ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
• Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
• Не оставајте ги садовите за
готвење да вријат на суво.
• Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
• Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да
предизвикаат гребнатини на
стаклото / стакло-керамиката. Овие
предмети секогаш кревајте ги кога
треба да ги преместувате на
површината за готвење.
• Користете само стабилни садови за
готвење со правилен облик и
дијаметар не поголем од
димензиите на пламениците.
• Осигурете се дека садот за готвење
е централно позициониран на
пламениците.
• Потрудете се пламенот да не се
изгасне кога брзо ќе го свртите
копчето од максималната во
минималната положба.
• Користете го само дополнителниот
прибор испорачан заедно со
апаратот.
• Не монтирајте дифузер за пламен
на пламениците.
• Употребата на апарат за готвење
на гас произведува топлина и
влага. Обезбедете добра
вентилација во собата каде е
монтиран апаратот.
• Продолженото интензивно
користење на апаратот може да
бара дополнителна вентилација, на
пример, отворање прозорец или
поефикасна вентилација, односно
зголемување на јачината на
механичката вентилација, онаму
каде што ја има.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
• Не дозволувајте кисели течности,
како што е оцетот, лимоновиот сок
или средствата за отстранување
бигор да допрат до плочата за
готвење. Тоа може да ја оштети
глазурата и сјајот.
2.5 Нега и чистење
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред да го чистите.
• Исклучете го апаратот на
напојувањето со струја пред
оддржувањето.
• Не користете воден спреј и пареа
за чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
• Немојте да ги чистите пламениците
во машината за миење садови.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Контактирајте со општинската
власт за да добиете информации
за правилно расходување на
апаратот.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
• Отворете ги надворешните цевки
за гас.
2.7 Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
МАКЕДОНСКИ 7