2 Македонски
Содржина / Важни безбедносни информации
Содржина
Важни безбедносни информации 2
За ваша безбедност 2
Електрично поврзување 2
Вентилација 3
Предуслови за инсталација 3
Алатка и делови 3
Димензии на производот 4
Инструкции за инсталација 5
Инсталирање на микробрановата печка 5
Важни безбедносни информации
За ваша безбедност
• Овој уред е во согласност со прописите на ЕУ.
• Уредот треба да биде поврзан само од страна на квалификувано техничко лице.
• Микробрановата печка е дизајнирана само за домашна употреба.
• Треба да ја користите исклучиво за готвење храна.
• Уредот е загреан за време на готвењето и по готвењето.
• Имајте го ова во предвид доколку во близина на уредот има мали деца.
• Инсталирање во близина на конвенционален шпорет.
– Доколку микробрановата печка се инсталира до конвенционален шпорет, треба да се
остави доволно простор помеѓу нив со цел да се спречи прегревање, бидејќи во нивната
близина може да настанат премногу високи температури. Се разбира, важно е строго да се
придржувате до инструкциите од произведувачот за инсталирање на конвенционалниот
шпорет.
Електрично поврзување
Штекерот во куќата на кој е поврзан уредот треба да биде во согласност со националните и
локалните прописи.
Ако сакате да направите фиксно поврзување, вметнете повеќеполен прекинувач со
минимален простор помеѓу контактите од 3 mm на доводот за напојување.
Install_MQ8000M_MG22M,MS22M_DE68-04449D-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 2 11/22/2017 4:42:15 PM