Electrolux EDH3498RL3 Manual de utilizare

Categorie
Uscătoare electrice de rufe
Tip
Manual de utilizare
EDH3498RL3 MАШИНА ЗА СУШЕЊЕ
USCĂTOR DE RUFE
МАШИНА ЗА СУШЕЊЕ РУБЉА
MK
RO
SR
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
M
ANUAL DE UTILIZARE 23
УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 43
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ.....................................................................
3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 5
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 7
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА.........................................................................................8
5. ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ.................................................................................. 9
6. ОПЦИИ.............................................................................................................11
7. ПОСТАВКИ...................................................................................................... 13
8. ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА.................................................................................15
9. ДНЕВНА УПОТРЕБА.......................................................................................15
10. ПОМОШ И СОВЕТИ......................................................................................16
11. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................17
12. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ.............................................................................20
13. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ...............................................................................21
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што го избравте овој апарат на Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добредојдовте во
Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com
го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца,
ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Ако машината за сушење е ставена врз машината
за перење, користете го приборот за местење.
МАКЕДОНСКИ 3
Комплетот за местење, достапен кај вашиот
овластен продавач, може да се користи само со
уредот наведен во упатството испорачано со
приборот. Прочитајте го внимателно пред
монтажата (погледнете во летокот за монтажа).
Не го монтирајте уредот зад заклучена врата,
лизгачка врата или врата со шарки на спротивната
страна, каде вратата на уредот не може потполно
да се отвори.
Отворите за вентилација во базата (ако ги има) не
смеат да бидат попречени од килим.
Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на
крајот од монтажата. Проверете дали приклучокот
за струја е пристапен по монтирањето.
Уверете се дека имате добро проветрување во
собата каде што е машината за да избегнете
враќање на гасовите од други апарати што горат
различно гориво, вклучувајќи и отворен оган.
Издувниот воздух не смее да биде испуштен во
оџак кој се користи за издувните гасови кои
доаѓаат од запаливиот гас или од други горива.
(ако постои во опремата)
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот, негов
овластен Сервис или слично квалификувани лица
за да се избегне опасност.
Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 9kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
Не го користете апаратот ако за чистење со
користени индустриски хемикалии.
Исчистете ги сите влакненца кои се насобрале
околу апаратот.
Не користете го апаратот без филтер. Исчистете
го филтерот со влакненца пред или после секоја
употреба.
www.electrolux.com4
Не сушете неиспрани предмети во машината за
сушење.
Предметите извалкани со материи како што се
масло за готвење, ацетон, нафта, керозин,
средства за чистење дамки, терпентин, восоци и
средства за отстранување восок треба да се
измијат во топла вода со повеќе детергент пред да
се сушат во машината за сушење.
Предмети од гумена пена (пена од латекс), капи за
туширање, водоотпорни ткаенини, предмети со
гумена подлога и облека или перници со подлошки
од гумена пена не смеат да се сушат во машината
за сушење.
Омекнувачите за ткаенини или сличните
производи треба да се користат како што е
определено во упатството на омекнувачот.
Извадете ги сите предмети од џебовите како
запалки и ќибрит.
Не прекинувајте ја машината за сушење алишта
пред крајот на циклусот за сушење освен ако сите
предмети не се отстранат брзо и распостелат за
да се испушти топлината.
Последниот дел од циклусот на машината за
сушење е без топлина (циклус за ладење) како
гаранција дека предметите ќе бидат на
температура што нема да ги оштети.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
исклучете го кабелот од штекерот за струја.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Не монтирајте го и не
употребувајте го апаратот онаму
каде што температурата е под 5°
C
или повисока од 35°C.
Проверете дали подот на кој го
монтирате апаратот е рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
МАКЕДОНСКИ 5
Секогаш преместувајте го апаратот
вертикално.
Задната површина на апаратот
мора да се постави кон ѕидот.
Кога апаратот е поставен во
неговата постојана позиција,
проверете дали е целосно
порамнет со помош на либела. Ако
не е, приспособете ги ногалките
додека не се порамни.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
Само за Обединетото Кралство и
Ирска. Апаратот има приклучок за
струја со јачина на струја од 13
ампери. Ако е потребно да го
смените осигурувачот во
приклучокот за струја, користете
осигурувач од 13 ампери ASTA (BS
1362).
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Употребете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или оштетување
на апаратот.
Користете го апаратот само во
домашни услови.
Не сушете ги оштетените алишта
кои содржат постава или полнење.
Сушете само ткаенини што можат
да се сушат во машина за сушење.
Следете ги упатствата на етикетата
на секое парче од облеката.
Ако сте ги испрале вашите алишта
со отстранувач за дамки,
стартувајте дополнителен циклус
на плакнење пред да ја пуштите
машината за сушење.
Немојте да пиете или да
подготвувате храна со
кондензирана/дестилирана вода.
Таа може да предизвика
здравствени проблеми кај луѓето и
животните.
Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
Не сушете неисцедени влажни
алишта во машината за сушење.
2.4 Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда.
Видливо LED зрачење, не гледајте
директно во зракот.
Видот на светилката или на
халогената лампа која се користи
за овој апарат е само за употреба
во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
За да го замените внатрешното
светло, контактирајте со
Сервисниот центар.
2.5 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
Не користете воден спреј и пареа
за чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
www.electrolux.com6
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
2.7 Компресор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на
апаратот.
Компресорот и неговиот систем во
машината за сушење е полн со
специјален агенс кој не содржи
флуоро-хлоро-јаглеводороди. Овој
систем мора да остане прицврстен.
Оштетувањето на системот може
да доведе до протекување.
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
1 2
7
4
3
5
6
9
10
11
12
8
1
Сад за вода
2
Контролна табла
3
Внатрешна светилка
4
Врата на апаратот
5
Основен филтер
6
Копче за отворање на вратата на
разменувачот на топлина
7
Отвори за проток на воздух
8
Ногалки за нивелирање
9
Врата на разменувачот на топлина
10
Капак на разменувачот на топлина
11
Копче за заклучување на капакот
на разменувачот за топлина
12
Плочка со спецификации
Корисникот може да ја
монтира вратата за
полнење во обратна насока.
Тоа може да помогне
полесно да се ставаат и
вадат алиштата или ако
постои некакво
ограничување во однос на
монтирањето на апаратот
(видете во засебниот леток).
МАКЕДОНСКИ 7
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
4321
910111213
5
8
7
6
1
Копче за програми
2
Сувост допирна површина
3
Обратна насока Плус допирна
површина
4
Екран
5
допирна површина Bреме
6
допирна површина
Одложување
7
допирна површина
Сигнализатор
8
допирна површина Против
туткање
9
допирна површина Старт/
Пауза
10
Допирна површина за
зголемување на времето на
сушење на закачалка
11
Допирна површина за
намалување на времето на
сушење на закачалка
12
допирна површина MyFavourite+
13
Копче за вклучување/исклучување
Допирните површини
допирајте ги со вашиот прст
во областа со симболот и
името на опцијата. Не
носете ракавици кога
работите со контролната
табла. Проверете дали
контролната табла е чиста и
сува.
4.1 Показни светла
Показни светла Опис
Фаза на сушење
Фаза на ладење
Фаза против туткање
Кондензатор
www.electrolux.com8
Показни светла Опис
Сад за вода
Филтер
Одложен почеток
Блокада за деца
Звучни сигнали
Обратна насока Плус.
Екстра тивко
Ниво на сушење
Линија за текст
Времетраење на програмата
-
Времетраење на сушењето
-
Времетраење на одложениот почеток
5. ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ
Програми Вид на полнење
Полнење (макс.)
1) /Ознака на
ткаенината
Памук
Ниво на сушење: Екстра суви,
Целосно суви, Суви за во
плакар2)3), Суви за пеглање3)
9kg/
Синтетика
Ниво на сушење: Екстра суви,
Суви за во плакар3), Суви за
пеглање3)
3,5kg/
Спортски
Спортска облека, тенки и лесни
ткаенини, микровлакна, полиестер, кои
не се пеглаат.
2kg/
Јоргани
За сушење на еден или два јоргани и
перници (наполнети со пердуви или
синтетика).
3kg/
МАКЕДОНСКИ 9
Програми Вид на полнење
Полнење (макс.)
1) /Ознака на
ткаенината
Сушете на
закачалка4)
За сушење на патики само со Сушење
на Закачалка (види во посебното
упатство кое е обезбедено за Сушење
на Закачалка).
1kg (или 1 пар
патики)
Волна5)
Волнени ткаенини. Нежно сушење на
волнени ткаенини што се перат.
Веднаш извадете ги алиштата по
завршување на програмата.
1kg
Брзо
За сушење на памучни и синтетички
ткаенини, користете ниска
температура.
2kg/
Други 6)
Памук екстра тивко
Нежно ги суши памучните алишта со
минимална бука. Програмата може да
се користи ноќе.
Ниво на сушење:
Екстра суви,
Целосно суви,
Суви за во плакар
9kg/
Џинс
За сушење неформална облека како
фармерки, маици од материјали со
различна дебелина (на пр. на вратот,
манжетните и шавовите).
9kg/
Чувствителни Чувствителни ткаенини.
2kg/
Лесно пеглање
Ткаенини кои лесно се одржуваат и за
кои е потребно минимално пеглање.
Резултатите од сушењето може да се
разликуваат во зависност од
ткаенината. Протресете ги алиштата
пред да ги ставите во апаратот. Кога
ќе заврши програмата, веднаш
извадете ги алиштата и ставете ги на
сушалка.
1kg (или 5
кошули)/
Време на сушење
Со оваа програма можете да ја
користите опцијата Bреме и да го
поставите времетраењето на
програмата.
9kg/
www.electrolux.com10
Програми Вид на полнење
Полнење (макс.)
1) /Ознака на
ткаенината
Освежување
Освежување на ткаенини кои биле
складирани.
1kg
1)
Максималната тежина се однесува на суви алишта.
2)
Програмата
Памук Суви за во плакар е „Стандардна програма за памук“ и е
соодветна за сушење на нормално влажни памучни алишта и е најефикасна програма
во смисла на потрошувачка на енергија за сушење на влажни памучни алишта.
3)
Само за институти за тестирање: Стандардните програми за тестирање се
наведени во документот EN 61121.
4)
Само со Сушење на закачалка (стандардни или изборни додатоци, во зависност од
моделот).
5)
Циклусот за сушење волна кај оваа машина за сушење е тестиран и одобрен од
компанијата
The Woolmark Company. Циклусот е погоден за сушење на волнени
алишта означени за „рачно перење“ под услов материјалите да се испрани со циклус
за рачно перење одобрен од Woolmark и сушени според упатствата дадени од
производителот. M1129.
6)
Притиснете на допирната површина
Други повеќе пати додека не се појави
потребната програма на екранот
6. ОПЦИИ
6.1 Bреме
Оваа опција е применлива само кај
програмата
Време на сушење. Можете
да го поставите траењето на
програмата, од минимум 10 минути до
максимум 2 часа. Поставувањето на
траењето е поврзано со количината на
алишта во апаратот.
Ви препорачуваме да
поставите кратко траење за
мали количини на алишта
или само за едно парче
облека.
6.2 Против туткање
Ја продолжува стандардната фаза
против туткање (30 минути) за 60
минути на крајот од циклусот на
сушење. Оваа фукнција го спречува
туткањето на алиштата. Алиштата
може да се извадат во текот на
фазата за заштита од туткање.
6.3 Сувост
Оваа фукнција помага алиштата да се
исушат подобро. Постојат 4 можни
избори:
Екстра суви
Целосно суви (само за памук)
Суви за во плакар
Суви за пеглање
6.4 Обратна насока Плус
За полесно сушење на чувствителни
ткаенини и чувствителни ткаенини на
температура (на пр. акрил, вискоза).
Оваа функција исто така помага да се
намали туткањето на алиштата. За
ткаенини со симбол
на етикетата
на ткаенината.
6.5 Време на сушење на
закачалка
Оваа опција може да се применува
само кај програмата
Drying Rack
(Сушење на закачалка). Можете да го
МАКЕДОНСКИ 11
поставите траењето на програмата, од
минимум 30 минути до максимум 4
часа. Поставувањето на траењето е
поврзано со количината на алишта во
апаратот.
Ви препорачуваме да поставите
кратко траење за мали количини на
алишта или само за едно парче
облека.
6.6 Сигнализатор
сигнализаторот можете да го
слушнете:
на крајот на циклусот
на почетокот и крајот на фазата
против туткање
на прекинот на циклусот
Стандардно, функцијата на
сигнализаторот е секогаш вклучена.
Оваа функција може да ја искористите
за вклучување ии исклучување на
звукот.
Опцијата Сигнализатор
можете да ја вклучите со
сите програми.
6.7 MyFavourite+
Кога прв пат ќе го вклучите апаратот,
ако притиснете
MyFavourite+, на
екранот се покажува дека меморијата
е празна. Апаратот може автоматски
да ги меморизира најчесто
користените програми после неколку
употреби.
Со оваа допирна површина можете да
ја поставите една од 3-те најчесто
користени програми за сушење.
Притиснете на MyFavourite+ еднаш
за да ја поставите My Favourite 1
(Моја Омилена 1)
Притиснете на MyFavourite+
двапати за да ја поставите My
Favourite 2 (Моја Омилена 2)
Притиснете на MyFavourite+
трипати за да ја поставите My
Favourite 3 (Моја Омилена 3)
6.8 Табела со опции
Програми1)
Памук
Синтетика
Спортски
Сушете на
закачалка
Брзо
Јоргани
Волна
Други
Памук екстра тивко
Џинс
Чувствителни
www.electrolux.com12
Програми1)
Лесно пеглање
Време на сушење
Освежување
1)
Заедно со програмата, може да поставите 1 или повеќе опции. За да ги вклучите
или исклучите, притиснете ја соодветната допирна површина.
7. ПОСТАВКИ
A
D
B
C
E
I
J
FGH
A) Bреме допирна површина
B) Одложување
допирна површина
C) Сигнализатор допирна површина
D) Против туткање допирна површина
E) Старт/Пауза
допирна површина
F) Допирна површина за
зголемување на времето на
сушење на закачалка
G) Допирна површина за
намалување на времето на
сушење на закачалка
H) допирна површина MyFavourite+
I) Обратна насока Плус допирна
површина
J) Сувост допирна површина
7.1 Функција за блокада за
деца
Оваа опција ги спречува децата да си
играат со апаратот кога работи некоја
програма. Програматорот и допирните
површини се заклучени.
Отклучено е само копчето за
вклучување/исклучување.
Вклучување на опцијата
блокада за деца:
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
2. Притиснете ги и држете ги
истовремено допирните полиња
(A) и (D). Показното светло за
блокада за деца се пали.
Показното светло за блокада за деца
се пали.
Можно е да ја исклучите
опцијата за блокада за деца
додека работи некоја
програма. Притиснете и
задржете ги истите допирни
површини додека не се
исклучи показателот за
блокада за деца.
7.2 Јазик
За да го смените јазикот:
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
2. Притиснете и задржете ги
копчињата (B) и (C) истовремено
се додека не се појави претходно
избраниот јазик.
3. Притиснете на допирната
површина
или на за да го
поставите вашиот јазик.
4. За да го меморизирате изборот,
притиснете на допирната
површина (E).
МАКЕДОНСКИ 13
7.3 Приспособување на
нивото на преостаната
влажност на алиштата
За да го смените фабричкото ниво на
преостаната влажност на алиштата:
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
2. Притиснете ги и држете ги
истовремено копчињата (A) и (B).
Се пали едно од овие показни светла:
максимално суви
алишта
многу суви алишта
нормално суви алишта
3. Притискајте го копчето (E)
повторно и повторно додека не се
вклучи показното светло за
точното ниво.
4. За да го потврдите
приспособувањето, притиснете и
задржете ги истовремено
отприлика 2 секунди копчињата (A)
и (B).
7.4 Показно светло за садот
за вода
Според фабричките поставки,
показното светло за садот за вода е
вклучено. Тоа се вклучува кога
програмата ќе заврши или кога е
потребно да се испразни садот за
вода.
Доколу е монтиран прибор
за цедење (дополнителен
прибор), апаратот
автоматски ќе ја цеди
водата од садот за вода. Во
оваа состојба, ви
препорачуваме да го
исклучите показното светло
за садот за вода.
Погледнете ги приложените
информации за
дополнителен прибор кој го
имате на располагање.
Исклучување на показното
светло за садот за вода:
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
2. Притиснете ги и држете ги
истовремено допирните полиња (J)
и (I).
На екранот се прикажува една од овие
2 конфигурации:
Показното светло
е
исклучено, а показното светло
е вклучено.
Показното светло за садот за
вода е исклучено. После околу
4 секунди, 2 показни светла се
исклучуваат.
Показните светла
и
се вклучени.
Показното светло за садот за
вода е вклучено. После околу 4
секунди, 2 показни светла се
исклучуваат.
www.electrolux.com14
8. ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
Пред да го користите апаратот по прв
пат, направете една од следните
операции:
Исчистете го барабанот за сушење
со влажна крпа.
Вклучете кратка програма (на пр.
30 минути) со влажни алишта.
На почетокот на циклусот на
сушење (3-5 мин.) може да
се слушне малку посилен
звук. Тоа е како резултат на
стартувањето на
компресорот што е
нормално за апарати кои
работат врз база на
компресор: фрижидери,
замрзнувачи.
8.1 Јазик
Јазикот можете да го
смените кога ќе посакате
(видете во поглавјето
Поставки
).
Кога го вклучувате апаратот по прв
пат, на екранот се појавува
стандардниот јазик. Можете да го
потврдите или да поставите друг јазик.
За поставување на друг јазик:
1. Притиснете на допирната
површина
или на за да го
поставите вашиот јазик.
2. За да го меморизирате изборот,
притиснете на допирната
површина Старт/Пауза.
9. ДНЕВНА УПОТРЕБА
9.1 Вклучување програма без
одложен почеток
1. Подгответе ги алиштата и
наполнете го апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Кога ја затворате
вратата, внимавајте
алиштата да не се
заглавуваат помеѓу
вратата на апаратот и
гумената заптивка.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
3. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
4. Притиснете ја допирната
површина
Старт/Пауза.
Програмата започнува.
9.2 Почнување на програмата
со одложен почеток
1. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
2. Притискајте го копчето за одложен
почеток повторно и повторно
додека на екранот не се прикаже
времето на одложување што
сакате да го поставите.
Можете да го одложите
почетокот на програма
за сушење од минимум
30 минути до максимум
20 часа.
3. Притиснете ја допирната
површина
Старт/Пауза.
Екранот го покажува одбројувањето на
одложениот почеток.
Кога ќе заврши одбројувањето,
започнува програмата.
МАКЕДОНСКИ 15
9.3 Промена на програма
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
исклучите апаратот
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
3. Поставете ја програмата.
9.4 На крај од програмата
Кога програмата е завршена:
Се слуша испрекинат звучен
сигнал.
Се пали показното светло
.
Се пали показното светло Старт/
Пауза.
Апаратот продолжува да работи со
фазата против туткање отприлика 30
минути.
Фазата против туткање ги измазнува
алиштата.
Можете да ги извадите алиштата пред
завршувањето на фазата против
туткање. Ви препорачуваме, за
подобри резултати, да ги извадите
алиштата кога фазата е скоро или
целосно завршена.
Кога фазата против туткање е
завршена:
Се пали показното светло
.
Показното светло Старт/Пауза се
гаси.
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
исклучите апаратот.
2. Отворете ја вратата на апаратот.
3. Извадете ги алиштата.
4. Затворете ја вратата на апаратот.
Чистете го филтерот и
празнете го садот за вода
секогаш по завршувањето
на програмата.
9.5 Функција за Автоматско
исклучување
За да се намали потрошувачката на
енергија, оваа функција автоматски го
исклучува апаратот:
Ако не ја стартувате програмата
после 5 минути.
После 5 минути од крајот на
програмата.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Подготвување на
алиштата
Затворете ги патентите.
Затворете ги прекривките за јорган.
Вратоврските или украсните ленти
( на пр. лентите од престилка)
треба да се врзани. Врзете ги пред
да започнете некоја програма.
Извадете ги сите предмети од
џебовите.
Ако некое парче облека има
внатрешен слој од памук,
превртете го наопаку. Внимавајте
памучниот слој да биде на
надворешната страна.
Ви препорачуваме да ја поставите
точната програма која е
применлива за видот на ткаенини
кои се во апаратот.
Не ставајте ткаенини со јаки бои
заедно со ткаенини со светли бои.
Јаките бои може да се прелеат.
Користете соодветна програма за
памучно жерсе и трикотажа за да
спречите собирање на алиштата.
Уверете се дека тежината на
алиштата не е поголема од
максималната тежина којашто е
наведена во табелата со програми.
Сушете само алишта кои се
погодни за сушење во машина за
сушење на алишта. Видете ја
фабричката етикета на алиштата.
www.electrolux.com16
Фабричка
етикета
Опис
Алишта кои се погодни за сушење во машина за сушење на
алишта.
Алишта кои се погодни за сушење во машина за сушење на
алишта. Поставете ја програмата со стандардна температура.
Алишта кои се погодни за сушење во машина за сушење на
алишта. Поставете ја програмата со ниска температура.
Алишта кои не се погодни за сушење во машина за сушење
на алишта.
11. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
11.1 Чистење на филтерот
1.
2.
1
2
3.
1
2
4.
5. 1)
6.
2
1
1)
ако е потребно, исчистете го филтерот со топла вода користејќи четка и/или
правосмукалка.
МАКЕДОНСКИ 17
11.2 Цедење на садот за вода
1. 2.
3. 4.
Водата од садот со вода
може да ја користите како
алтернатива за дестилирана
вода (на пр. за пеглање на
пареа). Пред да ја користите
водата, исчистете ги
остатоците од нечистотија
со филтер.
11.3 Чистење на кондензаторот
1. 2.
3.
2
1
4.
1
1
2
2
www.electrolux.com18
5. 6.
7. 1)
8.
9.
2
2
11
10.
1)
Ако е потребно, еднаш на секои 6 месеци, извадете ја мовта од преградата за
размена на топлина. Можете да користите правосмукалка.
Зачестеноста на чистење на
филтрите е поврзана со
видот на алишта и нивната
количина. Ако сушите со
максимално наполнет
апарат, чистете ги филтрите
после секој трет циклус на
сушење.
11.4 Чистење на барабанот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Исклучете го апаратот пред
да го чистите.
Користете стандарден неутрален
детергент за чистење на внатрешната
површина на барабанот и на ребрата
на барабанот. Избришете ги
исчистените површини со мека крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не користете абразивни
средства или челична жица
за чистење на барабанот.
11.5 Чистење на контролната
табла и куќиштето
Користете стандарден неутрален
детергент за чистење на контролната
табла и куќиштето.
Користете влажна крпа за чистење.
Избришете ги исчистените површини
со мека крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не користете средства за
чистење мебел или
средства за чистење што
може да предизвикаат
корозија за чистење на
апаратот.
11.6 Чистење на отворите за
воздух
Користете правосмукалка за да ги
извадите влакненцата од отворите за
воздух.
МАКЕДОНСКИ 19
12. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Проблем Можно решение
Не можете да го вклучите апаратот. Проверете дали приклучокот за струја
е вклучен во штекерот.
Проверете ги осигурувачите (во
домашната инсталација).
Програмата не почнува да работи. Притиснете го Старт/Пауза.
Проверете дали вратата на апаратот е
затворена.
Вратата на апаратот не се затвора. Проверете дали филтерот е правилно
монтиран.
Внимавајте алиштата да не се
заглават помеѓу вратата на апаратот и
гумената заптивка.
Апаратот запира за време на
работата.
Проверете дали садот за вода е
празен. Притиснете на Старт/Пауза
за
да започне програмата.
На екранот се прикажува траењето на
долгата програма. 1)
Проверете дали тежината на алиштата
е соодветна со времетраењето на
програмата.
Проверете дали филтерот е чист.
Алиштата се превлажни. Пуштете ги
алиштата уште еднаш на центрифуга.
Проверете дали собната температура
е превисока.
На екранот се прикажува траењето на
кратката програма.
Поставете програма за Време на
сушење или програма за Екстра суви.
На екранот се прикажува Err. Ако сакате да поставите нова
програма, исклучете го и вклучете го
апаратот.
Проверете дали опциите се
применливи за програмата.
На екранот се прикажува (на пр. Е51). Вклучете го и исклучете го апаратот.
Започнете нова програма. Ако
повторно се јави проблемот, јавете се
во сервисот.
1)
После максимум 5 часа, програмата автоматски завршува
Ако резултатите од сушењето се
незадоволителни
Поставената програма е погрешна.
Филтерот е затнат.
Кондензаторот е затнат.
Има премногу алишта во апаратот.
Барабанот е валкан.
Неправилно поставување на
сензорот за спроводливост.
Отворите за воздух се затнати.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64

Electrolux EDH3498RL3 Manual de utilizare

Categorie
Uscătoare electrice de rufe
Tip
Manual de utilizare