светилката која
одговара на тековниот циклус свети.
+ : Предперење + Перење
+ : Плакнења + Центрифуга
: Крај на циклусот
Пумпата за цедење може да работи
кратко време кога апаратот полни
вода.
Прекинување програма
Додавање алишта за време на првите
10 минути
Притиснете го копчето „Старт/Пауза“
:
додека апаратот е во режим на пауза,
соодветната светилка ќе трепка зелено.
Капакот може да се отвори по околу 2
минути откако машината ќе престане да
работи. Повторно притиснете го копчето
„Старт/Пауза“
за да продолжите со
програмата.
7
www.zanussi.com