06
•
Никогаш не отворајте го апаратот
додека работи. Почекајте додека
не запре целосно барабанот.
Во спротивно, може да дојде до
повреда.
•
Не ставајте во апаратот, не перете
и не сушете алишта што биле
исчистени, испрани, потопени
или испрскани со запаливи или
експлозивни супстанции (како на
пример восок, масло, боја, бензин,
одмастувачи, хемикалии за хемиско
чистење, керозин, растително
масло, масло за готвење итн.).
Несоодветната употреба може да
предизвика пожар или експлозија.
•
Во случај на поплава, престанете со
користење на производот и стапете
во контакт со Центарот за сервис
на LG Electronics. Контактот со вода
може да предизвика струен удар.
•
Не притискајте ја силно вратата
надолу, кога е отворена. Така може
да го превртите апаратот, што пак
може да предизвика повреда.
•
Користете ги новите комплети црева
испорачани заедно со апаратот.
Старите комплети црева не смеат
да се користат повторно. Може
да протече вода и да предизвика
оштетување на имотот.
•
Не допирајте ја вратата за време
на циклусите со пареа, сушење или
перење при висока температура.
Површината на вратата може
многу да се вжешти. Оставете прво
вратата да се отклучи пред да ја
отворите. Во спротивно, може да
дојде до повреда.
•
Не користете запалив гас или
експлозивни супстанции (бензен,
нафта, разредувач, петролеј,
алкохол итн.) во близина на
производот. Тоа може да предизвика
експлозија или пожар.
•
Ако одводното или доводното црево
е замрзнато во текот на зимата,
користете го само откако ќе се
одмрзне. Замрзнувањето може да
предизвика пожар или струен удар,
а замрзнатите делови може да
предизвикат дефект кај производот
или намалување на работниот век
на истиот.
•
Чувајте ги настрана од дофат на
деца сите детергенти за перење,
омекнувачи и белила. Овие
производи содржат отровни материи.
•
Не вклучувајте повеќе производи
во еден повеќекратен штекер или
на продолжен кабел. Ова може да
предизвика пожар.
•
Извадете го приклучокот кога го
чистите производот. Ако не го
исклучите приклучокот од штекерот,
постои опасност од струен удар или
повреда.
•
Не допирајте го приклучокот за
струја со влажни раце. Тоа може
да предизвика струен удар или
повреда.
•
Кога го вадите приклучокот од
штекерот, држете го приклучокот,
а не кабелот. Оштетувањето на
кабелот може да предизвика струен
удар или повреда.
•
Не превиткувајте го кабелот за
струја премногу и не ставајте тешки
предмети над него. Оштетувањето
на кабелот може да предизвика
струен удар или пожар.
1.MFL69040469_MAC_150731.indd 6 2015-08-10 �� 1:57:49