Совети:
Користете свежо овошје и зеленчук бидејќи
содржи повеќе сок. Ананас, цвекло, целер,
јаболка, краставици, морков, спанаќ, дињи,
домати, калинка, портокал и грозје посебно
се погодни за обработка со помош на
соковник.
Не мора да ги одстранувате тенките кори
или кожинки. Само дебелата кора, на пр. кај
портокалот, ананасот и невареното цвекло
може да се отстрани.Исто така одстранете
ги и белите делови од цитрусот бидејќи
имаат горчлив вкус.
Кога правите сок од јаболка, имајте на ум
дека густината на сокот зависи од видот на
јаболката која ја користите.
Колку јаболката е посочна, толку сокот ќе
биде поредок. Изберете јаболка која ќе даде
сок по ваш вкус.
Сокот од јаболка многу брзо добива кафена
боја. За да го успорите овој процес
додадете неколку капки лимонов сок.
Овошјето кое содржи скроб, како што се
банани, папаја,авокадо, смокви и манго, не е
погодно за обработка со помош на
соковникот. Користете апарат за обработка
на храна, блендер или цилиндричен
блендер за обработка на ова овошје.
Листовите и дршките од, на пример, зелена
салата можете да ги обработите со помош
на соковникот.
Испијте го сокот одма после цедењето. Ако
сокот некое време биде изложен на воздух
ќе изгуби на вкус и на хранливи вредности.
Придржувајте се до следното: во случај
на обработка на поголема количина
домати растурете го целиот
продолжеток, исчистете го и дури
после тоа продолжете со работа.
Чистење – совети и
предупредувања
− Месото кое е останато во куќиштето на
резачот извадете го така што низ
куќиштето помине парче леб.
− Апаратот секогаш исклучете го при
симнување на додатоците или при
чистење на единицата на моторот.
− Симнете го потискувачот и подлошката.
− Одвртете го прстенот од навојот и симнете
го дискот за мелење, единицата резач и
спиралната водилка.
− Куќиштето на резачот симнете го со
притискање на копчето за отварање и
свртете го куќиштето на резачот на десна
страна.
− Единицата резач и дисковите за мелење
треба да се премачкаат со тенок слој маст
или масло за да не’рѓосаат.
− Металните делови не ги мијте во машина
за миење садови бидејќи овие делови
може да потемнат или оксидираат од
детергентот за машинско перење.
Опазване на околната среда
След края на срока на експлоатация на
уреда не го изхвърляйте заедно с
нормалните битови отпадъци, а го предайте
в официален пункт за събиране, където да
бъде рециклиран. По този начин вие
помагате за опазването на околната среда.
Гаранција и сервис
За информации или во случај на проблеми
посетите ја односно обратите се до
центарот на Gorenje за помош на
корисниците во вашата држава (телефонски
број ќе најдете во меѓународниот гарантен
лист). Ако во вашата држава нема таков
центар, обратите се до локалниот продавач
на Gorenje или до одделението на Gorenje
за мали апарати за домаќинство.
GORENJE
ВИ ПОСАКУВА ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО
ПРИ УПОТРEБАТА НА ВАШИОТ АПАРАТ!
Го задржуваме правото на промени!