Electrolux EW7T3372 Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare
EW7T3372
MK Машина за перење Упатство за ракување 2
RO Maşină de spălat rufe Manual de utilizare 42
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА............................................................................ 5
3. МОНТАЖА......................................................................................................... 6
4. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 9
5. КОНТРОЛНА ТАБЛА.......................................................................................10
6. БИРАЊЕ И КОПЧИЊА...................................................................................12
7. PROGRAMMES (ПРОГРАМИ)........................................................................15
8. ПОСТАВКИ...................................................................................................... 21
9. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА............................................................................ 21
10. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.........................................................................22
11. ПОМОШ И СОВЕТИ......................................................................................27
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................28
13. ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ.................................................................. 33
14. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.......................................................................34
15. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ...............................................................................37
16. КРАТКО УПАТСТВО ....................................................................................38
17. ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ ЗА ПРОИЗВОД ВО ВРСКА СО РЕГУАЛТИВАТА
НА ЕУ 1369/2017................................................................................................. 40
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што одлучивте да купите апарат Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добро дојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добијте корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање и поправка:
www.electrolux.com/support
Да го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Купувајте Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИСИРАЊЕ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите можете да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
www.electrolux.com2
Можноста за промени е задржана.
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтирање и користење на апаратот, ве
молиме внимателно да ги прочитате приложените
упатства. Производителот не сноси одговорност за
направена повреда или штета кои се резултат на
неправилна монтажа или употреба. Секогаш чувајте
ги упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не смее да биде во дофат на деца меѓу 3 и 8
годишна возраст и лицата со големи и сложени
препреки во развојот освен ако не се под постојан
надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Држете ја амбалажата подалеку од децата и
разрешете се соодветно од него.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога вратата е отворена.
Ако апаратот има уред за заштита на деца, треба
да вклучи.
МАКЕДОНСКИ 3
Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинство
и за други слични примени, како на пр:
кујнски простор за вработени во продавници,
канцеларии и други работни околини;
од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместување на база спиење со појадок и друг
вид на сместувачки објекти;
области за заедничка употреба во блокови на
станови или во јавни пералници.
Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 7 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
Притисокот на водата при работа кај точката на
влез на водата од доводот мора да биде меѓу 0,5
bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa).
Отворите за вентилација во основата не смеат да
бидат попречени од таписон, килим или било каков
покривач за под.
Апаратот мора да биде поврзан со водоводната
мрежа со помош на добиениот комплет на црева,
или нов комплет од црева кои ќе ги добиете од
Овластениот сервисен центар.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
www.electrolux.com4
Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
Чистете го апаратот со навлажнета крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунгери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
Монтажата мора да биде
направена во согласност
со важечките државни
закони.
Извадете ја целата амбалажа и
транспортните зартки вклучувајќи ја
и пластичната четка со пластичен
разделувач.
Чувајте ги транспортните
штрафови на сигурно место. Ако
апаратот ќе се премести во иднина
тие мора да бидат заштрафени за
да се заклучи барабанот и да се
спречи внатрешно оштетување.
Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
Следете ги инструкциите за
монтирање дадени со апаратот.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0°C
или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
Подот каде што треба да се
монтират апаратот мора да биде
рамен, стабилен, отпорен на
топлина и чист.
Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
Кога апаратот е поставен во
неговата постојана позиција,
проверете дали е правилно
порамнет со помош на либела. Ако
не е, приспособете ги ногарките
додека не се порамни.
Немојте да го монтирате апаратот
директно над одводот на подот.
Не прскајте вода на апаратот и не
го изложувајте на претерана
влажност.
Не монтирајте го апаратот на места
каде што капакот на апаратот не
може целосно да се отвори.
Не ставајте затворен сад под
апаратот за собирање вода во
случај на протекување.
Контактирајте со Овластениот
сервисен центар за да проверите
кои додатоци можат да се користат.
2.2 Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Проверете дали параметрите на
плочката со спецификации се
компатибилни со електричната
моќност на мрежата на електрична
енергија.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжни кабли.
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
МАКЕДОНСКИ 5
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
2.3 Поврзување со вода
Не ги оштетувајте цревата за вода.
Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
Не користете продолжено црево
ако доводното црево е кратко.
Јавете се во овластениот сервисен
центар за замена на доводното
црево.
Кога го отпакувате апаратот, можно
е од цревото за цедење да истече
вода. Ова е заради тестирањето на
апаратите со вода во самата
фабрика.
Можете да го продолжите цревото
за цедење за максимум 400 cm.
Контактирајте со овластениот
сервисен центар за другото црево
за цедење и за продолжетокот.
Проверете дали има пристап до
чешмата по монтирањето.
2.4 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на
детергентот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
Немојте да перете многу валкани
такенини, масни или други
замастени материјали. Тоа може да
ги оштети гумените делови на
машината за перење. Исперете ги
претходно рачно пред да ги ставите
во машината за перење.
Проверете дали сите метални
предмети се извадени од алиштата.
2.5 Сервисирање
За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
Користете само оригинални
резервни делови.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од струја и
вода.
Извадете го електричниот кабел
блиску до апаратот и фрлете го.
Извадете ја кваката на вратата за
да спречите затварање на деца или
миленици во барабанот.
Фрлете го апаратот во согласност
со условите за фрлање на
Искористена електрична и
електронска опрема (ИЕЕО).
3. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
www.electrolux.com6
3.1 Отпакување и поставување
1.
2
1
2.
1
2
1
2
3. 4.
Ви препорачуваме да ги зачувате и пакувањето и завртките за
транспорт, бидејќи ќе ви требаат во случај да го преместувате
апаратот.
Прилагодете го точно апаратот за да спречете вибрации, бука и движење на
апаратот кога работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте картон, дрво или слични материјали под апаратот
за да го нивелирате.
МАКЕДОНСКИ 7
3.2 Доводно црево
90
O
90
O
3/4”
3/4”
1/2”
3/4”
0.3-10 bar
FI
DK
SE
NO
Додатоците доставени со апаратот
може да се разликуваат во зависност
од моделот.
Проверете дали цревата
се оштетени или дали
има протекување кај
спојките. Не користете
продолжено црево ако
доводното црево е
кратко. Јавете се во
сервисниот центар за
замена на доводното
црево.
3.3 Одвод за вода
min.600 mm
max.1000 mm
Одводното црево треба да биде поставено на висина не помала од 600 mm и не
поголема од 1.000 mm.
Можете да го продолжите одводното цревото за максимум 4.000 mm. Контактирајте со
овластениот сервисен центар за другото одводно црево и за продолжетокот.
www.electrolux.com8
4. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
4.1 Специјални
карактеристики
Вашата нова машина за перење ги
исполнува сите современи барања за
делотворен третман на алиштата со
мала потрошувачка на вода, енергија
и детергент, и со соодветна грижа за
ткаенините.
Благодарение на опцијата
Дополнителна мекост,
омекнувачот за ткаенини
подеднакво се распоредува врз
алиштата и навлегува длабоко во
влакната на ткаенината што
обезбедува идеална мекост.
Пареа за брз и лесен начин на
освежување на алиштата.
Програмите за нежна пареа ги
вадат мирисите и го намалуваат
туткањето на ткаенините.
Пеглањето е многу полесно!
Системот SensiCare автоматски го
прилагодува времетраењето на
програмата за алиштата во
барабанот за да се добијат
совршени резултати при перењето
за најкратко можно време.
4.2 Преглед на апаратот
21
4
5
6
3
1
Контролна плоча
2
Капак
3
Рачка за притискање на рачка
4
Филтер на одводната пумпа
5
Ногарки за ливелирање на
апаратот
6
Плочка со спецификации
МАКЕДОНСКИ 9
5. КОНТРОЛНА ТАБЛА
5.1 Опис на контролна табла
2
3 4 5 6 7
13
12 9
1
81011
1
Бирач на програми
2
Копче на допир за опции за
намалување на центрифугата
3
Температура копче на допир
4
Екрaн
5
Одложување копче на допир
6
Одредување на времето копче на
допир
7
Почеток/Пауза копче на допир
8
Пареа на крај копче на допир
9
Дополнителна мекост копче на
допир
10
Екстра плакнење копче на допир
11
Дамки копче на допир
12
Предперење копче на допир
13
Вклучено/Исклучено копче за
притискање
www.electrolux.com10
5.2 Екрaн
Подрачје за температурата:
Показно светло за температура
Показно светло за студена вода
Показно светло за безбедносна брава за деца.
Показно светло за одложен почеток.
Показно светло за заклучен капак.
Дигиталното показно светло може да прикаже:
Времетраење на програма (на пр. ).
Одложување на програма (на пр. ).
Крај на циклусот ( ).
Код за предупредување (на пр.
)
Показно светло за показател на ниво на линија на
Управител на време.
Показно светло за максимална тежина.
Показно светло за додавање на алишта. Се пали на
почетокот на фазата на Перење, додека корисникот може
се уште да го запре апаратот и да додаде повеќе алишта.
Показно светло за чистење на барабан.
показател Ноќе.
Показно светло за задржано плакнење.
МАКЕДОНСКИ 11
Подрачје за центрифугата:
Показно светло за брзина на центрифугата
Показател за без центрифуга. Фазата на центрифуга е
завршена.
Показно светло за фаза за пареа.
6. БИРАЊЕ И КОПЧИЊА
6.1 Вовед
Опциите/функциите не
може да се избираат со
сите програми за перење.
Проверете ја
компатибилноста меѓу
опциите/функциите и
програмите за перење во
„Табелата со програми“.
Една опција/функција може
да исклучи друга, во овој
случај, апаратот не ви
дозволува да поставите
некомпатибилни опции/
функции.
6.2 Вклучено/Исклучено
Притискањето на ова копче неколку
секунди ви овозможува да го вклучите
или исклучите апаратот. Два различни
звука се огласуваат при вклучување
или исклучување на апаратот.
Додека функцијата Во мирување го
исклучува апаратот за да ја намали
потрошувачката на енергија, во некои
случаи можеби ќе треба повторно да
го вклучите апаратот.
За повеќе детали, погледнете во
ставот Во Мирување во поглавјето
Секојдневна употреба.
6.3 Температура
Кога избирате програма за перење,
апаратот автоматски предлага
стандардна температура.
Допрете го ова копче повеќе пати
додека на екранот не се појави
вредноста на саканата температура.
Кога екранот ќе ги покаже показните
светла , апаратот не ја загрева
водата.
6.4 Центрифуга
Кога ќе поставите програма, апаратот
автоматски ја поставува максималната
дозволена брзина на центрифугата
освен програмата Denim. Со оваа
опција можете да ја намалите
почетната брзина на центрифугата.
Притиснете го ова копче повеќе пати:
За да ја намалите брзината на
центрифугата. За екранот да ја
прикаже само брзината на
центрифугата достапна за
поставената програма.
Дополнителни опции за
центрифугаБез центрифуга .
Поставете ја оваа опција за да ги
откажете сите фази на
центрифугирање. Апаратот ја
пушта само фазата на цедење на
одбраната програма за миење.
Поставете ја оваа опција само за
многу чувствителни ткаенини.
Фазата на плакнење користи повеќе
вода кај некои програми на перење
Вклучете ја опцијата Задржано
плакнење
.
Крајната центрифуга е откажана.
Водата од последното плакнење не
се цеди за да се спречи туткање на
ткаенините. Програмата за перење
запира со вода во барабанот.
На екранот се прикажува
показателот . Капакот останува
заклучен и барабанот постојано
врти за да го намали туткањето.
Морате да ја исцедите водата за да
го отклучите капакот.
www.electrolux.com12
Ако сте го допреле копчето
Почеток/Пауза , апаратот ја
пушта фазата на центрифуга и ја
цеди водата.
Апаратот ја празни
водата автоматски по
околу 18 часа.
Вклучете ја опцијата Ноќе .
Центрифугите меѓу фази и
завршните центрифуги се откажани
и програмата завршува со вода во
барабанот. Ова помага да се
намали туткањето.
На екранот се прикажува показното
светло . Капакот останува
заклучен. Барабанот постојано врти
за да го намали туткањето. Морате
да ја исцедите водата за да го
отклучите капакот.
Бидејќи програмата е многу тивка,
погодна е за употреба навечер кога
има евтина тарифа на
електричната струја. Кај некои
програми плакнењата се вршат со
повеќе вода.
Ако го допрете копчето Почеток/
Пауза
, апаратот ја пушта само
фазата на цедење.
Апаратот ја празни
водата автоматски по
околу 18 часа.
6.5 Предперење
Со оваа опција можете да додадете
фаза на предперење кон програмата
за перење.
Соодветното показно светло над
копчето со допир светка.
Оваа функција користете ја за да
додадете фаза на претперење на
30 °C пред фазата на перење.
Оваа опција се препорачува за
многу извалкани алишта, особено
ако содржат песок, прашина, кал и
други тврди честички.
Овие опции може да го
зголемат времетраењето
на програмата.
6.6 Дамки
Допрете го ова копче за да додадете
фаза за отстранување дамки на
програмата.
Соодветното показно светло над
копчето со допир светка.
Користете ја оваа функција за алишта
со тврдокорни дамки.
Кога ќе ја поставите оваа функција,
ставете средство за отстранување
дамки во фиоката
.
Оваа опција го продолжува
траењето на програмата.
Оваа опција не е достапна
за температура пониска од
40 °C.
6.7 Постојана Екстра
плакнење
Оваа опција додава неколку фази
според одбраната програма за миење.
Користете ја оваа опција кај луѓе
алергични на остатоци од детергент и
со чувствителна кожа.
Оваа опција го продолжува
траењето на програмата.
Соодветниот показател над копчето за
допир светнува и исто останува
постојано да свети за време на
следните циклуси се додека оваа
опција не се исклучи.
6.8 Постојана Дополнителна
мекост
Поставете ја опцијата за да
постигнете оптимално
распределување на омекнувачот и
зголемување на мекоста на
ткаенините.
Препорачано кога користите
омекнувач за ткаенини.
Оваа опција го продолжува
траењето на програмата.
Соодветниот показател над копчето за
допир светнува и исто останува
МАКЕДОНСКИ 13
постојано да свети за време на
следните циклуси се додека оваа
опција не се исклучи.
6.9 Пареа на крај
Допрете го ова копче за подесување
на нивото на пареа. Ова е можно само
со програмите каде е достапна
функцијата за пареа. Времетраењето
на фазата на пареа се менува во
согласност со Вашиот избор.
6.10 Одложување
Со оваа опција можете да го одложите
почетокот на програмата во
посоодветно време.
Допрете го копчето повеќе пати за да
го поставите потребниот одложен
почеток. Времето се зголемува во
чекори од 1 час до 20 часа.
Екранот го покажува соодветниот
показател
и одбраното време на
одложување. По допирањето на
копчето Почеток/Пауза , апаратот
започнува со одбројувањето и вратата
се заклучува.
6.11 Одредување на времето
Со оваа опција може да го намалите
траењето на програмата во зависност
од големината на алиштата и степенот
на извалканост.
При поставување програма за перење,
на екранот се прикажува стандардното
времетраење и трепка.
Допрете го копчето Одредување на
времето за да го намалите
траењето на програмата според
вашите потреби. Екранот го покажува
времетраењето на новата програма и
бројот на цртички ќе се намали
соодветно:
погодно за цело полнење на
нормално валкани алишта.
брз циклус за цело полнење со
малку валкани алишта.
многу брз циклус за мало
полнење со малку валкани алишта (се
препорачува максимално полнење).
најкраткиот циклус за
освежување на мало полнење со
алишта.
Одредување на времето е достапен
само со програмите дадени во
табелата.
показно
светло
Cottons
Cottons Eco
Synthetics
1)
1)
Стандардно траење за сите програми.
Одредување на времето со
програми на пареа
Кога поставувате програма на пареа,
копчето Ви овозможува да одберете
три нивоа на пареа и траењето на
програмата соодветно се намалува:
: максимална.
: средна.
: минимална.
Кај некои апарати
траењето на програмата е
намалено без покажување
на цртички.
6.12 Почеток/Пауза
Допрете го копчето Почеток/Пауза
за вклучување, паузирање на
апаратот или прекинување на
програмата во тек.
www.electrolux.com14
7. PROGRAMMES (ПРОГРАМИ)
7.1 Графикон со програми
Програма
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
га
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Програми за миење
Cottons
40 °C
90 °C -
Студено
1300 rpm
(1300- 400
rpm)
7 kg Бели памучни алишта и обоени памучни
алишта. Нормална, голема или мала
извалканост.
Cottons Eco
1)
40 °C
60 °C - 40 °C
1300 rpm
(1300- 400
rpm)
7 kg Бели памучни алишта и алишта од
трајно обоен памук. Нормално извалкани.
Потрошувачката на енергија се намалува,
а времето на програмата за перење се
продолжува, давајќи добри резултати при
перењето.
Synthetics
40 °C
60 °C -
Студено
1200 rpm
(1200 -
400 rpm)
3 kg Синтетички алишта или алишта од
мешани ткаенини. Нормално извалкани.
Delicates
30 °C
40 °C -
Студено
1200 rpm
(1200- 400
rpm)
2 kg Чувствителните ткаенини како на
пример акрил, вискоза и мешаните
ткаенини имаат потреба од нежно
перење. Нормално извалкани.
Програми со пареа
МАКЕДОНСКИ 15
Програма
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
га
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Steam
-
1 kg Програма со пареа за памучни и
синтетички алишта.Пареата може да се
користи за суви
2)
, испрани алишта или
носени еднаш. Оваа програма ги намалува
наборите и миризбите
3)
и ги намалува
браздите. Штом ќе заврши програмата,
веднаш извадете ги алиштата од
барабанот. По програмата со пареа,
пеглањето е многу полесно. Не користете
никаков детергент. Ако е потребно,
отстранете ги дамките со перење или со
локална примена на средство за
отстранување дамки. Програмите со пареа
не содржат циклус за дезинфекција. Не
поставувајте ја програмата со пареа за
следните видови алишта:
Алишта што не се погодни за сушење во
машина.
Сите алишта со пластични, метални,
дрвени и други слични делови.
Cashmere
-
1 kg Волна и кашмир. Кратка програма за
освежување без перење на максимален
број 1 kg на алишта од кашмир и волна за
рачно и машинско перење. Кога
освежувате помала количина на алишта,
траењето на програмата може да да се
намали со помош на опцијата Одредување
на времето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ја користете оваа програма
за волнени алишта со етикета
на која е означено само за
хемиско чистење.
Специјални програми
Spin/Drain
1300 rpm
(1300 -
400 rpm)
7 kg За центрифугирање на алиштата и за
цедење на водата во барабанот. Сите
ткаенини, освен волнени и многу
чувствителни ткаенини.
www.electrolux.com16
Програма
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
га
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Rinse
1300 rpm
(1300- 400
rpm)
7 kg Сите ткаенини, освен волнени и многу
чувствителни ткаенини. Програма за
плакнење и центрифуга на алиштата.
Фабричката брзина на центрифугата е
онаа што се користи за програми за
памучни алишта. Намалете ја брзината на
центрифугата во зависност од видот на
алишта. Ако е потребно, поставете ја
опцијата Екстра плакнење за да додадете
плакнење. Апаратот изведува нежни
плакнења со мала брзина на центрифугата
и кратко центрифугирање.
Додатни програми за перење
Baby
40 °C
40 °C -
Студено
1200 rpm
(1200 -
400)
2 kg Посебен циклус погоден за бебешки
алишта. Високото ниво на вода и нежното
движење за време на фазата на перење ја
заштитува бојата и влакната.
Rapid 14min
30 °C
800 rpm
(800- 400
rpm)
1,5 kg Алишта од синтетички или мешани
ткаенини. Малку извалкани алишта и
алишта за освежување.
Anti-allergy
60 °C
1300 rpm
(1300 -
400)
7 kg Бели памучни алишта. Оваа програма ги
отстранува микроорганизмите
благодарение на фазата на перење со
температура што се одржува над 60°C
неколку минути. Ова помага да се
отстраната микроорганизмите, бактериите
и честичките. Додатокот пареа заедно со
додатната фаза на плакнење овозможува
правилно вадење на остатоците детергент
и предмети со полен/алергенси со што е
погодна за нежна и чувствителна кожа.
МАКЕДОНСКИ 17
Програма
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
га
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Outdoor
30 °C
40 °C -
Студено
1200 rpm
(1200- 400
rpm)
2 kg
4)
1 kg
5)
Не користете омекнувач и
погрижете се да нема остатоци
од омекнувачот во дозерот за
детергент.
Синтетички спортски алишта. Оваа
програма е наменета за нежно перење на
модерна спортска облека, како на пример
алишта за вежбање, возење велосипед
или џогирање и слична облека за
надворешна употреба. Препорачаното
полнење е 2 kg.
Водоотпорни, водотпорни ткаенини што
овозможуваат вентилација и ткаенини
кои одбиваат вода. Оваа програма исто
така може да се користи за цисклусот за
нега на водоотпорни алишта, специјално
направен за облога која одбива вода. За да
го изведете циклусот за нега на
водоотпорни алишта, постапете на
следниот начин:
Ставете го детергентот за перење во
преградата .
Во преградата за омекнувач во фиоката
ставете специјална вода за нега на
водоотпорни алишта
.
Намалете го полнењето со алишта на 1
kg.
За подобрување на работата
на средството за нега на
водоотпорни алишта, исушете
ги алиштата во машина за
сушење на алишта со
поставката на програмата за
сушење Outdoor (ако е
достапна и ако на етикетата за
грижа за алиштата се
дозволува сушење во машина
за сушење на алишта).
www.electrolux.com18
Програма
Стандарднa
температурa
Опсег на
температура
та
Референт
на брзина
на
центрифу
га
Опсег на
брзината
на
центрифу
гата
Макси
мално
полне
ње
Опис на програма
(Вид полнење и ниво на валканост)
Denim
30 °C
40 °C -
Студено
800 rpm
(1200 -
400 rpm)
2 kg Специјална програма за алишта од Џинс
со фаза на перење за чувствителни за
минимално губење на бојата и дамки. За
подобра нега се препорачува полнењето
да биде намалено.
Wool/Silk
40 °C
40 °C -
Студено
1200 rpm
(1200 -
400 rpm)
1,5 kg Волна што се пере во машина, волна
што се пере рачно и нежни ткаенини со
симбол за грижа за «рачно перење».
6)
1)
Стандардни програми за вредности на потрошувачка со Енергетската етикета.
Во согласност со регулативата 1061/2010, овие програми се соодветни на
«Стандардната програма за памучни алишта на 60°C» и «Стандардната програма за
памучни алишта на 40°C». Тие се најефикасните програми во однос на комбинацијата
на енергија и потрошувачка на вода за перење на нормално валкани памучни алишта.
Температурата на водата во фазата на перење може да биде различна
од декларираната температура за поставената програма.
2)
Ако поставите програма со пареа со исушени алишта, на крајот на циклусот
алиштата ќе бидат влажни. Оставете ги алиштата 10 минути за да се исушат.
3)
Програмата со пареа ни ги отстранува особено интензивните миризби.
4)
Програма за перење.
5)
Програма за перење и фаза за водоотпорност.
6)
За време на овој циклус, барабанот бавно ротира за да се обезбеди нежно перење.
Може да изгледа дека не ротира воопшто или неправилно ротира, но тоа е нормално
за оваа програма.
МАКЕДОНСКИ 19
Компатибилност на опции со програми
Прогрaмa
Spin
Предперење
1)
Дамки
2)
Екстра плакнење
Дополнителна мекост
Пареа на крај
2)
Одложување
Одредување на времето
Cottons
Cottons Eco
Synthetics
Delicates
Steam
Cashmere
Spin/Drain
3)
Rinse
Baby
Rapid 14min
Anti-allergy
Outdoor
Denim
Wool/Silk
1)
Предперење и Дамки не може да се изберат заедно.
2)
Оваа опција не е достапна за температура под 40 °C.
3)
Ако исто така ја поставите опцијата Без Центрифуга, апаратот само ќе цеди.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80

Electrolux EW7T3372 Manual de utilizare

Tip
Manual de utilizare